Плс хелп......веќе три часа имам аритмија , прескакање на срцето ....не нонстоп ама на едно 10 мин ми се јавуваат ....почна веќе паника да ме фаќа....последниве 15 мин почна некоја болка кај левото рамо и градниот кош...ми е страв да не е срцев удар....се напив диазепам се потсмирија ама уште ги има...како да знам дека не е срцев удар ?
Луѓе, што мислите дали да си дадам отказ, да одморам месец, два? Веќе црева ми се отпревртуваат, ми плаче душава, секој ден на работа плачам во вц, кризи имам како некој крик во гласот дур плачам... Не можам уште да трпам. Пари имам настрана и тоа не бркам луксузи. Треба да сменам психијатар и таму ми требаат пари а и за интернист и гинеколог. Сите ми велат седи дур не најдеш работа, одма да сум се префрлела од една на друга работа, а веќе јас психички не сум спремна за тоа воопшто. Уште толку стрес, и анксиозност и депресиите ќе ме мавнат.
@GirlLove тебе или не ти ја погодуваат терапијата или ги менуваш премногу, па те шетаат лево-десно со несоодветни лекови. Да не ме сфатиш погрешно (не знам дали мора да пиеш и сл.), но мое е да го фрлиш тоа ѓубре и да пробаш малку поинаку да гледаш на сето ова. Стрес, нервоза, анксиозност е веќе дел од скоро секое секојдневие (помалку или повеќе, просто неизбежно е). Премногу размислуваш непотребно ако веќе ТИ си донела одлука дека некаде не си среќна, тоа што прашуваш наоколу значи дека ти треба поддршка/охрабрување и истото не го добиваш. Гледам дека често немаш луѓе околу тебе, ма просто батали ги сите. И ќе си кажеш дека има луѓе и ќе најдеш нови луѓе. Генерално, луѓето се за да прават гужва околу тебе - ништо повеќе (а стари, а нови исто ти се фаќа). Ти, а и сите ние повеќе време си сме сами со себе. Тоа што го мислиме, тоа и го живееме и мислењата на другите не треба да те кочат. Да, да ги зедеш предвид. Со некоја доза умереност. Човек што сака да работи, без пари нема да остане. Така да, дозволи си го тој „луксуз“ иако не е луксуз, туку потреба. Слушај си го телото, да не биде касно. Не есапи никој, стави патики на тебе, шише вода и правец пешачење. Ти се одмара ли, ќе си се испружиш. Води сметка за себе оти ако чекаш од други интерес и грижа, никаде нема да стигнеш. И светот е широко отворен, макар пошла некаде и на кратко време.
Тебе не ти е проблем работата. Ама ако сметаш дека можеш да најдеш подобро место оди си. Иако мислам дека се додека ти сама со себе не си расчистиш некои работи секаде исто ќе ти биде.