Повели пиши во темава ако не е толку тајна.. Информациите добро ќе дојдат и за другите што сакаат да дојдат.. Ако е па и порака да ми пишеш е ОК
Може да ми предложите место за престој за една вечер во Берово? сакаме да шетниме два дена, со една ноќ преспивање. 2 ца возрасни и дете од 4 години...И препораки за јадење, шетање и сл
Јадење Мрс, Ловен дом, хотел Манастир.. Сместување во градот Сквер или Ани апартмани Сместување на езеро горе, вила Иван, вила Природа, Моменто Шетање - низ градот, околу езеро, со дете сте па нема да речам пешачки патеки... Равна река накај Пехчево...
Од сите места за јадење,најдобро им е Мрс.Каква скара и топено сирење имаат прсти да излижеш.Исто добри би ги издвоила Ловен дом и Манастир.Каде и да појдеш нема да погрешиш.
Фала ви на одговорите многу, Моменто и јас многу ги бендисав, сакам смештај на езеро, за јадење знам дека има многу избор низ Берово...уште да договорам со маж кога е слободен за да резервирам, никогаш не сум била накај берово а одамна ми беше желба, се надевам ќе ми се исполни
Дечки каков е патот за до Берово. Се оди од Кочани дорекно до Берово нели? Нема потреба преку Делчево?
Кочани Виница Берово Нема потреба преку Делчево Патот е како и секој македонски пат ..асфалт со некоја дупка и кривини после Виница
Беровчанка некоја да каже дали има негде програма за денес..читам има манифестација по повод празникот ама ништо на нет не наоѓам. Во св Богородица ќе одиме во манастирот денес..вчера беше гужва
Повели Јас денес ќе си одам накај Берово, а баш сакав да ја избегнам гужвата.. Во сабота ќе биде најмногу гужва ради Харис.. Имаат организиран превоз и од Делчево и нема слободни маси никаде
Сулер вакво нешто барав да видиме денес што ќе успеем3 да фатиме. Уште нешто, сиренце каде да купиме има ли негде да се најде убаво домашно?
070/345-702 Владо панковски, бачило Панковци (бачило клепало) Од други не би ти препорачала, хигиенските услови им се леле мајко... Исто не препорачувам купување од Беровско езеро горе производи од тезгите...