Може ќе звучи смешно, но дали сум за тука со состојбава?? Дали станувам анксиозна или некој вид ан депресија е?? ужас ужас ужас најголем е ова. Ноќе не можам да спијам, 2000 работи мислам дури и пред година дена што се случило па си замислувам што како би сменила, што би рекла и на крај ќе почнам да плачам Цело време сум негативна, намрштена, напната, се ми смета, секој жив ми смета. нешто да не е изговорено со интонација каква што сум очекувала одма запаѓам, едноставно пре пре пре пре пречувствителна сум. Не знам до каде вака со мене, ама ужасно се осеќам. Се нервирам за најдебилни ситници, се се буквално се што ќе ми кажат си ставам на срце и тоа одма ми менува расположение. Цело време сум ваква, не знам што да правам. И така собирам некое време и после коа ќе ми пукне- плачам плачам плачаам Еве некое време е ваков период и ноќеска почнав да плачам, па дека спиеја моите излегов се изнаплакав, се измив и заспав одма Што ќе се прави вака со оваа моја ебана чувствителност јас стварно не знам
Isto i jassss seeee zivo sto e okolu mene me nervira i pukammm malku nesto da ne mi e po kjef odma placam, decko mi mi kaza mozda nema da se vidime vecer imal malku rabora i jas pravo si zemav da si placam amaaaaaannnnnnnnnnnnnnn
Eee буквално истото и ја го правам и за тоа кога се работи. Одма се лутам за ништо, плачам. Ајде помогнете ни малце. Што да праиме вака?? И дечко ми вика дека премногу си земам на срце и ради тоа само на себе си наштетувам а и другите околу мене ги напнувам
Здраво девојки, Гледам дека не има во голем број и тоа ми дава некаква надеж дека не сум сама, а истовремено и ме демотивира гледајќи колку време се борите со ова чудо. Јас сум нова на форумов, но не и во областа. Патам од ова скоро цела година и сеа сум у фаза, боље да умрам него вака да се чувствувам. Имам 26 години, диплоирав пред 3 години и не работам по струка, туку чувам едни дечишта. Не пијам никаква терапија, затоа што тоа не го решава проблемот, туку може да направи нови дополнителни проблеми како психичката зависност од АДто. Инаку идам на психотерапија веќе 5 месеци, од време на време ситуацијата ми се подобрува, за повторно да се вратам назад на истата мртва точка. Инаку се започна лани кога дечко ми отиде да работи во друга земја, па потоа ми умре кучето. Јас немам панични напади, туку чувство на постојана вртоглавица/зашеметеност/чувство дека ќе паднам во секој момент. Се чувствувам како да немам сила, немам волја за ништо, не ми се излегува, не ми се дружи, ништо не ми се прави. Се будам у 6 сабајле со најгрдото чувство на свет, чувството дека и тој ден треба да го изгурам, значи не да го живеам, туку да го изгурам денот, дека ова чудо никогаш нема да с оди и плачам, плачам по цели денови. Мислам дека на сите им се качив на глава, се чудам како ме трпат уште. Едно месец дена ми ја снема вртоглавицата и од пред некој ден е пак назад. Имам стравови дека ништо не можам сама да направам, дека ќе се затворам дома, дека нема спас за мене, дека се вртам во круг и сл. Мојата психотерапевтка вика дека сум на крајот од состојбава, дека сите конфликти што сум ги имала сум ги решила, дека само мислите ме кочат на патот до целосното закрепнување. Но, јас не и верувам. И како да и верувам кога волку лошо се чувствувам, како да знам дека не ме мафта само? Проклетиве мисли ми го уништија животот. Од слободно девојче полно со живот, станав инвалид, жртва на сопствените мисли. Дали уште некој се чувствува вака? И што е најважно, дали некој се чувствувал и му поминало и КАКО?! Поздрав
Ја сум иста, се плашам постојано дека нешто ќе ми се деси. Нонстоп ми е лошо и осеќам дека ќе паднам и буквално не го живеам животот, туку како да стојам во место и ја чекам смртта. Надеж ми даваат девојките тука што го пребродиле ова и фактот што не сум сама во борбата против анксиозноста, па затоа знам дека ќе помине еден ден
Ах, само го слушам тоа ќе помине, ќе помине, само ние си знаеме како ни е дур помине. Најмногу ме јаде тоа што не знам уште колку ќе трае. Страв ми е дека се ќе отиде во бестрага. Психотерапевтката ме теши дека е криза, жената ми се колне дека проблемот ми е решен, дека само мислите треба да си ги растерам, а јас се осеќам ко некоја мравка која се бори со џин. Као жити се, како се растеруваат тие мисли? Бар да имав некоја работа што ќе ме исполнеше, ќе ми дадеше ново чувство за себе, бидејќи дечко ми сирот (повеќе од прекрасен е) не може да допре до мене и покрај сета љубов и труд.
Многу добро знам како се осеќаш, и јас се мачев со истите мисли секој ден. Сега фала му на Господ има некое подобрување, не сум секој ден таква. Си имам и добри и лоши денови. Не се предавај. Не е лесно ама го можеме ние ова.
Се мафтам веќе една година месец или два помалку или повеќе . На психотерапија не одам, не пијам ништо за да не си создадам зависност. Сама се борам со анксиозноста.
И ја од прилика толку. Браво ти си стварно храбра девојка чим сама се носиш со сето ова. Јас најтопло би ти препорачала да одиш на психотерапија, јас имам неверојатен напредок од кога почнав. Ако сакаш можам да ти ја препорачам мојата психотерапевтка, Милка Ололска, изгуглај ја ако сакаш, жената работи 35 години, 1000 зема од сесија, али моеш да и се јавиш или да и пишеш у било кое време, ќе ти се најде многу.
Немам друг начин па сама. На психотерапија имам размислувано да одам, ама тука у Куманово нема баш некој психотерспевт . Ти од кај си иначе, каде е ординацијата да не ми е мн далеку ?
На женава и доаѓаат луѓе и од Куманово и од Велес, не само од Скопје. Јас сум од Скопје иначе. А женава си работи од дома, живее у Ѓорче 2, пред Сарај, шо значи на излез од Скопје. Ако си заинтересирана и број ќе ти дадам
Еве нешто што денеска го читав. Мојот паничен напад и ах, тие мои мисли! Паничниот напад е една посебна состојба која е поврзана со анксиозноста, но на еден посебен начин различен од другите. Негово главно обележје е што се јавува ненадејно, без никакви видливи знаци кои би упатиле на неговото појавување. Врз вас влијае емотивно загрозувачки, така да за време на нападот се чувствувате целосно онеспособени. КАКО НАСТАНУВА НАПАДОТ НА ПАНИКА? Когнитивно бихевиоралната терапија (РЕБТ И КБТ) тоа вака го објаснува: Еднаш, кога без никаква видлива причина сте ја почувствувале анксиозноста, сте изградиле анксиозен став спрема потренцијалните идни епизоди на анксиозност. Во овој случај, мислите нешто како: „би било грозно повторно да имам анксиозност“. А, токму таквите мисли во неа ве водат. На наредното ниво, веќе почнувате да станувате анксиозни и тоа го забележувате. Сега мислите нешто како во стил:„ова навистина е грозно, страшно, сега веќе сум анксиозен“. Ваквото мислење ве води до зголемена анксиозност која е иницијална каписла за следнава мисла:„о не, сега ја губам контролата, што ако се онесвестам, или се испаничам и добијам срцев или мозочен удар, или да почнам да се однесувам целосно лудо. Тоа е ужасно“.На овој начин, анксиозноста повторно е зголемена, што води до уште подрастични анксиозни мисли и така во круг. Битное да разберете дека сето ова се одвиваат многу брзо и дека вие како и во најголем број случаи не сте во можност да ги следите сопствените мисли кои предизвикуваат напад на паника. За да си помогнете себе си, да престанете да ги одбегнувате сите ситуации во кои би можело да се почувствувате анксиозно, треба да научите како да го препознаете и да го смените вашиот анксиозен став,односно вашето мислење, кое е ирационално и самопоразувачко.За почеток, почнете да правите разлика меѓу непријатно и неподносливо.Анксиозноста ниту е крај на светот, ниту некој од неа умрел. Таа е непријатна, понекогаш и болна, но не е неподнослива, освен ако така вие не ја дефинирате. Нејзиното одредување како непријатна направете го токму во сите ситуации кога ќе почувствувате како анксиозноста почнува да се јавува.Тогаш наместо сами на себе да си го повторувате добро познатиот текст дека тоа е нешто ужасно што вие не можете да го поднесете, обидете се сами на себе да си кажете дека тоа е непријатно, лошо, но дека реално не ви прети никаква вистинска опасност.
http://mkd-news.com/anksioznosta-testir ... anksiozni/ Mal test za anksioznost ... mojot rezultat 51, vasiot? :/
44 тестов не е точен,вака или така ќе испаднат повеќе поени,и со не да одговориш на сите прашања пак ќе имаш барем 32 А како ќе имаш 0 поени
ne, samo moze nekoi vrednosti da ti se pokaceni no dokolku ne kazesh deka piesh AD i samiot dr. ke se cudi od sto se