Брак без секс

Дискусија во 'Брак' започната од morska, 29 април 2011.

  1. Petra156

    Petra156 Нов член

    Се зачлени на:
    27 март 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на пристојниот одговор.
     
    На Gosh и hermosa им се допаѓа ова.
  2. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.241
    Допаѓања:
    8.439
    Трудна сум имам зголемена желба за секс а маж ми не ми обрнува внимание ; се осеќам толку осамено несфатено . Имаме дете но тој одамна не покажува никаков интерес спрема мене .
    Друга нема ;цело време оди работи не се гледаме често се кога се гледаме наоѓа рачка за кавга ...Осамена сум ако го бакнам детево му смета вика по мене ..Кога е дома сака да одмара а јас сакам внимание....
    Пред другите секогаш е фин и пријатен а со мене се однесува како да сум му непријател . Не ме сака повеќе или премногу е уморен . Не разговара отворено со мене .
    Исто за секс секогаш јас прва спомнувам тој одамна не ме допира и не ме гледа како порано ....
     
  3. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    4.137
    Допаѓања:
    6.555
    Пол:
    Женски
    Очигледно нема љубов повеќе кон тебе
     
    На Adidas888 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  4. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    Па можеби и нешто друго му се мота у глава.

    @crazylady најди некако начин допри до него барај разговор и одговори. Дете нека заспие или некој да го причува. Сепак си трудна и осетлива повеќе од вообичаено. Не би да ескалира ситуацијата, оди до таму до кога е разумен разговорот. Ако извлечеш нешто и го решиш проблемот супер, но ако не, уживај најди нешто што те исполнува, тоа прави го, радувај се на бременоста и среќата што следи, нека помине тоа со лесно :f:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Едно е да му е паднато лобито, сосема нешто друго е што се однесува вака кон тебе..
    Никој од преголема умереност не се однесува на ваков начин..
    Разговарај, ако воопшто може да се разговара со него..
    Ама најверојатно те изневерува, ќе дознаеш кога тогаш..
    И мислам дека бременоста е период во кој не ти е потребен стрес , да те нервира некој и да се кара со тебе посебно не човекот чие што дете носиш во стомакот..
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    34.327
    Пол:
    Женски
    Какво лоби хахахах :rofl: Знам дека е typo ама е пресмешно :rofl:
     
    На eliesaab, theowndemon, Трагедијаупмм и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Кажи ми да ти кажам:rofl:
    Жмс до ауто корект е, не знам што му е, заборавам да го исклучам, а по сто пати знам да менувам нешто и пак си пишува глупости.:bandit:
     
    На JasBee11, Mumoftwo30 и f.girl им се допаѓа ова.
  8. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Многу добро го знам тоа чувство и без бебе (од бившиот).
    Инаку, кај нас не се зборува гласно дека и мажите имаат свои хормонални и психолошки циклуси.
    Медицината денес вели дека можно е да се поинтензивни и од оние од жената, ама поради неинформираноста и социјалната стигма мажите најчесто го одбираат "нездравиот" одбранбен механизам.
    Во вашиот случај веројатно има и притисок од дополнителна одговорност со новото бебе на пат, што е апсолутно нормално. Лутењето кога го бакнувате детето е совршен пример колку и тој се чувствува како "дете" и колку веројатно му треба разбирање и топлина од тебе а не умее да ти го каже тоа.
    Дали жените се емотивно попаметни од мажите!? Не би рекла. Не' има секакви. Еве и ти премолчуваш, а пред се' очекуваш нешта кои (извини) во ваков период како вашиов се дури инфантилни. Сите сме "деца" во некој или многу аспекти и е нормално.
    Многу мажи не сакаат да "чепнат" сексуално бремена жена и е целосно разбирлива и здрава реакција!
    Зарем мажот мора да е ерекција во движење цело време за жената да е мирна и да има "доказ" дека ја сака? Има милион начини за самозадоволување во вакви периоди...
    И да, во една заедница не мора ни да дојдат деца за да почнат да се случуваат многу промени како и во се' во животот.
    Ако имаш волја да бидете блиски повторно, те молам обрати се кај стручно лице , а денес ги има толку добри, да ти е мерак да одиш.
    Мене искрено, после сите искуства ми е повеќе жал за мажите низ колку поголем пекол поминуваат а не знаат да го искажат.

    Поздрав и извини на објективноста. Верувам ќе го избереш правиот пат да си ја зачуваш заедницата (ако вреди) и да се носиш мудро со животните промени.
    Што порано го разбереш ова тоа подобро.
    Те гушкам и со лесно за новото бебе ❤️!
     
    Последна измена: 22 мај 2026
    На eliesaab и potatoface им се допаѓа ова.
  9. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Аха, од кога ти видовита?
    Да ти кажам нешто и за мене да ми кажеш :D
    Скраја да е коментаров..
     
    Последна измена: 22 мај 2026
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    Оваа реченица ми падна во очи, океј е да нема желба и да има паднато либидо, ама да не покажува никаков интерес за тебе ми е тотално out. Дали си разговарала со него? Има тука некаков подлабок проблем, според мене.
     
    На eliesaab, Panda00, f.girl и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    И мене, затоа им предложив разговор со стручно лице.
    Никој не знае што му се случува на мажот а воопшто да не е причината отсуство на љубов и привлечност.
    Многу мажи денес многу порано ги искусуваат првите симптоми на редукција на либидото, а и не секој маж може да направи дистинкција (дистракција) помеѓу мајката на нивните деца и партнерката. Обично најчесто градат нов идентитет на "мајката" кој не им е сексуално привлечен.
    Но, за се' има решение ако само ова се евентуалните пречки...
     
    На Vikktorr, tambelina и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  12. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.411
    Допаѓања:
    18.624
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, само ми нема логика да не и обрнува никакво внимание, еве пример ако тука спаѓа да не ја ни гушне, ниту баци со денови, тогаш ми е веќе алармантно, и да мора да се разговара, а и добро е и стручна помош да се побара, ако и тој се согласува.
     
    На Unknown_7, Amellie13, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    13.319
    Боже, де Алекса пушти виолините во позадина (heidy)

    Да, детско е да очекуваш мажот да те погледне и да те третира како човек општо, не па кога и го носиш вашето дете во стомак :drunk:

    Начинот на кој сожалувате мажи и ги рационализирате нивните недоквакани постапки, па не ни чуднo од каде им е таа audacity :bug:
     
    На Gosh, tsanemsit, Bozica1980 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.180
    Не можам да разберам зошто жените се одлучуваат на уште едно бебе со ист партнер, а притоа се свесни дека во очите на тој партнер не вредат повеќе ништо.
    Овде не е проблем само тоа што овај нема желба за имање односи.
    Претажно..
     
    На Gosh, eliesaab, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    31.478
    Пол:
    Женски
    Оти мислат дека со уште едно дете плус подобро ќе го ,,врзат'' мажот. Да не ги остави. Сите спорови се вртат околу децата при развод. Многу жени живеат со ставот дека еднаш штом се омажат тој маж станува нивна сопственост и дека бракот мора да трае доживотно. Затоа има толку несреќни луѓе. И не е поврзано со желбата за секс, чисто е мој одговор на ова прашање. Често гледаме примери каде бракот и односот им е за никаде а они одат на друго дете. Имаше една зафрканција на тик ток балканска жена кога ќе дознае дека ја изневерува мажот одма забременува.
     
    На Gosh, eliesaab, нина122 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    20.230
    Пол:
    Женски
    Да ужива, и да се радува, па и среќата што следи, ама како?
    Не знам дали преувеличуваш поради бременоста и хормоните, но ако ова е точно, богами не знам како би уживала со таков човек.

    И ова... Му смета шо го бакнуваш детето и вика по тебе? Молам? (facepalm)

    У ранлив период за тебе, он сето ова ти го прави...

    Хааххахахахаххаха ама не си озбилна со ова нели? :rofl::rofl:

    Аууууу, читај ја шо пишува, све е премногу уморен, не разговара отворено, не посветува внимание, се понашал ко непријател да му е, и ти на се ова викаш топлина да му дава она?
    Па он еве неќе бе, неќе топлина и блискост, читај каков му е заладен односот со неговата жена која носи негово бебе.
     
    Последна измена: 22 мај 2026
    На tsanemsit, Mumoftwo30 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.460
    Допаѓања:
    33.537
    Пол:
    Женски
    Ај поарно да си ќутам на темава....
     
    На eliesaab, Mumoftwo30, Panda00 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.180
    Тоа ми е како мртво дрво да врзуваат до себе, зошто човеков во примеров нема никакви емоции кон жената и ниту либидо ни работа ни замор не се причината тука за таков однос.
    За свесност се работи, а примеров има милион ред флегс зошто женава треба да му каже збогум ако ни со разговори не оди кон подобро.
    Подобро засекогаш сама отколку да ми се дери оти сум си го бакнала детето. Психопат.
     
    На Gosh, eliesaab, Mumoftwo30 и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Mentalna85

    Mentalna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2022
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.235
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти набројам мал милион "недоквакани" постапки и од жени, и активна и пасивна агресија можеби подеднакво застапена како од мажите, само премолчувана поради стигмата да се чуе еден маж како е малтретиран од жена, но тоа е друга тема.
    Лично јас рационализирам погоре зашто членката говори за однос кој и те како го крепи истото.
    Дали е спомнат било каков тип на насилство? Не.
    Се зборува за незаинтересираност за секс од негова страна (што е и темата) и отсуство на топол очекуван однос, за кои сметам дека дадов горе долу разумен совет.
    Наместо да бараме единствен виновник веднаш, да пробаме цивилизирано да ја насочиме членката да ја чуе прикаската (маката) на мажот.
    Се' може да биде.
    А кога сме кај "недоквакани" постапки, и двајцата подеднакво се "потрудиле" за второ дете и покрај ова, и исто така може да се потрудат да го решат и нивниот однос, со поправање или ослободување од истиот.
    За тоа постојат многу добри стручни лица од кои лично сум фасцинирана.
     
    На eliesaab, Vikktorr и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. JasBee11

    JasBee11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    867
    Пол:
    Женски
    Ами така убаво, правилна, трудна жена е, не ќе трча сеа у бракоразводна постапка. Стресови! И трпението е една преубава врлина.
    Сепак...советот останува да седнат на маса ко луѓе да си направат муабет ако не бива, зарем чекам друг човек да ме направи среќна. Не, второ дете втора радост, двојна среќа. А и многу работи си го наоѓаат своето место, во моментов со бременоста јас претпочитам мир. Нека ѝ е на членката со лесно :l:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.