Колку време од денот ги имате симптомите? Дали ви се константни или ви се јавуваат на моменти? Дали ги имате кога не правите ништо или и кога сте со луѓе?
Кога сум со луѓе не,само кога сум сама или ако сум со луѓе и почнам да мислам на тоа како да се проверувам дал е се ок и тогаш почнува психата да работи и да кашлам и да се гушам иначе не и маска извегнувам да носам каде што морам само затоа што приметив од кога залади плуќа ми се бори за воздух со маската цело време на мене и ми се мокри од топло ладно што може дополнително да си направиме проблем Дојде време да се радувам ако дишам на магливе и загаденово Ама сега си зборев сама со себе може забегав ама морав Се ќе помине И ова ќе помине Поминаа 10 месеци ,ќе поминат уште неколку ама морам да останам со здрав разум На глас си кажувам Јагода ти си јака и ова ќе го поминеш не е ништо Дишии диши се надевам сите ќе бидеме добро Ова ми е поддршка знам дека не сум сама и знам дека може некој ќе го пролиста само коментаров ама јас кога ќе се олеснам со луѓе каде што поминуваат низ истото и знам дека ќе ме разберат некако ми е полесно На сите посакувам да ни е подобро вака во страв не се живее ова е преживување Вчера свртев еден круг низ градот гледам раздвиженост мајки со деца , стари млади Сите со маски ама го живеат животот каков таков прават нешто Јас се затворив дома и како да чекам да умрам страшно е тоа Да не си дозволиме такво нешто да си бидеме поддршка Ако сака некој нека ми се обрати во лп ако не сака тука да кометира Ќе се тешиме заедно сме посилни
Кога не правиме ништо и кога се околу нас не регистрираме , одсутна од муабетот на луѓето околу мене што се наоѓаат, и занесена во симптомите и во исчекување дека ке ми се случи нешто.. понекогаш и паничен напад си добивам па едвај доседувам во такви ситуации ми иде да викам да барам помош на тие околу мене дека не сум добра дека нешто ќе ни се случи во моментот... ама до сега се воздржувам од такви сцени
Odvrrme Od sinike ko pocna srce da ni lupa mislam 300 na saat i denew se osekam malku ko da me stiska vo gradi, inaku cel mesec nemav vakvi simptomi, sega kako citam sve i slusam za virusot mislam deka mi e od toa nemirot, se napiv diazepam sinoke od 2mg.ni malki ne mi pomogna,imam doma helex koj ne sum go ni cepnala a malku mi falese sinoke ama mi bese strav zosto piev diazepam i da ne mi bidi nesto, samo se nadevam sto pobrzo da minat ovie ovakvi smomenti na site nas
Мене најчесто ме фаќа околу спиење. Се случува и да се разбудам на сред вечер и да имам некаков напад (на паника?). А ако ме фати кога пробувам да заспијам, цела вечер сум во полусон. Често ми се случува и кога сум со луѓе. Мислам дека е затоа што сум интроверт, не сум навикната премногу на присуството на луѓе, имам еден вид на социјална анкциозност. Ама во последните година дена откако започнав да практикувам разни нешта, анкциозноста се поретко ми се појавува и полесно да ја поднесувам. Така да, има и периоди кога со денови не ја чуствувам.
сум поминала низ истово и само би ти кажала да веруваш во себе и колку внатрешно да ти се вришти паничи кажувај си дека си добро диши фокусирај се на дишење и тоа што се случува околу тебе , број предмети, имај некое ластиче во раце што би ти одвлекло внимание од преголем фокус на симптомите, ке помине
Порано анксиозноста и мене ми се појавуваше пред спиење ама сега е почесто наутро, кога се' уште не знам што ме очекува и каков ден ќе имам. За тоа со полусонот те разбирам. Исто ми било и мене. Активностите помагаат, не мора да е медитација или нешто слично... битно е да се тргне фокусот од вознемиреноста.
Почнав со медитација, mindfulness. Не знам дали поради неа ми се појавија и сите други интереси или едноставно таков ми беше периодот - период на преобраза. Започнав со пишување во дневник, претежно за анализирање на нештата и рефлексија, ама исто така и за одржување организација, дисциплина и пратење на напредок. Почнав да слушам разни подкасти и да гледам разни видеа со содржина за позитивен став, стоицизам, mindfulness, минимализам, есенцијализам, decluttering, итн. Никогаш повеќе во животот не сум се трудела да имам квалитетна исхрана и било каква дневна физичка активност. Истовремено, си ги задржав оние ситниците што ми причинуваат задоволство како читање книги, гледање серии, играње кантер. Се фокусирав на нешто што прочитав и ми се врежа во глава: MINDFULL, VERY ITENTIONAL, EXTREMELY SELECTIVE. Се трудам ова да го практикувам постојано за се', да бидам селективна во изборот на се', но тогаш кога ќе го направам изборот, да се соживувам со направениот избор, бидејќи штом сум го избрала тоа нешто, значи дека нештото ми значи. Ваквиот начин на живот ме направи понедопирлива (колку егоцентрично и да звучи) од секојдевнието, поладнокрвна спрема туѓите мисли и постапки, пофокусирана на сопствениот спокој и развиток. На некој начин така успевам повеќе да го избегнам стресот, а поради тоа поретко ме фаќа и анкциозноста. Мхм, баш така. Затоа лесно ми е низ текот на денот, затоа што правам разни активности и уживам правејќи ги. Но тогаш кога треба да спијам и сум сама со своите мисли, е тогаш ми е малку потешко.
Јас се ова го поминав и иако уште некогаш има обид да ми удри во глава, не дозволувам и може звучи чудно, но се навраќам на форумов чисто да си прочитам што сум пишувала јас пред неколку месеци , а и другите и да се потсетам колку далеку стигнав и како успеав низ маки сама да се извлечам. Така да има надеж само се мораш сам/а, бидејќи колку и да помогнат другите, тоа ќе биде привремено, а на крајот од денот треба да си помогнеме сами. Сами во смисла на тоа да не очекуваш помош од другите луѓе, а не од нешто поголемо од нас. Од тоа нешто поголемо од нас во што и да верувате можете и ќе добиете помош само доколку искрено и од се срце побарате. Мене искрено секако доколку сте религиозни тоа ми помогна премногу и си најдов мир, а тие што не сте нема ништо лошо во тоа да пробате во која и религија да се пронаоѓате. Јас отсекогаш се пронаоѓав во Христијанството, а оваа ситуација само дополнително ми ја зацврсти и зголеми вербата и ме извади од мрачни мисли и воопшто најмрачниот период досега во целиот мој живот.
Јас ви имам и порано пишувано дека најголем страв ми беше да се вработам со полно работно време,меѓутоа се случи и тоа. Почнав да работам,не е идеално,често знае да биде и досадно и мислите да ми шетаат,ама нешто алармантно сеуште не се случило. Сакам да кажам,горда сум на себеси што пробав,ова за мене беше најстрашната ситуација да напоменам. Сепак има период од месецот кога паѓам психички,не како порано ама пак.И секогаш барам логично објаснување зошто ми е чудно како во еден момент сум океј,а веќе во следниот темен облак. Добив вчера,и ПМСот сам по себе е секогаш тежок,ама овој пат повеќе од вообичаено.Не знам дали е до периодот,тмурното време,а и ситуацијава со корона.
Вежбање, пешачење секој ден без исклучок, одење во природа колку можам, дружење со најблиските најтесното семејство, а потоа дојде тешкиот дел психички. Пишување секоја емоција во тетратка, молитва многу молитва и сама пред огледало си кажував пофални зборови, си се охрабрував и кога ќе се појавеше ансиозноста ќе застанам пред огледало и сама си зборувам. Добро добиваш напад... добивам Зошто добиваш? После тоа си одговарам, после од каде ми иде таа мисла? И се така си поставувам прашања и си одговарав додека не дојдам до точка да немам веќе прашање или имам прашање ама немам логичен одговор. Потоа музика..многу слушање музика и играње на истата и така ден по ден симптомите се намалуваа мене психата ми стануваше посилна и еден ден едноставно прекинаа сите симптоми. И стравот исчезна едноставно си реков што сака нека биде на некои работи едноставно не можам да влијаат немам контрола и го прифатив тоа. Иако сеуште си имам некои стравови, не се ирационални како претходно и ненадминливи и се контролираат. Се иде од главата мозокот е страшна машина која со месеци ми создаваше симптоми каде што нема. Пазете многу да не ви влијае и да ја земе цела контрола врз вас и вашето тело оти ќе ве уништи и вас и тие околу вас.
Јас со ова се мачам најмалку 2,3 год ни јас незнам точно, но има периоди кога се осеќам и добро но по некој ситуции, разочараност, се осеќаш празно и пак почнуваат и физичките симптоми и неубавите мисли.. Посебно сега овој период есен,зима и ситуцијава со вирусот капак ми е се.. Мислам дека никогаш нема да бидам како што бев, само ќе има периоди кога ќе биде се добро и периоди кога нема да знам што со себе. Тоа е
Да и јас некои 4 години можеби, но оваа година ескалирапе со паничен напад кој ми траеше со часови и после тоа имав физички последици бидејќи телото претрпе преголем стрес и шок, но со напор многу солзи, премногу и подеми и падови по 6 месеци секој ден работа можам да ја наречам успеав многу да постигнам. Можеш и ти верувај, што и да ти треба пиши ми слободно ако можам ќе ти помогнам некако.
Исто и јас оваа година се соочував со мн панични напади но ми траеа кратко 10,15 мин. еднаш и тоа ми се случи да испаднам од дома и пак да се вратам некој страв добив и цело тело ми играше мислев свест ќе изгубам. Мораме сами елан да си даваме, но некогаш се изморуваш од самата ситуација и оставаш да те обземе некој период, посилна е од нас.. Колки сум во право незнам, но луѓето кој страдаме од анксиозност сме луѓе кој никогаш не сме искажувале кога ни било тешко, во себе сме собирале емоции, проблеми, никогаш не сме покажувале слабост пред никој секогаш сме биле насмеани со цел да ги расположиме другите кој немале проблем да искажат дека се соочуват со некој проблем или чувство на осаменост. Секој човек има моменти кога сака да се исплаче да си олесне на душа што се вика, тоа е нормална работа но за нас малку чудна и невообичаена не сме навикнати на тоа па затоа сега ќе си пуштаме по некоја солза во тишина од кога ја лапнавмњ јадицата
Тоа е точно и јас сум таква. Кловн во друштво, фамилија секаде. Стално сум јас насмеаната и јас сум таа што ги смее другите, а на крајот од денот кога си легнував плачев и никој не знаеше, неколку пати пробав да кажам меѓутоа не бев сфатена сериозно никогаш и секогаш било кишто не ти е ти си силна, најсилна си од сите нас. И се така додека не доживеав крах на системот и не се насмеав два месеца туку постојано со денови само плачев и не спиев видоа дека позади таа насмевка и весела личност стои депресија, многу рани и неискажани работи.
Не туку случајно го споменав тоа, доста луѓе што ги познавам ни на крај памет не би помислил дека се соочува со анксиозност, како што викаш нонстоп насмеани позитивни а уствари .... па на сето тоа кога ќе ти кажат лесно ти е тебе немаш гајле само тешко се издишуваш и си ќутиш како и секој пат
Уф, дури се пофалив немислам на коронава сега ме уби ,башка од ко добијав симптоми ,и некни шо ви кажав дека е лага за детево дека починало денеска е вистина денес навистина починал кутри човек го зарекнаа,малава и таа ми крена висока температура,со сопругов лом се направивме како цел ден сум била на телеф не сум се грижела за детево,наместо да ме утеши ме донапна,а јас и науред ја однесив и ја наранив и ја мачкав со алкохол,што требаше Др да направам незнам,тоа е кога некој не е задоволен што сакаш прави пак нема да биди задовилен,му кажав дека му смета тоа сега што ќе бидам на боловање