Дечки ме фати вирус, шо вирус е незнам на брза помош ми рекоја сега сето е измешано со вирусиве, а вчера имав 39 температурата што не сакаше да падни, денеска сум подобро ама некако не се чуствувам психички добро, а и во желудников не ми е убаво, немам многу сила ама ако лежам ме тепаат филмови. Се движам а мислам ќе паднам во рацеве како безвеза ми е. Се напијав и диезепам и еглонил да ми го смири желудников ама тешко некако. Жештинава капак ми е.
Само смири се, пред еден месец почина тетка ми, кога појдов да палам свеќа целата се тресев, а пред тоа се напијав диезепам, ама потоа излегов и не стоев внатре во капелата, со луѓе муабет ваму таму поминав некако. На мажот ти сигурно му е потешко затоа соземисе и биди тука кога си му најпотребна.
Пак јас, вчера во мислите ми се вртеше дека имам проблем со градите (некоја болест) и после тоа ми излева видео на тик ток дека треба да си веруваме на интуицијата кога мислиме дека нешто не е во ред со нас, бидејќи на таа жената и испаднала болест а мислела дека е од тоа што е анксиозна. Вчера ми беше ептен тешко, повраќав од мака и имав паничен напад кој траеше долго поради тоа видео, се си ставам дека како за мене да е пишено, посветено или слично. Како да се справам со оваа ситуација?
Јас како што кажав и претходно, имав анксиозност и дури и панични напади, па ме фаќаа кога патував и мислев дека нема да стигнам здрава и жива и дека ќе ми се случи нешто во автобус, кола, итн. Но, одев на психолог и се среди некако. Ако толку те мачи тоа, оди направи екг, оди на преглед и ќе ти олесни. Немој да си увртуваш во главата глупости. Може и од нервози, стрес да те болат. Немој така, ако на еден човек му се случило нешто не треба да значи дека и тебе ќе ти е истото што и на него...
Дечки имам страшен паничен напад не можам да се смирам цела фаца ми се вцрви и угреав ептен во лицето, Ве молам кажете дали Дијазепам би ми помогнал да се смирам и опуштам?
Додека ги пиеше Дулсевиа , дали забележа срцевиот пулс да ти биде зголемен од нормално ? Мене и така ми е повисок , ама мислам дека од апчињава ми е уште поголем ....
Луѓе зошто постојано сум во паника модел. Јас постојано мислам дека луѓето ме гледаат чудно или мислат дека сум направила нешто лошо.не знам дали со анксиозноста има врска или со опсесивно компулсивно растројство ама мислам дека ќе полудам не сам лоша личност но постојано некоја кривица што ме јаде од внатре . Дали си замислувам или е вистина, имам панични поради тоа, ми се затвори грлото, не можам да јадам цел ден, немам јасна претстава за себеси веќе две три години, како во сон сум.
Ама јас и намерно не зедов тест за да не испаднам позитивна па да ме мава уште повеќе филм. Инаку сега сум многу подобро, поминав со лесно Фала му на Господ, ама уште како некој немир нервоза некоја имам, изгледа од жешково
Се можеме. Кога можев сама, на прв ден добиено да извозам 8 км. Што и останува на анксиозноста и депресијата? Поздрав