Здраво на сите. Пишувам за другарка таа има во последниов месец проблеми со анксиозност и стрес, па би сакала да ми помогнете и да ми кажете ваше мислење во врска со ова за таа побрзо да се справи со нејзиниот проблем. Таа е прва година во средно училиште се запознава со нови работи кој треба да ги научи но има проблем што секогаш пред час има некој вид на напад во кој наеднаш почнува да и студи ,а таа е целата испотена, но сепак ладна (се надевам ќе разберете за што зборувам), чувствува трпки во рацете и има отежнато дишење. Таа е свесна дека тоа и се случува поради преоптеретеност од школото и големиот страв за тоа што оценка ќе добие, каков впечаток ќе остави пред професорите, дали точно ќе одговори за време на испрашување и слично. Е сега нејзе и е страв од тоа бидејќи почна да и се случува многу често и не знае како да го надмине. Help.
Жал ми е што толку мала се соочува со паники ... Овој проблем треба да се решава од почеток како што е девојчето ... да отиде првин на психолог и да разговара за тригерот што ја прави така да се чувствува ... за да не прерасне во друга некоја состојба ...
Земав денес еден хелекс не знам дали беше од него ама подобро се осеќам, едно апче пијам на 7-10дена. Ме опушти, се расположив и автоматски ги немав мислите и поокеј ми беше стварно
Идете кај @ivona.jo на инста. Сите симптоми што ги кажа се пронајдов. Па свака ми част. 1дел https://www.instagram.com/tv/CGxONicntKE/?igshid=qr25pdydbel0 2дел https://www.instagram.com/tv/CGxPJO1n9nE/?igshid=rgwoxwuoralb
Едно питање.... 11 ден сум на зепира од 5мг, дури денес требаше и да почнам со 10мг ама неможем уште пошо имам мн нус ефекти додека ги пијам Не ме фака место од како ке се напијам, дишењето плитко/ недостиг на воздух, панични напади мн јаки, коа станувам не можам да функционирам исто така вртење на свеста и чуство пред онесвестување....ама нон стоп тоа, дали ви се случило тоа на почеоткот на терапијата и дали е нормално според вас ? Се консултирав со психијатерката ми рече дека не е од апчињаваа и толку 1 мин муабет и ме испрати да си одам.... поздрав
Не знам сеуште не сум влегол во некоја посериозна терапија, сега сум на некои апови од природна база кои морам да признаам се гол стап нит помагаат ни бутур.
Да, можно е да си анксиозна, типична за оваа состојба е загриженоста без конкретна причина. Не станува збор за никакво лошо претчуство, едноставно вознемиреност е, јас го опишувам како страв од буквално се'. Но ако некој ме праша од што се плашам, не можам да дадам еднозначен одговор.
Мене ми е тешко, после операција се ќе падни на мене и мама. Тато ќе лежи и треба да се крева. Да се носи до вц, дс се седни..... Нз веќе.....
Да, како маѓепсан круг е. Стравот предизвикува физички симптоми, тие предизвикуваат уште повеќе страв и вознемиреност. Ако не се оттргнат мислите на време, се случува паничен напад.
И мене истото ми се случува, но во моментот си зборам сама со себе и ќе се убедам дека не е реално тоа чувство, па ми поминува.
Тоа чувство дека нозе не ме држат, дека ќе паднам ми беа секое утро на старата работа, еднаш не паднав, сега не е толку често. Ете се тргнав од таа работа најдов друга работите се смирија но не се решија и не престанаа наеднаш, доаѓа понекогаш ама ако може ич нека не доаѓа. Си бара време, работа и занимација. Не може додека си зафатен никакви симптоми, болки да се немало, а имам повеќе слободно време одма вртат мислите. Сега ситуацијава многу ме потресува корона, плус и променава на времево. Се надевам ќе помине.
Секогаш кога ќе почнувам со терапија, сите симптоми ми се интензивирани. За секој случај, консултирај се со доктор.
Тешко е ама тоа е животот. Се надевам операцијата поминала добро, гледај на таа страна. Плус бидете благодарни и среќни што си имате семејство. Не знам ова што го кажуваш може да ти прави анксиозност да ама ниту еден дел не е поврзан со прашање, совет. Ти доаѓаш кажуваш декс ти е тешко(во ред е и тоа, може форумов ти е место за искажување) НО мора да знаеш дека секој проблем колку подолго го мислиш, толку подолго трае. Колку го збориш толку повеќе емоции. Треба да кажеш ова и ова ми се случува, се чувствувам вака и вака ќе правам вака и вака или да прашаш за совет, било што. Вака нема напредок ако само кажуваш. Не пречиш ама мораш да сфатиш, животот носи промени, нови ситуации, проблеми, болести и тоа е тоа мораш да се трудиш да си присебна и да средуваш колку можеш и да си го правиш убав или бар добар