Јас во вакви ситуации сум бетер од децава, би станала би го земала туѓото дете и би му купила па нека размисли родителот
Нешто го карам, и зборам, зборам, и тој ќути, наеднаш ми се врти и ми вика: "Мама, ако ти ги извадам батериите, ќе престанеш да збориш?" Му викам ако јаде морковче, дека ќе биде силен и здрав, и зачуден се врти и ме прашува: "А дали ако јадам мн. моркови ќе станам портокал?" Пред вечера, ме прашува: "Мама, може да јадам сладолед наместо вечера? Зошто вечерата е за возрасни, а сладоледот за супер херои." Му кажувам дека нема јадење чоколадо често, бидејќи не е баш здраво за јадење, и ми се врти ми вика: "А дали ако на чоколадото му ставам банана, ќе биде здраво и ќе можам секогаш да го јадам?"
И велам да не пие сок дека не е здраво да се пие сок. Дека ако пие многу сок забите ќе и се расипат и ќе го помоча креветот вечер во спиење. После некој ден Јас:Х земи напиј се малку вода. Многу јадеше, не ти се пие вода? Х:Ако пијам вода, мочам креветот вечер (се снајде)