Би биле изненадени дека клиентите многу почесто ги преферираат оние психолози кои припаѓаат на психолошките школи кои имаат таков начин на работа што е подиректен, повеќе насочен кон суштината на проблемот него ли оние кои се помалку директни. Има истражувања уште после втората светска војна на темава. Затоа е и популарна гешталт терапијата на пример. Таа ја нагласува одговорноста на поединецот.
Озбилно не сфаќам што мислиш под додавање негативност кога одиш кај психолог или психијатар. Дури не знам ни ти дали знаеш што точно сакаш да кажеш. Ах да, за форумот си пишувала. Сега за форумот или за стручни лица збориш? Инаку да те потсетам, темава не е бесплатна психолошка помош туку ко група за онлајн поддршка. Не знам кој доаѓа тука да се лечи или да му се помогне, исто ко да те боли стомак и место да отидеш на специјалист да дојдеш на форумов во темата за здравствени проблеми и да очекуваш некоја членка да те излечи. Искрено, не ни знам што точно бараш, форумов да биде место за психотерапија, никој да не иде кај терапевти?
Па може мислиш дека си имала беспрекорно детство, ама не било така. Некогаш не ни препознаваме дека нешто не било во ред. По темите има луѓе што пишуваат дека мажите ги тепаат и не гледаат ништо погрешно. Ќе ти речат беспрекорен брак имам. Плус тоа, ако ти било беспрекорно, зошто викаш дека те потсеќал терапевтот на болни спомени? Не велам дека не си имала беспрекорно детство, може си имала. Може анксиозноста ти е резултат на нешто сосема друго. Она што сакам да го кажам е дека некогаш единствен лек е да се соочиме со некои работи, не да ги туркаме под тепих. Непријатни се, ама па одкако ќе се соочиш нема повеќе да те мачат.
Те молам прочитај поубаво, мислењето погоре беше за форумот, дека некои бараат трошка надеж за било каква позитивност а добиваат негативност Второво мислење не ми беше дека барам тука некој да ми реши било каков проблем, види ми во мислењата по другите теми, побарав било каква занимација да ми предложат и напоменав дека психата ми е лоша, немаше никој ништо да пише подолго време додека се одговараше на прашања под моето од типот каде има нешто да се купи
Зборот ми беше дека детството ми беше совршено а одгога ми почнаа проблемите се соочив со мојата состојба и почнав со психолог, на тие проблеми ме потсеќаше иако реално немаше потреба да ме потсети кого и што се имам изгубено во животот кога веќе сум прифатила дека ги нема тие личности
Нема врска ова. Јас како знам, во Македонија психијатри се многу постриктно за лекови, а не психотерапија. Психолози не пишуваат терапија, но се специфично обучени за психотерапија и според мене се многу поемпатични од психијатри. За (не)квалитетот можеме да коментираме, но нема врска со потешка или полесна диплома.
Можеби си се обратила во погрешна тема и не виделе тие што можеле да ти пишат. Обично тука пишуваат тие што имаат психички проблеми. А можеби и виделе а не знаеле како да ти помогнат. А знаеле кај се продава нешто.. Конечно зошто тоа толку те повредува? Што очекувате од форум на интернет?
Прашањето ми беше некаква занимација што дрши внимание, сигурно некој нешто знаел Се тргам јас на сртана ама ми смета тоа што видов дека кога на некој премногу му е потребно нешто и бара помош, особено нешто здраствено никој никаде го нема а сите се експерти во теми како што се брачни неверства, дали мажот треба да оди во кафана кога се пораѓа жената и слично Не ми е за тоа дека не добив помош, издржувам јас, но има други кои не издржуваат
Психолози не смеат да препишуваат лекови. Не се медицински лица. Учат за кои дијагнози кои типови лекови се препишуваат, но рецепт може да даде само психијатар. Стварно ми е смешно кога некој тврди дека полесно е да земеш диплома од таму потешко од ваму. Нема лесен факултет! На психолошкиот институтот не познавам човек што учел, научил и не успеал да положи бар за шестка. Значи кој учи ќе си има резултати.
Не може за здравствени проблеми да се бара решение на форум и криви да се тие што не понудиле помош. Здравствен проблем само на лекар се решава. Брачни неверства, кафани се муабети и на кафе што се прават.
За итни психички проблеми очигледно е дека тука пишуваат зашто е најактивна и има најмногу членови со слична мака. Пак ќе речам, веројатно не било доволно видено прашањето во таа тема.
Ете да не напоменав дека психата ми е лоша никој немаше да знае дека е здраствен проблем туку ке беше некаков кафе-муабет, но напоменав со надеж дека побрзо ке дојдам до одговор
Фала Богу што најдов двајца што си се занимаваат со својата работа. Не е идејата по секоја цена ниту вечно да бидеш на терапија, ниту по секоја цена да ја тргнат. Ама дека се двајцата потребни, се.
Ама ти пак очекуваш луѓето на форум да се понашаат како стручни лица. Не знаеле и не ти вратиле, не знам што се лутиш. Никој не е должен тука да биде поддршка, колку и остро да звучи ова. Не си единствена што бара совет, многу бараат, некои добиваат некои не. Плус си пишала во тема за општи прашања, не тема за ментални проблеми, и се лутиш зошто другите си одговарале други прашања.
Некој да ми предложи некоја занимација го гледам како општо прашање, пак ке кажам, напоменав дека се работи за психа со цел побрзо да добијам одговор
Имаш 2 одговори кои не сакаш да ги прифатиш. Психијатар и психотерапевт. Друго не можиме да ти поможиме колку и да сакаме сепак станува збор за психа и има стручни лица. Тие не оценуваат според кажување, говор на тело, концетрација ... А ако ти е за занимација еве плети, готви, цртај, бои, читај книги имаш еден куп работи што можиш да ги правиш.
Мене ми звучи вака: си имала совршено детство, претпоставувам безгрижно, претпоставувам си имала топлина и среќен дом (штом го опишуваш како совршено); велиш "после пораснав, дојдоа и проблеми" односно бидејќи веќе не си била дете, почнале посериозни обврски, детството завршило и се очекувало од тебе како возрасна личност да се носиш со товарите на животот, кои си ги немала како дете затоа што си била дете, а не возрасна личност. Те разбирам, и мене ме јаде носталгија, ама онака претерано многу, кога ќе помислам на детството мое, буквално осеќам болка во душата, од што е поминато, а беше прекрасно. Ама тоа е тоа е, нема враќање назад, надвор од наша контрола е, сепак е минато, било што било. Биди среќна и благодарна штом си искусила совршено детство. И памти дека секој период од животот си е убав, колку и да е клише. Занимации што држат внимание: играј кантер, вози точак, дизајнирај/учи да користиш Фотошоп/Илустратор, бинџај цела сезона од некоја серија со омилената грицка, пливај на базен (напрај го неделна ствар), прави алки/обетки/привезоци од глини во боја, реди сложувалка (и после врами си ја), учи некој јазик (преку видеа од јутуб), фотографирај низ град, пишувај во дневник (рефлектирај, прај си мубет со себе, смисли некој план организирај се), посети некоја изложба (моментално има и во Современ музеј и во Даут Пашин Амам и мислам во Мкц), истражи минимализам и ако ти фати око почни со declutter, купи бела шоља или чинија и бои за ќерамика и исцртај ги. Се надевам нешто ќе те инспирира.
Како сте дечки? Јас да Ви се пофалам дека почнав да ги контролирам мислите, и паничен напад ме нема фатено како пред тоа да ми е ептен лошо, си правам обврска секој ден што пред тоа и баш не го правев само се легачев и бев оптеретена со мисли "А што ако ме фати болест". Сега си стварам план, сабајле ќе станам пијам кафе, алишта ќе си закачам, откачам, здиплам, ќе си исчистам, гледам смешни и позитивни видеа, си слушам песни, па игри ќе поиграм, се дружам со луѓе кои се позитивни, серија ќе си пуштам и така. Метода која ептен ми помогна е кога се бањам, нели најнормално со топла вода, на крај од кога ќе завршам се одмивам по телото со ладна, колку можам да трпам толку, срцето ми го стабилизира и некако добро ми е отпосле. Знам колку е тешко и се надевам дека на сите ќе ни е во ред еден ден, ако ви е потребен разговор, пишете ми.