Може сè да е поврзано. Поентата на разговорот со стручно лице е да разговараш со него, за да тоа стручно лице те запознае најдобро што може, за да може да собере 2 и 2, и да може прецизно да увиди од каде ти доаѓа таа анксиозност, и сè останато. За да може прецизно да дијагностицира. За да може прецизно да те насочува. За да може со тебе да ти помогне заедно да ги надминете нештата од кои поттекнува сè. Просто кажано, сите тие физички симтпими АКО стварно доаѓаат од конзистентна состојба на анксиозност, нели телото реагира, а тебе анксиозноста ти доаѓа ете на пример од притисокот да се мажиш и имаш деца, значи вие не треба да зборувате само за физичките симптоми, туку треба да разговарате за причината зошто имаш анксиозност и осеќаш притисок за мажење, деца, што год да е. Како може стручно лице да ти помогне ако не разговарате и не те запознае добро?
Е затоа си болна, од тој притисокот, ајде ова ајде она, не им е на сите пишано да се мажат и да станат мајки, и што треба сега да прават?
Членката не рече дека ти си виновна. Ама, да не се оптоваруваш со глупости. Ништо не е сигурно. Тргни ги мислите од тоа.
Ти не треба уопште ич да размислуваш за тоа што те вознемирува На кој му се мажи нека тера слободно така одговори се ако некој ти направе таков муабет Јас сум утре на прва контрола 21ден денес на 10мг елицеа
Еве татко ми и рекол на сестра ми, јас НИКОГАШ НЕМА ДА СУМ НАЈДЕЛА МАЖ. Толку ме погоди, шо се изнаплачов сеа.........
Дали ви се случува да се чувствувате облиено со анксиозност и паника ведаш после спиење? Сабајле во 5 станав и не можев да презаспијам поради ова, сега можеби еден час дремка и пак истото чувство, пропратено со дереализација.
Зошто кога на еден му објаснив дека сеуште имам трауми од лани, и добивам панични и дека не слушна и виде на камера дека плачам. Ми рече, работи на себе, не сакам јас плачки околку мене, сакам стабилност. Дали згрешив шо му кажав
Нели го знаеш она во едното уво да ти влезе, а од другото да ти излезе? Ако ти се плаче, плачи од смеа. Можеш или да пресечеш контакт или да го сведеш на минимум со објаснување дека е подобро да си сама отколку со погрешен тип. Не згреши што му кажа. Ама, да. Треба да работиш на себе. Минатото е тежок кочничар. Пресечи. Тоа што било, било. Поминало.
Сестра ми, се изнасмеа ко ни кажуваше хахаххаха. Вика нетуку плачи, за смеење е Точно, било, прошло је Ама в мозко ми остана она дека не сака тој да му плачат луѓе. А што ако ми се приплачи пред него?? Можи да ми се скара. Мислам, хелоу, му реков поддршка ми треба, а не да не оттргнуваш.