Јас сум запрепастена од предлогот. И то како некој шо има пиено дур се напрај ѓон. Знајш колку луѓе почнале да пијат за да ги удат чувствата и победат депресијата и анксиозноста со то шо скокнале во зависност без да сетат зошто им "помагало" и "функционирало"? И после од еден проблем - имаш два. Аман со "советиве" од ракав вадени.
Секоја зависност почнува со едно нешто, се додека тоа едно нема да биде доволно и ќе мора уште едно да се земе за да се постигне истиот ефект итн итн... рецепт за катастрофа. Нема значајна разлика од земање на апче и алкохол, слично делуваат и двете ствараат зависност. Тенка е границата и лесно се преминува, океј е ако се пие чашка пред некој битен настан што се дешава еднаш во месец, ама ако потребата од чашка е честа тогаш веќе личноста има проблем и дефинитивно лекот не е во чашката. Во никој случај не би препорачала алкохол за хронична анксиозност.
Така се почнува. Чашка денес, чашка утре. Леле и ова ме стресва, ај чашка. И пред да се сетиш чашка поќе не функционира и мора да земиш две чашки. Така се створа зависност.
Не избегнувај одење на одмор избегнувај ја жештината. Провери притисок. Мене на жешково ми паѓа а и без тоа сум со низок. Ние бевме во Црна Гора и повеќе бев дома со клима одколку излезена ама морав зашто настрана од психичките симптоми јас и син ми уште 2риот ден изгоревме. Воздухот е сув. Ко ќе сумираш секако од 12 до 5 не е за излагање
луѓе што бегаат од еден во друг проблем (во случајов од апчиња во алкохолизам) ме бараат решение за излез од состојбата/кризата туку бараат како најлесно да си ги турнат проблемите под чергиче. А тоа да седнеш да се напиеш некоја чашка е едно а да се пијаниш е друго
Стварно не почнувајте со погрешни совети. Алкохолот одмага, не помага оти ствара зависност. Нема корист од зависност, само штета. Ако не се чувствувате добро, сменете го стручното лице. Или побарајте ако немате најдено.
Љубовта значи да го ислушаш другиот и да се помолиш со болка, иако немаш што да му кажеш. Да ти се јави некој по телефон и да ги ислушаш неговите маки, да ти се замати малку, само и само да се жртвуваш заради неговата болка. Тоа го доживеал еднаш старец Пајсиј од еден измачен многудетен човек, којшто го задржал близу осум часа. Кога тој си тргнал расположен и го прашале: „Што ти кажа Старецот?“ – тој одговорил: „Ништо! Само ме слушаше. Осум часа му зборував и од време на време од очите му течеа солзи“. И тоа е љубов. Избројте си ги луѓето кои ви даваат љубов.