Леле фала му на Господ си ја најдов темава..пишував во совети искуства од 0-6 и во труднички муабети мислам...ама не добив поддршка .. Па вака..јас сум една анксиозна мајка и мислам дека сега имам постпородилна депресија..пишував и таму(има и таква тема)многу ми е тешко сопругот има патувачка работа и сум сама постојано со 2 месечно бебе..чувствувам страв,паника,вознемиреност,немам воља за ништо..наместо ова да ми е најубав период во животот..мене ми е хаос и едвај го преживувам секој ден ..немам помош..мајка ми е болна татко ми се грижи за неа брат сестра немам единка сум..свекрва ми е подалеку,работи и живее со деверот Разговор и поддршка добро би ми дошло..закажав на психијатар..ќе видиме како ќе поминам..убав ден на сите
Welcome in the club. Слична сум, со 6 месечно бебче. Разликата помеѓу нас е само тоа што имам огромна поддршка од сопругот и што не му е патувачка работата. Јас сум мажена во др град и одвоена сум од фамилија, немам помош од никој освен од маж ми. Сега нешто од фирма се зборува дека ќе го пуштат на некои семинари од на работа во друга држава една недела и само тоа ми е на мисла и се убедувам да не земе и мене и малиот
Здраво, да прашам како се справувате со неправди на раб место. Толку ми ствараат тие ситуации симптоми што мислам дека каде и да работам така ќе се чувствувам. Знам дека сегде има некој што не работи доволно, не се вложува, а сме на иста раб позиција и ужасно ми смета. Симптоми стегање во гради, такихардии, како се справувате вие со ситуацииве ако имате такви. Периоди ми е супер не мислам и игнорирам ама периоди ми е лошо и само што ќе помислам на личностите и работата. Позз
Пре-лоШо е тоа, еј. Си бараш, што е подобро за тебе во таа фирма, ако не се овозможи...за жал, се знае што следи. А дека има, помалку што се вложуваат или иЧ, има и секогаш ќе има.
Па не се глупи да се напрегаат на работа премногу,не ги сакав порано и не ги разбирав.Сега знам дека паметни биле ,само за свој бизнис можам да вложам максимум ,ама и тука треба граници.Си штедат нерви ,време и енергија за себе,и јас играм сега така.
Ми треба совет, трудна сум во 4.5 недела на 21 ви имам закажано термин кај гинеколог.Веќе подолго време се борам со несоница исто и ансиа и се по ред пиев антидепресиви 8 месеци потоа ги прекинав бидејки кажи трчи исто ми беше и останав само на капки (ен)делоразепам по потреба кога ќе осетам дека ме фаќа тоа некое чуство на немир на неспиење ќе пинам 5.6 капки и потоа заспивам.Е сега проблемот е по што сум трудна и не ми дава матичната да ги пијам а јас не сум добро веќе 5та вечер по ред како неможам да заспијам и ми вели бидејќи сум во странство не сум во мк овде не се шијат такви онакви фактички ништо не се пиело за спиење за смирување.Епа сега мене ми е проблемот како јас тие 9месеци ќе издржам без сон како ќе спијам кога неможам никако да заспијам без некои лекарства стварно не ми е јасно и незнам више кај да одам и што да правам мислам ќе полудам... Затоа ве молам доколку некоја жена се соочила со мојот проблем исто како мојот нека пише бидејки навистина имам потреба од други мислења и што да правам јас понатаму не се издржува тоа веќе незнам како ќе терам 9 месеци така без ништо...
Veke cela nedela osekam kako tezina vo gradite,kako bolka steganje dali nekoj se osetil taka exo na srce praveno pred dve nedeli se e okey
Мене ми било така, кога ќе ми пројде напнатоста, тежината и стегањето ги снемува. Пробај да ги насочиш мислите кон друго, наоѓај си обврски така ќе се фокусираш на друго. Знам дека е лесно да се каже а тешко да се спроведе ама мораш да се обидеш.
Здраво на сите, Би сакал да споделам еден блог текст кој го напишав неодамна - на тема: Што се случува во мозокот кога сме анксиозни и како тоа знаење може да ни помогне? Се надевам ќе ви биде од корист. https://www.gestaltmacedonia.com/post/shto-se-sluchuva-vo-mozokot-koga-sme-anksiozni Убав ден
Здраво,за се си има терапија алтернатива да ти се даде има начин за се ..на Клиника за психијатрија има катедра за трудници баш за овие состојби.Најди психијатар да те води ..од хормоните е состојбата поизразена не е страшно не се плаши ќе се стабилизираш,ти посакувам лесна бременостСреќно