Здраво, и јас бев анксиозна во бременост пред 9 години, може не ни знаев тогаш дека е анксиозност, толку не се но зборуваше за ова, па некако пројде и тоа. Пред се мораш да се насочиш кон бебето, носис живот во себе, пробај да јадеш за да расте и се развива бебето. Пробај позитивно да мислиш, како ќе биде, какви очиња ќе има и слично. Направи си план за креветче, боја, соба ангажирај се себе и мислите со позитивни активности. Позз
Ќе си продолжиш да пиеш терапија,многу жени пијат цела бременост па раѓаат здрави деца,а што се однесува на повраќањето, може да повраќаш и цела бременост, до пороѓај, не придавај многу важност на тоа.
Трпнење на главата и на грбот како морници преку глава ми е веќе од секакви сензации. Пијам Дулсевиа 60 мг веќе 23 дена, првите 10 дена еден куп несакани дејства имав ама поминаа. Оваа трпнење со анксиозноста ли е поврзано, со лекот ли, или нешто трето е... Како капа да имам на главата такбо е чувството а не ме боли главата.
Луѓе, дали кога одите на втора консултација, му кажувате на докторот дека сте примале претходно терапија и му ги носите извештаите?
Јас се чувствувам тотално дезориентирано+нервозно+хаотично, имам чувство дека не можам да се средам, како сѐ да е хаотично околу мене, како сѐ да е... премногу! Од неодамна ми качија асентра од 50 на 100, од тоа можно е да ми е вака?
Луѓе како сте? Бог знае од кога ме нема, дојдов да ве признам, пишев нешто во друга тема па се сетив само колку време поминав тука со вас
По грешка сум нарачала капсули Ашваганда од Свансон (ми стоеја во корпа па така и нив сум ги штиклирала со другите витамини) а не планирам да ги пијам, ако на некој му требаат може да му ги продадам, не се отворени воопшто,има 100 капсули во пакувањето.
Здраво , јас имам мака меѓутоа не знам дали е анксиозност . Еве веќе година ипол имам огромен страв за моето здравје , се нешто си опипувам , мислам дека не е океј , секој ден различна дијагноза си давам . Бремена сум и на бед рест , што веројатно прави да е уште полоша состојбата бидејќи имам цел ден за грижа и лоши мисли . Не знам како да се справам со ова но многу лошо ми влијае на психата и веќе си имам проблеми со мм . Еве последно бев на 3 мислења за ехо на гради сите ми рекоа нема ништо јас упорно кога ќе зацртам некои денови мислам дека ќе умрам . За бебето исто анксиозност до небо , споредувам мерки , споредувам сликички , замарам доктори . Не знам како да си помогнам
Ако е баш стручен ,ке види во систем .Која ти е поента да идеш на второ мислење или трето ако не сакаш да се излечиш или па нешто да криеш од доктор? Мерлинка се надевам дека си добро ,пиши update ,дали помина несоница ?
За привремено зборувам психијатар. Кој рече дека не сакам? И што да кријам? Не разбирам да кријам, Божееее. Идам на второ пошо, док ми е во друг град, идам кај неа 10 години и веќе не можам да патувам еден ден наваму натаму, и финанскиски не можам да издржам 4 500 да давам за пат и преглед.