Најубаво знам што сакам да каже. Ама, она МОРА да е прво сама со себе задоволна. Да каже доста на сите околу неа и да сфати дека нејзиниот живот е пред сите, и на сестра и на мајка и на татко. Не може да бидр жртвено јагне за други да живеат раат.
Чим ти велеа да се вработиш, значи не мораше ти да останиш со него дома. Воопшто не е едноставно сама да се грижиш за татко ти. Ти требаше време мислите да ги средиш, ама вака неможеш. Работата многу ке ти смени, во врска со се пак ке кажам. Ке го смениш и фокусот на нештата. А вака седејки и плачејки секој ден нема да најдиш дечко, туку треба да се исправиш на нозе и да најдиш работа, било што и фокусирај се на неа, па ке видиш како само по себе се ке си дојде.
Ај да се смениме Живеев 10г сама Скопје, преубаво ми беше. Работа, дружење, шетање тоа ти треба сега. Луѓето едвај чекаат да се одделат да си живеат свој живот, ти при таква прилика се приврзуваш за твоите. Како сакаш свати ме, ама јас мислам дека никој лошо не ти мисли од твоите дома шо те тераат да се вработиш, па и имаш прилика да бираш Битола или Скопје... Ехх девојче кирија плаќав тие 10год, денар за мене не ми остануваше, за тоа работев ама не жалам. А ти имаш одлични услови, и само бараш изговори. Не коментирам веќе, почнав да се нервирам.
Здраво, дали може некој да ми сподели искуство како одел кај него процесот на одвикнување од дијазепам? Поради голема анксиозност и панични напади додека бев позитивна на COVID ми препорача психијатар да пијам по 2 пати на ден - сабајле и навечер по 2 мг. Ги пиев на овој начин 3 недели и ми помогнаа малку да се смирам бидејќи имав тресење, вознемиреност, паника и страв. Сега се чувствувам подобро, ми заврши изолацијата и последниве 4 дена не пиев навечер затоа што некако поубаво спиев без него и мислам дека не чувствувам некои негативни ефекти во смисла на враќање на симптомите... и пијам само наутро по 2 мг. Ве молам споделете ми ваши искуства, секако ќе се консултирам со психијатарот, но би сакала да прочитам ваши искуства и што може да очекувам...
3 недели се мал период да би чувствувала зависност. Во принцип седативите се препишуваат за редовна употреба само еден месец. Секогаш сум земала кога почнувам со ад, после 1 месец максимум, престанувам, без никакви проблеми. Е сега проблемот е, ако ги оставиш скроз, дали ќе ти се јават пак симптомите на анксиозност. Подобро може да кажеш дека се чувствуваш, ако ги прекинеш и тогаш можеш да добиеш јасна слика, дали ти требаат или не. Нормално, ќе го известиш психијатарот и ќе се раководиш според неговата терапија.
Луѓето ќе зборуваат во секој случај. Зошто тогаш да не ги правите нештата што ги сакате? Освен тоа, најголем дел од луѓето се и онака преокупирани со сопствените проблеми. Од голем товар ќе се ослободите кога ќе решите да игнорирате туѓи (несакани) мислења, коментари, погледи...
Лошо денес,нервозно слабост во желудников гадење,болка во грбов и главава дали дека добив незнам,ама ужасно се чуствувам,се напив диезепам,неуробион,магнезиум ама не ми делува ништо а трета смена треба да одам
@tasikike така пред ден-два, ништо не ми помогна освен што дремнав малку и тоа после многу часа (но не можев да заспијам од премореност..).
Дали ви се случило од зголемување на дозата да чувствсте возбуда? Сега нешто хилихоптер помина и ја прсшивсм мајка ми дал слуша некое бричење. Ми рече не. И сега страв ми е дека халуцинирам. А нема врска, еве рече дека слушала таа. ПМС мн ме дрма јако.
Јас ги пиев околу 6месеци, одамна беше пред 4 год не памтам како беа дозите ама немав после тоа никаков проблем да ги оставам, сама си реков кога беше доста Нема ова никаква врска со дозата. Ти се проверуваш дали полудуваш уствари. Сум правела вакви работи, ништо страшно, еќ ти пројде и до утре ќе ја заборавиш мислата ама стравот си го трупаш . Прекини одма!
Дали од елицеата имате променливо расположение, скоро почнав да ја пијам, некогаш сум кул не се замарам со ништо некогаш нападите на паника ме убиваат...
Помагајте, нешто згрешив, и татко ми ми се изразвика дека сум ненормална, безкурпулозна, идиот, можело да идам на суд. Боже, не можам повеќе. Се тресам цела, се гушам, ме боли глата назад, мислам ќе умрам. Ко ми удри едно ѕверње, викање, плачам ко мало дете. Неспособна, никаква што не ми изнарече. плус,. Цела сум истресена, веќе не знам која сум. Ми рече в болница ќе ме прати
Па договор потпишав еден за мобилен телефон,на мое име зс него. И не го сакаше. Сестра ми има бебе, ретко иди.
И уште се потресуваш за тој човек? Не операција, 3 операции нека има, ич не го гледам. Таа зела ќе се нервира, ќе плаче. Ти девојко треба само да се разгневиш, да сфатиш колку те толчи тој татко ти и да не го жалиш многу и да си заминеш. Па нека се снаоѓа сам, неблагодарен. Абе чаша вода не станувам да му донесам на човек што ми вели дека ќе ме носи во болница, а немпа нега после операција. И каков договор потпиша за телефон? Кажи подетално пошо сигурна сум дека не е ништо, да ти ги расчистиме стравовите
Како да не, пмс. Како може толку да му препишуваш се' на тој пмс. Ти си знаеш, ама некој да ти ги изнавика сите тие зборови што ги пиша и да ти каже во болница ќе те носи, и ти да напишеш Решивме се, искрено ти кажувам, само му даваш дозвола следниот пат уште нешто полошо да ти каже. Не може секогаш да ти е од пмс, а татко ти што те повредува на дневни бази тоа да го игнорираш, никому ништо.
Здраво друштво, бев одсутна некој период но еве пак се вратив покрај вас... Дали поради ситуацијава па пак почнаа панични напади да добивам, како да се гушам како воздух да неможам да земам... Се замислувам дека нешто ќе ми се случи.. не ми се излегува од дома освен до работа што морам да отидам и така секој ден.. Дали и вас ви се случува истово и како се справувате?. Неможам повеќе вака мисла дека губам контрола сама на себе, ништо не ме интересира.. Со еден збор катастрофа сум Па и треба и да добијам деновиве може ради тоа сум ваква
Ако има бебе не значи дека не може да дојде да ти помогне, туку знае каков е и си се трга. А ти свести се веќе. Земи го телефонот, ок не го сакаш, дај го на дете што нема. Акни го од земја згази го скрши го. @lolipoppp сите сме при крај веќе..