Јас во вакви ситуации сум бетер од децава, би станала би го земала туѓото дете и би му купила па нека размисли родителот
Нешто го карам, и зборам, зборам, и тој ќути, наеднаш ми се врти и ми вика: "Мама, ако ти ги извадам батериите, ќе престанеш да збориш?" Му викам ако јаде морковче, дека ќе биде силен и здрав, и зачуден се врти и ме прашува: "А дали ако јадам мн. моркови ќе станам портокал?" Пред вечера, ме прашува: "Мама, може да јадам сладолед наместо вечера? Зошто вечерата е за возрасни, а сладоледот за супер херои." Му кажувам дека нема јадење чоколадо често, бидејќи не е баш здраво за јадење, и ми се врти ми вика: "А дали ако на чоколадото му ставам банана, ќе биде здраво и ќе можам секогаш да го јадам?"
И велам да не пие сок дека не е здраво да се пие сок. Дека ако пие многу сок забите ќе и се расипат и ќе го помоча креветот вечер во спиење. После некој ден Јас:Х земи напиј се малку вода. Многу јадеше, не ти се пие вода? Х:Ако пијам вода, мочам креветот вечер (се снајде)
имаме домашно милениче- папагал, Филип го крстија децава Ја заспивам помалата ќерка вечерва и Филип си црцори а таа вели: -Мијна, пиле биди мијна. Зошто цукаш, Софи пие (мирна, пиле биди мирна, зошто цркаш, Софи спие)
Сабајле мм прави вежби за истегнување и син ми исто со него. Му викам ааа и ти се истегнуваш? -'Дааа како рендан кашкавал' Мм отвара кесичка маслинки: 'Тато немој да се откажуваш!'
Му викам на синко дека ќе одиме на гости кај што ќе има бебе и мртов озбилен ми вика Јут сум (љут сум), ок мислев нешто друго е. Ама стигнавме и го гледа бебево и вика Е сега Мајио е твано (стварно) јут! На кого си љут Марио? На сите бебиња.... И добро проаѓа време, бебето го игнорираме, ајде сега ќе играме со големите и топ е, арно ама станува веќе доцна и он нешто ме вика, ме вика, упорно ме вика. Мамаааа... кај си ти? Ти(три) пати те викам веќе....
Гласно размислував а син ми до мене блиску и ме слушнал... -боже трепки ми испопаѓале неам ич... -Епа мамо оди на очен доктор нека ти стават нови трепки оти ќе ти се напунат очите со бактерии. Друга ситуација... За неколку години ќе почнат да ти растат мустаќи, знаеш... -зашо да ми растат мустаќи, ја не сум Хитлер
Му викам на син ми да завршам со чистење ќе одиме во маркет (омилено му е тоа) Влегуваме и он и вика на продавачката: Тетка - јас пак дојдов со мајка ми, може да ни дадеш нешто работа? Оваа се смее, му вика што работа да ти дадам дете - Вика па на каса да работиме И му вика женава - мајка ти ќе ти даде дома да и помогнеш - Ама мама сега заврши со работа, ние затоа дојдовме да пазариме
Му купив нови топлинки и му викам Ај да ги пробаш, мртов ладен ми вика Не ги побувам, малце се чуди овие топинки...
Оф топик, колку пара обувки ми стојат со месеци необлечени од тоа не овие, не вакви, не такви. И таман ќе реши дека сака да ги носи, за кратко и се мали.
Исто сестре, пиши и патики кај нас. Со страв гледам сега чизми зимски по чаршија. Ем и требаат, ем не знам што ќе ми смисли ама со намера сум и јас да не попуштам веќе. Ни имам екстра пари за ќефот нејзин да го терам, ни желба да складирам обувки до бескрај.
Си игра со плишано глувче и му викам “Види глувчето има мустаќи”. Се врти ме гледа мене, го гледа глувчето, пак ме гледа мене и вика “мама има стаќи”. Жими се издепилирани ми беа, ама веројатно некогаш сум се прошетала како Гоце Делчев, па детето си влече трауми.
"Мама, го знаеш тоj кенгурот од Рамстор? Сакам таков ист, да си биде мој!" "Го знам мама, а ти ќе ми бидеш исто таков кенгур на мене, за да те гушкам?" (И скроз озбилен се врти, и ми вика): "А не, не можам да ти бидам јас кенгур, јас сум човек!"
Софи се буди од пладневна дремка до мене и ја прашувам: Што си Софи ти на мама, душа, злато, срце, што? (се мисли, се мисли) ми одговара, "бубов, бубов сум на мама" Љубов, љубов сум на мама ме стопи