Развод не е само заради боледување, туку заради не замарање околу детето. Ако треба секаде да се понашам како ссмохрана мајка, бар да бидам таква и на папир и да не го гледам дома да ме нервира и иритира што дреме и гз не се помрднува, ни да заигра дете, ни да го прошета ни да го едуцира. Се е на мене, него ако го оставиш ќе го оќорави пред тв со цртаните. Ни дома нешто фаќа ни дете гледа, станат е една таква мрзоина и мрцина што не се трпи веќе. Јас толерирам ама к јас имам граница, преморена сум се сама во животов да правам. И за дете не значи да се седи дома само ако е болно. Може сируп да пие недела дена и да не смее да иде во градинка, што е тука тешко па да го мислам од работа јас? Не знае сируп со лажичка да даде и да го занимава цел ден? Јас што сум дома, готвач, перач, чистач и мајка? Епа не можам се, ептен готвам и перам заради детето иначе ќе види и ручек и се. Не е така. Коментари од типот разводот не е решение се безвезни. А што треба, жената да е со нарушено психичко здравје и да колабира за да лади он ташак цел ден дома? Па извини ама и спрема мојата состојба треба осет да се има, едвај ја терам бременоста, нон стоп сум со болки, треба он да се ангажира а не да се мољака кај мамичка за помош. Не беше ваков до пред една година, сега буквално е неподнослив и не е дамо до мене, неговата не грижа ја забележуваат сите и коментираат а не можам да им затворам уста зошто реално се во право
@Konstrakta можеби сепак најдобро со адвокат ова да дискутирате, вака лаички ние не знаеме процедури. Чим веќе до пред развод е работата, мислам дека адвокат ти е најдобра опција уште пред да започнеш процес.
Ехеее колку пати. Тие му се ставовите, па што сакаш, па ти си мајка, кој да се ангажира ако не ти, итн итн, не знам кој ѓавол му е влезен, ако земам дете да прошетам одма коментира како ете морало јас некаде да шетам а греота ми е за детето цел ден затворено во градинка па и дома. Не дека мене мн ми се искача и мене ми се лежи ама сеа ако праиш дете, па гледај го мајку му Ретко. Многу ретко. Ако оди кај неговите го зема детето со него, ако сме дома и двајцата, цртани ќе гледа цел ден. Не дај боже да земе надвор да го однесе да го заигра како нормален татко
Само напред жено, ова никогаш нема да тргне на убаво секогаш ќе е полошо. Ваков маж,татко не треба да се трпи
Скроз си во право штп се лутиш. На твое место и јас би мислела на развод искрено. Ние се менуваме за боледување немаме помош. И сите околу мене така функционираат. Умре веќе тоа татковци да не зимаат боледување. А за негрижа можеш да го пријавиш кај адвокат ако тргнеш по тој пат ќе си ставиш во жалба за развод. Дај боже да се смени човекот, ама заостанато размислува многу.
Konstrakta јас тука би изиграла на следен начин: разговор со терапевт по можност семеен уште поарно ако сака и он да дојде, ако и тоа не успее си го зимам детето и се враќам дома, остави го сам ако и тука му е сеедно и не му текне тогаш би идела на развод па нека крши глава.
Не беше ваков, порано се ангажираше повеќе, барем за занимавање на детето. Ајде со ковидов јас работев од дома до опции да работам кога ќе стигнам, па се постигнуваше и со помош плус, ама работите се сменија, грижата мора да е поделена. Па уште и на хихихи ххаахах коментира за трето дете, па се налути кога мајка ми му рече, како не, ти ова го изгледа не па и второто што е на пат па и трето бараш.
@Konstrakta брачен советник ако прифаќа. Вака само нервози ќе се полниш и фрустрации а не верувам дека тој ќе го смени мислењето и понашањето и дека ќе сфати зашо се лутиш. Се надевам само дека со две деца нема да биде троа полошо од сега.
Уф, доста себична реченица, искрено. Може е кажано во нервоза ама... децата треба да си ги праша прво. А после ти дали си спремна, способна и дали сакаш 2-3 месеци да бидеш сѐ во семејството. Не знам... дури и да не испадне ништо, не е во ред однесувањето.
А за развод му спомна? Се сложува? Твоите емоции спрема него како ти се? Го гледаш некогаш да ти е драг?
Со терапевт предложив, ми искоментора дека ја сум требало сама да одам зошто сум била хистерична, сум се дерела низ дома и по детето. Си заминав од дома, две недели не разговаравме па едвај се смириме и ајде пропуштив, реков ајде може претерав тој период, поминав низ абортус па све што ќе мрднеше ми сметаше, ајде ок. Ама три пати до сега така се случуваше. Последен пат се смири ме беше ок све супер, останав трудна првиот месец бајче и толку, јово на ново се. Јас кај не смеев да зе движам многу, пак станував дс го носам детето на лулашки да се социјализира, зошто па и само си бара , греота е сака друштво, а овој наместо да го земе, му вика дојди седни до тато, гледај цртани и ќе му даде смоки и сок. И дете како дете ќе седи нели. И веќе знам дека и со второ истото ќе ме чека и нормално нервозата ме јаде
Јас не знам веќе што осеќам спрема него. Го сакам, ама од др страна преовладува бесот што го чувстувам и тука ми се зацрнуваат и малкуте чувства што ги имам за него. А еднаш предложив развод, од што е самобендисан, спремен е да се разведе, само да не поработи на себе и на односот. Неговите му зборат, го советуваат, не го поддржуваат во овие работи, нон стоп ми коментараат дека дете не де гледа така и дека не е играчка дете и дека си бара посвета и со нив ќе се искара на крај и толку
Те читам и знам дека не ти е лесно жено. По муабетов, ич не претеруваш со можноста за развод. Ти си уствари самохран родител кој е во брак, со плус вол за одржавање. Дали знае кн дека си дојдена до последна точка, дека си спремна за развод?
@Konstrakta поголем ти е проблемот од боледувањето. Имаш работа со затуцан маж. На волку удирање во гради барем да заработуваше енормно повеќе од тебе, па да речеш на негов грб е семејството и неговата работа е онаа која го оддржува семејството. Него му е испод част да се грижи за детето дома. На ваков случај не верувам дека има надеж за промена, таков карактер е. Или прифати или не знам што да ти кажам…
Знае. И не ми изгледа дека се замара. Не за друго, може не му е сеедно, ама пуста гордост, самобендисаност негова па ако треба че ќути и ќе гние во себе
@Konstrakta Себичен е, и тоа премногу. Тој да си уживка, ти да се распнуваш на сите страни, па и бремена. Ако не те пази сега најмногу, тогаш кога? Мене ова ми е баш причина за развод, сосема те подржувам.
Ова е друго мила, скроз те поддржувам! Јас имав слична мака, ама седнав со муабет и се договоривме, иначе одеше 2 пати неделно на фудбал, 2 пати кошарка, 2 пати теретана, нон стоп беше надвор, еден ден дома и по цел ден одмараше, ко да се омажив за мајка му јас, само со неа муабет си праев и му реков, уште не сме потпишале, ако се предомислуваш кажувај со време. Мојов па откако се роди второто се смени на пообро.