Еј, па и ти будала за девојка ќе тонеш и ќе се нервираш, оди таму одма најди си замена. Да во ред е да сакаш некого, ама сепак не треба до толку за никоја, ако чинела таа ќе се борела, а сега најди си некоја и не се замарај со ич за другава. Пиши ЛП ако можам некако ќе помогнам, ќе ти дадам некој совет, да не ја реметиме темава. Поздрав
А сега друштво да се пофалам јас дека почнав со намалување на АД, од пред месец дена психијатарот ми ги смена повторно назад зепирата (полесни биле за одвикнување) и од денес почнуваме со намалување кое би требало да трае не подолго од 3 месеци
Welcome to the Club. И јас намалувам. Пијам сега 37,5 мг Занфекса Ма да не дека сум кул ама ете се трудам
Јас земам Рисперидон имав неколку психотични епизоди. За анксиозноста му даваа хелекс. АД никогаш не ми препишале само на антипсихотици сум бил и сум. Тие ми делуваат добро. Сега му го укинаа хелексот. Еден период бев на многу јаки дози хелекс за јака анксиозност ама ми го исклучија нагло. Сега сум ок немам анксиозност ни психотични симптоми. Но една на 2-3 години има психотична епизода и тогаш ме носат во болница. А во меѓувреме сум многу смирен освен што сум занесен и спијам многу. Инаку веќе 12 години пијам антипсихотици сите ги пробав. Мое искуство
Другарка што живее во Австралија се излечи со Network Spinal Analysis, штета што го нема ова кај нас.
Дали тоа што потискаме одредни емоции и желби. Пример желба за секс, може да доведе до анксиозност и депресија?
Ако мислите дека ќе добиете паничен напад - ќе добиете. Ако мислите на анксот - ќе бидете анксиозни. Ако сте опседнати со аксиозноста , по форуми, на нет читате се и свашта нема да се ослободите. Тргнете го мозокот на друго место, читајте книги ( не психолошки) правете било што што не е поврзано со состојбава и ќе биде подобро. Да, ќе има и добри и лоши денови ама ќе помине.
Знам колку е напорна и одвратна дереализацијата и деперсонализацијата, пробај со Скен техника, почнувајќи од темето до табаните, да поминеш низ секој дел на телото и да го опуштиш, има доста видеа на Јутуб, progressive body scan ,ќе бараш, вода, пешачење и не го рецкај тоа чувство остави го, не го анализирај, треба време ама ке помине.
Знам дека е клише ама обидете се барем малку да прошетувате околу маало. 10 метри - 10. Не мора повеќе. До врата? До врата. Толку. Утре чекор повеќе. Музика во уши, некое радио за тие што немаат интернет надвор или некој поткаст или видео и колку што можете чекорење - толку. Инсталирајте си некоја апликација и може и тоа ќе ви биде дополнителен буст. Ако ви прави дополнителен стрес само деинсталирајте ја и толку. Галење мачиња и кучиња по улица, хранење на истите со по некоја грицка, фокус на некое дрво пример што ви се допаѓа, па како тоа дрво изгледа во комбинација со небото, сликиче за стори... После некое време тие 10 метри ќе станат 100. Па може ќе се вратите пак на 10метри ама важно е да одите напред
Здраво ајде одговор ве молам почнав да пијам Зепира од 5 две ипол недели но сњга и циклѕс имам хормоните ми сњ пореметени одам на работа ама лебдам буквалбо ....да ми јаже некој колку време треба да помине да почбе да делува Зепирата
Сабалје избркаб 10001 работа и кога излегов на тоа жешкото во 13 00 да одам на работа и ете ти одма. Паники, плачки
Повеќето тука, вклучувајќи ме и мене, имаме страв од болести, од болници, хипохондријата е другар со анкциозноста.
Фала ти! Ќе го пробам и ова. Стварно е зафркнато чувство, ама вака кога ќе прочитам дека поминува и ова, осеќам некое олеснување ❤️
Еве ме,пак кошмар, не толку страшно ама ме разбуди од сон, ама знам кога не сум во ред со мисливе тогаш вака ме мачи И желудник и мозок. Плус жештината ме уби, ако биди како лани летото тешко мене. Се си знам зошто како.ос што ама нема назд за некои работи нема поправка, затоа сега наместо напред да одам со психата јас пак се враќам назад.
Може. Репресијата (потиснувањето) е најтешкиот одбранбен механизам кој може да доведе до анксиозност, депресија дури и неврози.