Дали може да се пие Хелекс и Витамин б6...не заедно мислев..Инаку на сабалје ко ке станам мозокот го осеќам како мртов,како да ме боли,како да ме чеша,ми се чини ќе пукни.. Вечерва решавам да излезам,иако ми е и така и така...кога ке излезам надвор ми е чудно ( како прв пат да излегувам,сето ми е инзз како да опишам) и само напред терам,како задумана сум...не забележувам никој покрај мене...вчера кога бев во банка една жена ме прашувала нешто а јас кутрата мозокот летнат не ни ја слушнав...си викам ќе додржам вечерва..ај ќе помини некој ден
мене психијатарот ми препиша занфекса, хелекс од 0,25 бедоксин (Б 6) и витамини магнезиум и калциум па веројатно може штом јас ја имам таа терапија
Може не го поставувам прашањето на право место ама во темава сретнав повеќе коментари од луѓе на кои им била препишана терапија со асентра. Јас ги пиев 6 месеци, ми помогнаа со анксиозноста но не и со проблемот за кој ми беа препишани (фасцикулации во мускулите) и во консултација со доктор решив да престанам да ги пијам, ги намалував постепено по шема што ми ја даде невропсихијатарот и знаев дека ќе имам проблеми додека организамот ми се одвикнува од нив. Имено додека ги пиев, заминав еднаш на пат и ги заборавив апчињата и немав од каде да купам и тие 3 дена ми беа хорор, ми стана јасно дека ствараат зависност иако ниеден доктор не ме предупреди иако си прашав, уште тогаш знаев дека кога ќе дојде време да ги оставам скроз ме чекаат тешки денови. И во ред, првите неколку дена немав некои потешкотии, блага вртоглавица, летаргија и тоа, си мислев дека ќе поминам лесно и дека постепеното откажување било правилно направено. После недела дека почна да ми се влошува ситуацијата, вртоглавиците станаа неподносливи, во главата се чувствував како мозокот да ми крвари, brain zaps, анксиозност, константен умор... И така две недели хорор, си викав тоа е тоа морам да издржам и дека кога тогаш мора да ми помине. И ми помина рецимо после 20тина дена. Чувството беше прекрасно, тргната од лекарства ги доживував чувствата мн појасно, ми се врати еланот за живот, прв пат после мн време се смеев од срце, и како за промена се чувствував прекрасно. Но за жал кратко траеше. После месец и пол откако престанав со лекарставата ми се враќаат сите симптоми на withdrawal. Само 3 пати посилни. Вртоглавиците ми се ужасни, се чувствувам постојано како да сум пијана или на вртелешка, дури кога спијам се чувствувам како да пропаѓам...Со тоа доаѓа нагон за повраќање...Не сакам да предадам на анскиозноста и да мислам што ми е зашто ми е и се трудам да бидам што посилна, ама ова едноставно станува досадно. Заборавив како изгледа живот без вртоглавица, не можам да спијам, седам, лежам. Прашањето ми е, дали некој имал вакви проблеми по прекинувањето со терапијата и колку време трае ова ебано чувство, ќе престане ли некад аман. Мислам 6 месеци се кратко време за да ја 2 месеци патам од симптоми на детоксизација. Споделете ваши искуства ве молам, и ако знаете нешто што би ми помогнало, очајна сум
незнам дали вртоглавицата ти е од одвикнување ос лекови (јас немам пиено лекарства )пред 10-тина дена ми се јави сташна вртоглавица бев на матичен па на ушно и ми препиша терапија за тоа, би ти препорачала да појдеш да се провериш, бдв вртоглавица мозе да се јави и од проблеми со вид, премор слабокрвност и сл.сепак појди на лекар
Проблемот е што бев на лекар, направив основни испитувања и се е ок. Мислам дека откако ми пишаа мигрена во картонот, и прст да ме заболи ми викаат од мигрената ти е. Сега земав упат за на ушно да проверам ценатр за рамнотежа ама си ги познавам симптомите јас, исто вака се чувствував кога ги прекинав лекарствата.
Значи мене светот ми се лула, ми се ниша, ми се врти веќе 4-5 години. Проверував крв, бев на ушно, снимање на врат, центар за рамнотежа... се ок! Матичната ме убедуваше дека нема потреба да фрлам пари и да ја снимам главата. Тоа ми го потврдија уште 2-3 доктори. Не сум била никогаш на психијатар, не сум пиела лекарства освен б6 и le.soleil, драга, знам како ти е. Не сум имала еден ден нормален... И чувство на лошење, стегање во стомак, рингишпил во глава, чувство дека умирам или се онесвестувам... И мене ми е преку се дојдено... Се изначитав овие неколку години се и сешто за анксиозност. Искрено, скептик сум дека психијатар ќе ми помогне. Затоа што знам дека јас сум таа која треба да работи на себе. Најтешко ми е кога ќе се сјебам мислејќи дека сум болна од нешто, дека ми се качил притисок, дека полудувам, а сега најново што ми се случува, од нигде-од никаде ме фаќа страв. Не можам да откријам од што и зошто, еднаставно, во рандом ситуација, јас почнувам да се плашам од нешто... Али ај, порано не можев скали да симнам сама, па се тешам дека ќе успеам целосно да се средам наскоро.
здраво женски!јас сум за никаде можам да кажам т.е за разлика од пред 3 години сум многу подобра фала му на господ хехехе нема веќе напди на паника и слично.но,сеуште ми останаат негативните мисли,стравот дека се нешто не е во ред,пред некоја година бев кај биоенергичар,тој ми рече сум нагазила на нешто и дека некој ми правел лоша магија и вистина тоа време само наоѓав некои нејсни стври добро помина тоа иако јас не верувам мн во магии поготово во дешно време али се и сешто има!и после тоа се обртив кај психолог ми даде депрозел хелекс и б6 витамини но што дека,само ми се тргнаа напдите на паника,сеа пак сум за никаде незнам што да првам со самта себе си,многу ми е лошо само на лошо мислам неможам да си дозволам среќна да сум се мислма ке ми распие некој неможам дечко да фатам се се плашам!што да првам или ппрепорацајте ми некој добар псхолог неможам вака имам се штко ке посакам само мирот го немам во мене ! хелп
Здраво девојчиња,Ви ги читам вашите проблеми и мислам дека јас си се опишувам.Страшно и грозно е тоа чувство и јас го имам и затоа ве разбирам скоро 5 год ,Кога тргнав по лекари испитав све и се беше добро ама јас се полошо и читајки на форуми на интернет си најдов и испадна дека и тоа е проблем со тироидната која и те како те бутка ве советувам на сите да си направите лабараториска анализа на тироидната тоа се 2 хормони кои исто така прават ршум во организмот.Инаку јас имам Хашимото заболување на тироидната и ке пијам терапија дозивотно.Мегутоа незнам што да размислувам дали тие вртоглавици се од тоа нерасположение апатија и се повлеков во себе :На психијатар не сум била и мислам дека ние сме тие кои самите треба да се справиме со стравот секој од страна што ке ти каже неможе да допре зошто тие симптоми го носат стравот т.е. несигурноста.Позз
Јас ги имам истите симптоми околу 2 месеци, како да ми се врти, немам рамнотежа.И јас како тебе напраив ККС, вратна кичма и центар за рамнотежа.Од се не чини само сликата за вратна кичма и ми рекоа од тоа дека ми е. Ти како се справуваш, ја така си трпам и ми се чини на моменти ке се струполам ? Поздравче...
И јас си трпам Оние што ми се поблиски, знаат за ова, па не се плашат ако ненадејно ги зграбам за рака/рамо... Еднаш една другарка јако ја исплашив. Бевме излезени, среде град гужва и јас наеднаш почнав да кажувам како ми е лошо, како ќе се онесвестам, почнав да паничам, ја испаничив и неа и кога се тргнавме од гужвата, ми се стабилизираа симптомите малку и и објаснив што ми е. Друга работа, прочитав дека многу од вас пијат хелекс. Кога ме фати фрката за болести и кога правев испитувања, еден доктор потврди дека патам од анксиозност и ми препиша хелекс (не беше психијатар). Ја направив и таа грешка, пиев хелекс 1 месец. Подобрувања-никакви, а што се не се изначитав за тие апчиња.... Имено, на рандом форум, некој дечко пишал дека на жена му и препишале хелекс, патела од некоја неуроза, можеби за анксиозност се работеше, не сум сигурна, девојкава имала 28 години. На тој форум, имаше еден доктор кој му рече под итно да ги батали тие таблети. Ќе го цитирам од она што се сеќавам: „Не знам кој нормален доктор и препишал хелекс на млада девојка“. Хелексот е нешто во стилот на „нов Прозак“. Па вие одлучете... Се мислев... налетав на доста анксиозни особи, а чудна работа, кога имам напад на паника, сите ме третираат како ненормална (луѓето наоколу). Зарем на никој не му е познато ова или се плашат да признаат? Ај да отвориме нешто како клуб на анксиозни лица
Јас ве разбирам многу добро и тебе и плазма за тие вртоглавици ако така можат да се наречат и гадење Би ви препорачалада си направите едно лабараториско испитување на тироидни хормони зошто тие и те како можат да направат хаос во организмот а да не знаеш што тие и обавезно серумско железо женски сме и може и тоа да е проблем.Погоре малку напишав за мене и моите проблеми :Позз
Испитување на тироидните хормони не направив. Али ја проверив тироидната жлезда, не знам колкава разликата. И тироидната и серумското железо беа во ред.
јас имам 22 години, кога поцна да ми се појавува ова имав 21.. имав чувство дека полудувам, се плашев од секој предмет што го гледам бидејќи постојано ми се мотаа во глава некои мисли дека со тие предмети моќам да се повредам себе се, а уште пострашно тие околу мене , па ситуацијата и чувството на вина и страв уште повеќе преовладуваа.Бев на психијатар на државна, ама таму сликата беше мн поразлична, имаше стварно полоши случаи и малце се охрабрив, ама поради тоа што не сакав да гледам пред мене такви лица се одлучив за приватно. И тој ми ги потврди лекарствата што ми ги дадоа на државна, а меѓу нив се наоѓа и хелекс . Па сега вака го читам постов и стварно ме фати страв.. Инаку во моментите кога се наоѓав на почеток и не можев ни самата да си објаснам што ми се случува само се молев и си влевав една сила дека не сум сама, дека Господ е со мене и дека не треба да се плашам. Таа мисла ме водеше на факултет, не сакав да се затворам и да се предадам на стравот. Но, сега пак дојдоа колоквиуми, апсолвентска и чувствувам притисок ама знам дека мора да издржам потполно ве сваќам како се чувствувате поздравче
здраво... вообичаеното прашање како сте? мене ми започна колоквиумска недела и стравовите и чувството на паника пак почна да се враќа иако упорно тврдам пред другите дека сум ок. Во тотален хаос сум, во среда славам апсолвентска а воопшто во мене нема никаква емоција или чувство дека нешто се случува, некако сеедно ми е. исто така имам колоквиум во среда сабајлето а вечерта славиме.Кој знае како ке се справам со се. само на спиење ме тера
Драги девојчиња да ви се јави Вашиот позитицец и оптимист, Кај мене во главно состојбата се одвива О.К, зашто сфатив и да кукам и да лелекам тоа ми е Пак ке повторам анксиозноста е состојба уствари мене дијагнозата знате која ми е опсесивно-компулзивна состојба јбг!И ја сум млада ,докторката едноставно морала нешто да шкртне таму хеехехехе ,ама кога и отидов во една фаза оф -леле мори мајко и сега пијам АД и што е тука е еве ок сум жива , па и здрава , учам се движам , возам точак , излегувам јбг!Ниту сум опседната со нешто, нити пак имам такви мисли , ама ете оваа така напишала. Е сега не дека не ми се мати на сабајле и некад сум ко мутава , али јбг тоа е тоа- тое е состојба ја така си го разбрав , се надевам дека малце помагам.Инаку одам и на соочување со самата себе знаете тоа е малце потешко од пиење АД , но друго чаре ми нема Али ете за сега 1 чекор напред сум мрднала. А , да додадам уште нешто и ја немам појма ни од седативи нити од антидпресиви, никад у живот пред ова не сум испила ни аналгин , а не па да знам што е хелекс или она како беше другото депрозел така мислам.Ја пијам нов АД елицеа , ок тоа шкртна докторката и ја така се заакав една вечер на нет и да видам ај што ке кажат за овој лек ...знаете за што се препишувал уште покрај анксиозност на мажи кои не можеле да имаат ерекција( на психичка база) или имале прерана ерекција , ја викаам тууу што немам во гаките да ми се д..... ЛЕле смешки живи , а се давал и на зависници во комбинација со тромодол ете , а ја никад у живот ни трава не сум запалила не па зависник јбг, ама лекчето си има повише намени.Сега ако сум буквалист значи у иднина , нема да патам од сексуално пореметување и нема шанси да станам зависник од било што хехехехе Тоа е мачки мои , не ги гледајте работите црно -бело , светот има боички
hahaha angel.G haha se iznasmeav jbg. a be zivi smeski sme, a be kakvo kukanje, nie sme najhrabrite sustestva stom se spravuvame so ovaa sostojba e toa e jbg. hahhaa pozz G
Таци мила јбг , примаме иста терпаија води сметка Абе све филмаџии сме овде -жива истина! П.С Убава вечер милички, Кисс
Луѓе значи сето тоа го направив, работам на една од скопскиве Клиники и редовно проверувам крв, мокрача и според симптомите се што треба.Единствено глава не сум снимала,, ама викаат дека нема потреба. Веќе аман од овие ,,вртоглавици,,. Ако најдете лек кажувајте...Поззз....
На темава и нема крај...дефинитивно е најпосетена мислам дека Јас пред некое време си пишав што ме мачи, симптомите се исти како и кај сите, само што јас не сум била сеуште кај психијатар. пробувам да разговарам со најблиските, и со сама себе. Еден период ми ги снема сите панични напади...незнам како, едноставно исчезнаа. Најверојатно периодот имав што да правам на што да мислам..немав време да се замарам со тоа дека ќе добиајм напад и ќе ми виде лошо. Имав смртен случај неодамна, прв пат во животот се соочив со таква работа (да видам со очи) и после тоа верувајте неможев ни да спијам како што треба, секое утро се будев уморна, со главоболка, и само сакав дома да седам. Почнав по лекари да се проверувам што ми е..крвната слика ми е супер, ЕКГ-то исто...што значи нема потреба од хипохондрични моменти од моја страна Сега почнувам пак да се оправам..пред неколку години ми беше хронично..значи немаше ден а јас да не се испаничам дека немам воздух и дека ми е лошо кога ќе излезам се ми беше чудно..како да не сум таму. Почнав да си пиајам Б6 и супер ми е..си свиркам. од време на време кога че осетам дека се губам, земам добро книгиче да ми го отргне паметот на друга страна, или пуштам музика, или се јавувам по луѓе што знам дека ке се смеам и ке ми напраат позитивен муабет. Му ја најдов "цаката Мило мие што овде можам да го споделам и моево искуство , да се изначитам позитивни работи, да сфатам дека не е болест него е состојба на умот. Ќе биде ...се ќе биде како што треба, само треба трпение.
devojki vecer odam na apsolventska vecer nadevam se deka ke bide se ok, barem od moja strana ke se potrudam da gi drzam losite misli na strana ajde ke vi pisam utre kako bese pozdrav