Dali koga ste vo lugje se slucuva da ste iscrpeni bez energija, mislite ke padnite i sl? Kako se sprevuvate?
Нервозни црева одат со болка во стомах, грчеви дијареа и/или запек(опстипација). @Maca4321 ти треба психотерапевт( психијатар/психолог ). Смени го матичниот ако е толку ограничен. Дополнително промена на исхраната може да ти помогне да ги контролираш симптомите. Значи здрава исхрана богата со влакна, избегнување на храна која долго се вари како и менаџирање на стресот со редовно вежбање, медитација, јога.
Жал ми е за тебе. Сочувствувам Јас отворено разговарам со сите, не потискам. Јас сакам да се зборува за неа, таа е дел од мене, да не се заборави Ама ете, можеби треба со стручно лице разговор. Болката никако не се ублажува, ми ја гори, ми ја пече душата. Мора да одиме напред, сега имам друго дете на кое сум му и повеќе од потребна
Здраво на сите веке подолг период се борам со анкс , ама последниве 2 недели ми е ужасно предходната недела ми беше океј спиењето , ама пред таа недела секоја вечер кога ке легнам чувствував како адреналин во срце одеднаш она како возбуда во срце незнам како да опишам само кога ке легнам иначе не , и вчера вечер исто и после тоа неможам да заспијам се плашам ми чука срцето дали на некој му се случува оваа од анкс или имам проблем со срце
Јас, луѓе, имам чувство дека од кожа ќе си излезам. Толку лесно се иритирам, толку сум нервозен, толку сѐ ми смета, толку сум уплашен, толку сум раздразнет... Значи, пијам терапија ама како џабе да ја пијам. Дури сабајлево кога се разбудив не знаев што и како, толку тешко ми беше да „постојам“ (и уште ми е). Што да правам стварно не знам... Околу мене имам моментално милион опции за тоа како да се релаксирам, ама мене ме тера само да легнам и цело време чувство дека ми се плаче а (што е најчудно!) веќе со месеци не можам да пуштам солза.
Nekoj da spodeli dali ima simptomi kako mene!Zagrizena sum gledam nikoj ne pisal znaci jas si imam nekoja bolest
Премногу симптоми имаш наведено, не може да ти кажеме што ти е, само доктор може. Иначе од хелексот може да немаш сила. Болките во телото може да ти се од што си стегната цело време како што велиш, остај го телото да се опушти, не ги напрегај мускулите безврска. Еве ти една техника за опуштање на телото: седни или легни, издиши-вдиши длабоко неколку пати, после остај дишењето да фати нормален ритам, и фокусирај се по малку на секој дел од телото почнувајќи од главата, мускулите низ лицето и вилицата, па се до најдоле до прстите на стапалата, постепено како се фокусираш на секој дел, откочи го, опушти го, не го стегај. Друга техника: квадратно дишење, вдишувај 4 секунди, држи 4 секунди, издишувај 4 секунди, држи 4 секунди, и така отпочеток колку сакаш пати, нервниот систем ќе се изрегулира, ќе се опуштиш.
Смирете ја топката најдете нешто во денот да се занимавате фактички да ви го одзема вниманието да не мислите на то , друго прифатетеја анксозноста така требало да биди и тоа е тоа.. ако се чуствуваш ептен напнато тогаш земи магнезиум ќе те опушти позз.
Исто и мене ми е, порано така ми беше само навечер, сега знае и преку ден, а помислам на градите и срцето одма ме стега, какп возбуда адреналин, овие два дена ми е така и си се мачам. Цело време сум со апаратот, мерам притисок пулс, во тој момент знае да ми е срцевиот 90. Пробувам да не мислам ама цело време мислите кон тоа ме влечат и покрај толку обврски. Прегледи имам правено, искрено ми се здосади од сето тоа. Овој пат најдолго ми трае.