Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Со право се сомневаш.
    Мислам дека треба да му го провериш некако телефонот. Да видиш со кого зборува и се допишува.
    Не знам дали уште можеш да земеш листа на повици, моја роднина така го фати маж и. Имаше повици кон истот број доцна навечер и вон работно време, дури и кога биле на одмор...
     
    На Gosh и M&M им се допаѓа ова.
  2. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Ми е срам луѓе да истражувам и да се распрашувам. Што ако грешам...
    Внимателен е со мене не велам не. Ама тоа не значи дека не ме изневерил. Се плашам дека траумата од претходниот брак не ми дозволува разумно да ги согледам работите. Исплашена сум да не го обвинам на права душа. А јас се јадосавум ...малку сум расеана и вознемирена .
     
    На Nuny, M&M и Freedom Fighter им се допаѓа ова.
  3. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    96
    Не ти ја знам претходната приказна, ама сега кога го читам ова, си викам да не се здрвил баш ради овие муабети дека ако сетиш нешто ќе си заминеш. Па на повикот од колешката изреагирал со страв, не знам..можеби грешам ама сакам да верувам дека нема неверство. Иако логични ти се стравовите.
     
    На Nuny и tambelina им се допаѓа ова.
  4. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Си ги знаеме лозинките. Не крие телефон. Не излегува доцна навечер.
    Јас мислам дека минала таа афера а реакцијата ми е задоцнета.
     
    На Nuny, M&M и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Во твојава ситуација секој би сомневал. Јас не би можела да живеам во таков сомнеж..
    Не го обвинувај, само не оставај така, ке ти стои тој црв у глава и ке се измачуваш самата себе..
     
    На Nuny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Не можам ни јас. Не е ова од вчера па импулсивно да пишувам тука. Има месеци и месеци поминато како се случи. Но мене сомнежот почна да ме јаде. И од ден на ден како флешови ми се навраќаат одредени ситуации кои сега ми будат немир иако тогаш во моментот не сум ги испроцесирала.
     
    На M&M му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.654
    Пред месеци беше случката со телефонското јавување на пијани колеги или другите ствари?
    Јас сакам да мислам дека погрешно те јаде црвот ама твој црв е, колку ќе го пуштиш, толку ќе јаде.
    Не знам, на тема брачни совети мене главна поента ми е , дали ви е бракот ок. Сите поминуваме низ секакви фази, животни ситуации, падни-стани, прашањето е можете ли да се ослоните еден на друг и да си верувате. Не сум имала искуства со неверства и црви, затоа за идеали зборам.
     
    На Cosmic Girl и anggell им се допаѓа ова.
  8. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Телефонското јавување беше пред месеци. А се друго уназад. Тоа прашање и јас си го поставив сама на себе,и повеќе не можам да кажам дека му верувам. Кога му поставив прашање зошто не ми кажал дека дели канцеларија со колешка одговорот беше дека му било небитно. До сега не развил некое пријателство па да рече ајде да одиме со колешката и со маж и на ручек ,пример. Демек тој таму не бил за дружба туку за служба. Ама телефонскиот повик му ја сруши таа теза. И сега јас се јадосувам и измачувам дали нешто сум пропуштила уназад да видам. А може и нема ништо само сме се запоставиле и заборавиле во обврските и секојдневието.
    Како и да е,сомнежот ќе не уништи ако не се решам од него.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Па нешто слично беше и кај парови што го спомнав. И таму беше со колешка со која се гледал само на работа.
    Не криел телефон и овој зошто бројот нејзин во именик му бил мемориран под името на колегата. Кога случајно во една ситуација и паднало на роднината чудно што е женски глас од таа страна, маж и и измисли некоја приказна дека бројот е на колегата, демек тогаш нешто се јавила од негов број. Роднинава се посомнева, извади листа од бројот на маж и од операторот. Го најде бројот што се повторува, забележа дека некогаш е ѕвонето вон работа. И исто примети дека прекинале муабетите во последно време и претпоставуваше дека прекинале, ама црвот ја јадеше. Го стави бројот во Вибер и и даде слика од колешката. И таа мажена со деца...
    Му кажа прво се на маж и, дека се знае. Тој негираше дека имале сексуална врска ама ако било така зошто било криењето. И рече дека прекинале да комуницираат и пред да дознае таа, зошто демек се свестил самиот. Роднинава кажа и на мажот на љубовницата и тој и кажал дека и тој се сомневал во жена му.
    Не е битно што завршила аферата или што и да било, битно е што се отворија сите карти.
    Роднинава имаше период кога не знаеше дали ќе им опстане бракот ама останаа заедно. Таа го прими назад ама и тој си докажа дека си ја научи лекцијата. Ги разоткрија нештата што не биле ок во бракот, ги дискутираа и ги решаваат проблемите.
    Мислам дека сега се поблиски и посреќни од што биле пред тоа. Не знам дали така ќе беше ако премолчеше дека знае за неверството.

    Бар разговарај со него за тоа што те мачи. Не си цел да се скарате, туку со цел да ги надминете нештата што не ви одговараат, што ве мачат.
     
    На tambelina и BubamaraM им се допаѓа ова.
  10. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и јас сум во слична ситуација. Мислам дека реакцијата ми е задоцнета. Од друга страна се плашам како ќе реагирам. Тој не е многу зборлест по природа,не знам дали воопшто би признал доколку бил во некаква ситуација со колешка.
    Ама јас тешко дека ќе успеам сама да го надминам сомнежот.
     
  11. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Листа на повици може е најпаметно да извадиш за почеток. Тоа ноќевање на таа обука провери го преку некој ако можеш..
    И да сте се заборавиле и запоставиле покрај обврските е ок, ама ти имаш ситуации кои се чудни и сомнителни. Зашто има маж ми да го бара некоја колешка од кафана со муабет “некој сака да те слушне” ….
    Ја може имам различни ставови али мене некои работи ми се недопустиви.
     
    На Gosh, Just.do.it и tambelina им се допаѓа ова.
  12. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Мене ми е почудна неговата реакција, а не што колешката го барала.
    Маж ми постојано зборува со колешки од работа вон работа, многу често и пред мене пошто и добар дел од луѓето на работа им се жени. Не знам се за што зборуваат ама искрено и не сакам да знам се, непотребно ми е.
    Зошто не си направил нормално муабет со неа? Па и да била пијана, па дури и да му зборувала глупости...ако бил зборлест по природа баш по нормално е дека ќе сврти некаков нормален муабет, ќе се позеза со нив, ќе ги отера у пм..ама да се укочи и да ќути?
    Не верувам дека членката е од оние жени на кои се им е сомнително и што се претерано љубоморни и посесивни па да му е страв да и каже за да не си направи проблем. Ете да е таква, може ќе и преќутува некои работи или би се смрзнал кога ќе е во незгодно..
     
    На ForeverYoung и tambelina им се допаѓа ова.
  13. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Може и ќе ми беше во ред до некаде да знаев за колешкава,да имав слушнато за неа,а не како гром од ведро небо. Од една страна ми вели не развивам пријателства со колешки од друга пак го бара пијана колешка... И како да не ми биде сомнително?!
    Еден колега му е помлад и тој редовно излегувал со неколку колешки (сите се со деца, мажени) , ама маж ми никогаш не излегувал со нив. Освен на неколку прослави за пензионирање и свадба, толку. Но тоа не е гаранција дека не ме изневерил.
    Добив совет од постара особа ,ако сум можела да оставам и да заборавам ќе било најдобро. Исто како да ми кажал,да му простам и да заборавам. Да не си го расипуваме бракот. Ама јас сметам дека веќе довербата е разнишана,ако не и скршена...
     
  14. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    8.005
    Пол:
    Женски
    Кога ќе почнат со вакви глупи совети значи...
    Тој што изневерува го расипува бракот, не личноста изневерена.
    Искрено многу чудна ситуација.
    Има нешто според мене. Да немаше, немаше да има никаква реакција.
     
    На lovely91, Трагедијаупмм, Nana1156 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.959
    Пол:
    Женски
    Токму така. Затоа почнав да асе јадосувам. Напишав и наназад ,нема тој таков однос со колешките. Не би ми било проблем да имал и да сум била свесна за истиот. Вака многу лоша ситуација. И тоа пробав да си најдам сама рационални одговори,да се убедам дека грешам. Ама некако не ми оди ...а не ми оди ни разговорот со него . Тој е молчелив по природа. И сега не знам дали ме игнорира за да скрие или навистина ништо нема направено. Па си реков после толку умење ќе споделам тука па може ќе најдам решение.
     
  16. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.344
    Пол:
    Женски
    Ако не одговара на прашања, тогаш не го прашувај.
    Зборувај во прво лице еднина. Зборувај што ти осеќаш и мислиш, што ти ќе направиш во врска со тоа и сл.
    Пр. јас се сомневам во тебе заради тоа и тоа, јас се чувствувам вака или онака. Можам да не те прашувам ама не зборувањето нема да ми помогне да ги надминам тие и тие чувства. Стави ми до знаење дека неговите акции имаат кај тебе реакции. Зошто мислам дека тој се надева дека со молчењето ќе избегне лоши и несакани реакции од тебе. Мора да се помачи малку да ја врати довербата кај тебе. Да му стане јасно твоите граници, за да не ги премине и друг пат.
    А не јас ќе молчам, ќе негирам и таа кога тогаш ќе ја батали работава и нема веќе да се споменува.
    Мислам дека се труди така да се извлече, со полесно...ама ќе останат флеките и со време ќе се почнат на површина да излегуваат..
    Според мене поголем проблем од неверството е недовербата да ти се отвори, да ти каже се што е проблем, се што не штима или недостатокот на комуникација и разговор како две зрели личности. Секој може да згреши ама треба да се научи нешто од грешката. Нема идеална врска никаде, ама ако партнерот не ми е првиот на кој би му се обратил/а кога нешто ми фали, тогаш фали или доверба или блискост и интимност (не мислам на физичка).
     
    На tambelina и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.530
    Допаѓања:
    180.786
    Ќутењето
    Закутел оти се укопал у место
    Нешто не штима
    Сега вака
    Нема да спомнеш ништо за случкава и ке се правиш дека се е ок
    Прва прилика
    1 извади листа од повици
    2 коа ке се бања земи му телефон и на твојот инсталирај го неговиот вибер
    3 земи камера од Тему мала и стави ја под седиште у кола
    Ако е неверен нешто ке фатиш
    Е тогаш ке си на чисто
    Вака.....вака ке се изедиш
     
    На eliesaab, Gosh, Nuny и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Има на вибер опција hide proveri dali ima nekoj na hide staveno
     
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.530
    Допаѓања:
    180.786
    Не се гледа кој се скриени
    Него ако е некој скриен си има 4цифрен број
    Мораш да ја знаеш шифрата за да го отвориш скриениот чат
     
  20. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Членката кажа дека не сака да биде детектив и да поминува пак низ такви трауми. Многу чудна и тешка ситуација. Сигурно нешто крие инаку нема заради ова да ја става вашата доверба во ризик. Ако не крие нешто јас би очекувала дека ќе се објасни отпосле што како се случило, ама веројатно се надева дека ти ќе заборавиш на ова. Јас би разговарала со него, ќе му објаснам како ти што ни објасни нас, тогаш во тој момент ќе му побарам пристап до се, и само тој ден би била детектив. Ако не дава пристап до телефони, компјутер, канцелариски простор, скриени фолдери би ми било дил брејкер. Ако не се замара да изнесе докази дека нема ништо со таа колешка исто би ми било дил брејќер. Мислам дека најважно е да и веруваш на твојата интуиција и да разрешиш со ова бидејќи цел живот ќе те следи, но не брзај истрпи го сомнежот уште малку. Може и брачна терапија да посетите така може повеќе ќе се отвори. Твоите сомнежи се дефинитивно оправдани. Но и двоумењето според мене е оправдано бидејќи од една страна е фактот дека е внимателен, не излегува навечер, не оди со колеги да пие, мала е веројатноста ако те изневерил да биде тоа само на работа или само на тој семинар а не и рандом навечер. Најдобро сценарио би било да се дружи со нив, да имаат инсајдерски муабети и шеги ама да има грижа на совест за тоа заради некоја причина и да не ти кажува, што сепак не е океј бидејќи ја разнишува довербата. Кај нас на работа еден колега сосема неочекувано за сите нас на маса и се јави на колешка демек да ја праша нешто, колешкава исто зачудена му рече 'зошто ми звониш на телефон, што треба пиши на емаил, слек', беше малце непријатна ситуација ама си изреагира она на место и сигурно не била сама во тој момент
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.