Повели пиши во темава ако не е толку тајна.. Информациите добро ќе дојдат и за другите што сакаат да дојдат.. Ако е па и порака да ми пишеш е ОК
Може да ми предложите место за престој за една вечер во Берово? сакаме да шетниме два дена, со една ноќ преспивање. 2 ца возрасни и дете од 4 години...И препораки за јадење, шетање и сл
Јадење Мрс, Ловен дом, хотел Манастир.. Сместување во градот Сквер или Ани апартмани Сместување на езеро горе, вила Иван, вила Природа, Моменто Шетање - низ градот, околу езеро, со дете сте па нема да речам пешачки патеки... Равна река накај Пехчево...
Од сите места за јадење,најдобро им е Мрс.Каква скара и топено сирење имаат прсти да излижеш.Исто добри би ги издвоила Ловен дом и Манастир.Каде и да појдеш нема да погрешиш.
Фала ви на одговорите многу, Моменто и јас многу ги бендисав, сакам смештај на езеро, за јадење знам дека има многу избор низ Берово...уште да договорам со маж кога е слободен за да резервирам, никогаш не сум била накај берово а одамна ми беше желба, се надевам ќе ми се исполни
Дечки каков е патот за до Берово. Се оди од Кочани дорекно до Берово нели? Нема потреба преку Делчево?
Кочани Виница Берово Нема потреба преку Делчево Патот е како и секој македонски пат ..асфалт со некоја дупка и кривини после Виница