Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Аничкаa

    Аничкаa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2020
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    763
    Пол:
    Женски

    Но животот сами си го правиме? Дали мажот е крив за нашите чувства? Можеби не е ни свесен или е окупиран со работа па не приметува
    Иначе има една изрека вика
    Кога умот нема работа си создава проблеми
     
    На Simon4e0507 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  2. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.290
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека може ти е здодадено затоа што имаш секој ден речиси исто секојдневие? Може да се запишеш на нешто теретана/јога или нешто друго ако те интересира, мислам дека најважно од се е да седнеш со сопругот да разговараш очи во очи да му кажеш тоа и тоа ми пречи плус можеш и мажот да го вклучиш во вашите активности. Не знам како е со дете но декогсш сум за искрен разговор без лаги и криење. Јас сум исто невработена мм работи од дома односно има своја фирма и само на состаноци се уклучува онлајн или некогаш ретко им помага ама пак онлајн и јас џа да не ми биде досадно одам и во теретана и на пилатес и ем ми поминува време ем станав уште позгодна од што бев. Затоа мислам декс ти треба некоја промена некое хоби затоа што ти е здосадено твојата рутина или како да наречам и мислам дека не е во ред да го оставаш толку саати детето на плеј стејшн..
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    5.530
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно треба да почнеш со работа, да се социјализираш малку и да смениш рутина.
    Не дека те осудувам зошто не одиш на работа, ама самото седење дома те тапка во место и ти ствара депресија.
     
    На Simon4e0507, franca, BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Eli_98

    Eli_98 Активен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2024
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Имам едно прашање. Тазе сум верена. Ме интересира дали и на вас, исто како и кај мене ве фаќа стрес и анксиозност од промените? Јас еве дома кога сум кај моите 2 дена ми е ок немам никаков проблем. И кај вереникот кога сум исто ми е ок. Ама кога ќе дојдам дома на 2-3 часа само да земам нешто и да ги ѕирнам моите е тогаш страшно се осеќам. Некоја грутка во грло ми стои гледајќи ја мајка ми како и е тешко да се помири со фактот дека веќе уште некое време па нема да живеам тука. Како некој кој ептен ептен бил поврзан со домашните и дури не сум сакала да се мажам само за да бидам со нив, пак ок поднесувам ама... Мислам дека е ова исто како и станувањето на мајка еден ден се најголемите животни промени. Ново живеалиште се ново. Ве молам за совет некој било каков би ми значел навистина ❤️
     
    На Medea. и franca им се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    16.233
    Пол:
    Женски
    Првата година така ќе ти биде.
    Бев многу носталгична, мислам се кршев а во истиот град живеев со нив. Дете кога дојде целиот свет се менува. Немаш толку време на тоа да мислиш.
    Сега дека си од скоро ама ќе навикнеш. Јас првата година одев скоро секој ден, имала немала работа, од работа право кај нив. Оди почесто додека се навикнеш, ќе се навикнат и тие. На почеток за сите е тешко, посебно ако си во заедница со свекор и свекрва верувам на тие им е најтешко.

    Јас среќа немам искуство со заедничко живеење ама сепак тагата по дома кај скоро секој постои.
     
    На Alm., Eli_98, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Girl-sk

    Girl-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    6
    Cestitki na veridbata prvo
    Da vi trae ljubovta vecno
    Mozebi vi fali toplinata, ljubovta, komoditetot, sigurnosta, st9 ste j imale vo domot. Probajte sozdadete nova, i mnogu gordi ke bidete na sebe, a osobeno roditelite na vas. Ne krijte za grutkata vo grlo, zborete so partnerot mozebi ke se potrudi da ja nadopolni prazninata sto ja osekate, inakh ke se napravi frustracija golema, ako ve gleda tazni. Site sme prosle kroz toa no ne go ostavajte dolgo toa custvo. Sekoe dobro
     
  7. Ana1010

    Ana1010 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    41
    Дали претерувам или ова е непочитување кон сопругата?

    Здраво девојки,

    Би сакала да слушнам искрено мислење од страна за една ситуација со мојот сопруг. Не барам некој по секоја цена да застане на моја страна, туку навистина ме интересира како други жени би го доживеале ова и дали за вас ваквото однесување е нормално во брак.

    Со сопругот сме заедно 6+ години и во брак сме од минатата година. Од страна веројатно делуваме како многу складен пар. Јас отсекогаш многу сум вложувала во нашиот однос, во заедничкиот живот, домот, плановите за иднината, па дури и сликата која ја имаат луѓето за нас како пар. За мене бракот и почитувањето на партнерот имаат големо значење.

    Меѓутоа, веќе околу четири години имаме еден ист проблем. Повеќепати сум забележувала дека, кога во близина има жена која му е очигледно привлечна и која ќе му обрне внимание, сопругот знае повторно и повторно да погледнува кон неа. Не зборувам за нормален, случаен поглед кога ќе забележиш некого. Сите имаме очи и нормално е да забележиме убав човек. Зборувам за повторно барање со поглед, проверување дали таа личност сè уште гледа и возвраќање на погледите. Да напоменам таква реакција има на жени наши години или помлади(имаме 29 и 28 и тоа најчесто се сите жени освен гојазни или да не речам "не толку убави по стандардите на убавина".

    Секогаш кога сум му го споменувала тоа, одговорот бил дека си замислувам, дека не гледал никого, дека не знае за што зборувам или: „Што сум направил? Кого сум гледал?“ иаку и реалцијата му е таква да почнува да се пипка, да чекори на друг начин кога во спеотивна насока ни доаѓа потенцијално убава жена, му се менува гласот... жално ама така е и тој тоа не го признава иако се гледа.

    Со текот на времето почнав дури и самата да се прашувам дали навистина претерувам.

    Пред неколку дена бевме на свадба и повторно се случи истото. Седевме на голема маса со повеќе луѓе. Во близина имаше жена која јас воопшто не ја познавам. Забележав дека таа го гледа сопругот, а потоа забележав дека и тој постојано го враќа погледот кон неа.

    Во еден момент лично ги фатив како се гледаат. Кога сопругот забележа дека јас сум го видела тоа, буквално се збуни и почна нервозно да се занимава со работите на масата( најјадното пипкаше прибор како дете на 16 години кога ќе го погледне симпатијата)

    Бидејќи со години слушам дека си замислувам, овој пат решив да оставам телефон да снима. Не за да го следам цел живот, туку затоа што сакав еднаш засекогаш да знам дали навистина гледам нешто што не постои.

    Имам околу половина час снимка. Од неа досега анализирав само околу седум минути и во тие седум минути избројав 31 поглед во правецот на истата жена.

    Но, еден момент особено ме повреди.

    Во еден период отидов во тоалет. На снимката се гледа како сопругот погледнува во правецот од каде што треба да се вратам. Откако очигледно гледа дека сè уште ме нема, се врти кон страната каде што седи таа жена и повторно гледа таму. Токму тоа мене најмногу ме погоди, затоа што повеќе не го доживеав како несвесно „ми избега погледот“, туку како однесување кое се менува кога мисли дека сопругата не гледа.

    Подоцна забележав слично однесување и кон друга жена на афтер партито.

    Најголемиот проблем за мене можеби веќе не се ни самите погледи, туку неговата реакција откако му ги покажав снимките. Тој и понатаму вели: „Што сум направил?“, „Кого сум гледал?“, „Ништо не сум направил“, иако на снимката јасно се гледа дека повеќепати се врти и гледа во истиот правец.

    Јас не тврдам дека ме изневерил физички, дека разговарал со тие жени, дека побарал број или дека планирал нешто со нив. Немам доказ за такво нешто и не сакам да измислувам нешто што не се случило.

    Но, за мене постои огромна разлика помеѓу да забележиш некого и свесно, повторно и повторно да проверуваш дали таа личност те гледа и да ѝ возвраќаш внимание. Јас лично, ако забележам дека некој маж ме гледа со интерес, намерно го тргам погледот и не воспоставувам повторно контакт, токму од почит кон мојот сопруг. Истото го очекував и од него.

    Она што дополнително ме боли е што во минатото тој знаел да биде многу љубоморен кон мене. Еднаш дури тврдеше дека сум имала нешто со музичар кој пееше на моминска вечер на која присуствував, иако човекот воопшто не го познавам. Стигна дотаму и да му се заканува. Значи, од мене очекувал исклучително строги граници, додека кога станува збор за неговото однесување, одговорот е дека „ништо не направил“.

    По оваа свадба кај мене нешто едноставно се скрши. Не поради една жена и не поради еден поглед, туку поради чувството дека истиот проблем трае со години, дека јас сум зборувала дека ме повредува, а цело време сум добивала одговор дека си замислувам.

    Во моментов сериозно размислувам за разделба. Немаме деца. Не сакам одлуката да ја сведам на „се разведува затоа што маж ѝ погледнал друга жена“, бидејќи ни јас не мислам дека е проблем некого да забележиш. За мене проблемот е повторливото барање и возвраќање внимание, фактот што тоа продолжува и кога мисли дека јас не гледам, повеќегодишното негирање и двојниот стандард што го чувствувам во нашиот однос.

    Затоа навистина би сакала да слушнам мислење, особено од жени кои се долго во брак или врска.

    Како вие би го протолкувале ова однесување? Дали за вас повторното разменување погледи со друга жена е форма на флерт или е нешто на кое воопшто не би му придавале значење? Дали повеќе би ве загрижило самото гледање или тоа што партнерот со години го негира? И дали сметате дека јас премногу строго го доживувам ова?
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    7.022
    Пол:
    Женски
    Многу реалистично гледаш на ситуацијата, само сега си стигнала до точка кога почнуваш да си признаваш себеси дека не е ок. И да е ок за некоја друга, тоа не е важно, бидејќи во односот си ти. Има двојни стандарди, или ќе почнеш да се однесуваш како него, што секако нема смисла на долги стази, зошто би се претварала во нешто што се коси со твоите принципи, или ќе пресечиш. Муабет како што кажуваш не ти помага, и да го уцениш со развод може евентуално да стане попретпазлив, друго да смени не знам.

    Сопругот ти е манијак, 31 поглед за 7 минути, немам коментар. И да е слободен, однесувањето е загрижувачко. Подлабок е овде проблемот и нема ништо со тебе. Не сакам да сугерирам, мислам дека си свесна и самата.
     
    На eliesaab, Panda00, GirlVolley и 9 други им се допаѓа ова.
  9. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    7.031
    Пол:
    Женски
    Се гледа дека долго си размислувала и не ти било најлесно. Ситуацијата во која што си воопшто не е едноставна. Доколку се одлучиш да превземеш посериозен чекор како што е разделбата биди подготвена на поголема манипулација и да те прават несигурна во својата одлука. Долго време те гаслајтнувал а кога ќе виде дека си сериозна ќе те прави уште по ненормална.

    Ваквиот тип на луѓе како маж ти ми се многу добро познати и верувај таму некаде има женски кои те гледаат со сожалување. Тие луѓе не се менуваат ни по брак ни по деца ни по ништо на светот.

    Доколку имаш барем една привлечна другарка можиш да ја прашаш доколку сака да биде искрена дека и нејзе ја има гледано или ако си приметила дека на твоите другарки не им е баш најпријатно во негова близина ќе имаш одговор најдобар.

    Тој ги гледа, сака да флертува биди сигурна во тоа и се замислува дека е уште неодолив фраер ама е лудо нешто да ти даде потврден одговор дека е така.

    Со среќа.
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    31.664
    Пол:
    Женски
    Ова што ќе ти го кажам нема многу да ти се допадне ама сакам искрено да ти дадам мое мислење. Според мене, анализирајќи го неговиот однос, сигурна сум дека и да те нема изневерено до сега, во првата можна прилика ќе го стори тоа. Тој кога се дрзнува во твое присуство да зјапа жени па на некој начин и да флертува со нив, замисли колку комотен би бил да не си ти таму. Ти му реагираш на односот, тој е свесен дека приметуваш и за да нема проблеми колку-толку припазува и бара изговори. Тоа што си го снимала за мене не е баш нај исправен потег ама тоа е што е, барем си увидела некои работи. Иако премногу се замараш со анализи и броење колку пати на каде погледнал. Ти како да сакаш да увидиш дека не е така и дека грешиш ама треба повеќе да веруваш на своите очи и својата интуиција. Не само тоа, за мене огромен ред флаг ќе бил уште моментот кога тој се заканувал на пејачот. Жалам ама сериозно треба да го преиспиташ твојот брак и да размислиш дали сакаш иднина со ваков човек. Како одминува времето, во секој брак доаѓа до монотонија и навика еден на друг. Тогаш уште повеќе ќе биде заинтересиран за други жени.
     
    На eliesaab, Panda00, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.831
    Допаѓања:
    15.158
    Пол:
    Женски
    Run!
    Во мое присуство на седенки,скари и слично секогаш прво ги нудеше другите девојки,пијалок и сл...прво јас мислев претерувам исто,but later....it was worse that i ever imagined,колку работи и зад грб,според мене end it,тешки манипулатори се тоа.
     
    На eliesaab, M&M, Gosh и 9 други им се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.638
    Допаѓања:
    194.038
    Попрати го уш малце па ке има шо да видиш
    Класичен курвар
    Изневерена,си сто пати не еднаш
     
    На eliesaab, see.emily.play, Unknown_7 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Сама си го даде одговорот на прашањето.
    Ти си таа што многу си се трудела за врската, а тој?
    Во брак сте од минатата година а веќе 4 години е ваква ситуација? Зошто стапувате во брак кога гледате дека нешто некаде не чини? Зошто се залажувате сами?
     
    На Gosh, Jana Sandevska, Ana1010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ana1010

    Ana1010 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    41
    Ви благодарам на сите за мислењата. Искрено, ми беше важно да слушнам како други жени би ја доживеале ситуацијата, бидејќи со години се убедував дека можеби јас претерувам. После сè што прочитав, само уште повеќе сум сигурна во тоа што го чувствувам. Не сакам веќе ништо да докажувам ниту да истражувам, само сакам мирно да продолжам понатаму, тешко ќе биде, но не би сакала утре децата(кои за среќа ги немаме) да си го гледаат таткото како флертува со други жени или ја менува целата личност за да испадне "мачо мен". Ви благодарам уште еднаш.
     
    На eliesaab, Aleks.mar, M&M и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Не оди веднаш на оставање.
    Прво разговарај со него. Дај му ултиматум. Или ќе престане или развод. Ако не те сфати сериозно тогаш знаеш што треба да правиш. Ама чим веќе е дојдено до брак тогаш пробај уште еднаш.
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.089
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Повеќе сакам да се надоврзам, не баш дека реплицирам, се надевам членката ќе прочита. Јас мислам дека ултиматум нема да смени ништо. Само ќе почне да се прикрива некое време.
    Не ми се допаѓа како звучи оваа приказна, мислам дека најдобра опција е прекин додека нема деца.
     
    На eliesaab, Panda00, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    54.311
    Пол:
    Машки
    Каков ултиматум да му даде? Или престани да глеаш или крај, и дечкото магично ќе престане да глеа? Тешко да се деси тоа, cheater alert е момакот,затоа мој совет е да прекине на време.
    Можам да замислам кога е сам што прави чим во нејзино присуство се буља по други жени.
     
    На eliesaab, Panda00, Stressed Out и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Точно дека најверојатно ништо нема да смени.
    Ама брак не е врска. Очи отварање треба пред да се стапи во брак. Во врска може одма да го/ја оставиш. А во брак ќе пробаш и ќе знаеш дека си направил се за да го задржиш тој брак.
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    5.107
    Допаѓања:
    54.311
    Пол:
    Машки
    Па гледаш дека девојчето рече дека толку години вложувала за бракот да успее,не знам што треба да направи у оваа ситуација. Да му ги ископа очите за да не глеа по други? Или да му остави едно за да може да си го најде патот до дома,а кога ќе се врати да начека празен стан,оваа варијанта ми се свиѓа поише.
     
    На anggell, CameliaMiller, Buttermilk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ana1010

    Ana1010 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    41
    Ви благодарам уште еднаш на сите. Само ќе се надоврзам за да добиете малку појасна слика за нас како пар. Живееме во друга држава, имаме заеднички сопствен бизнис, работиме заедно и буквално сè што имаме сме го изградиле заедно од нула. Живееме убаво, двајцата се грижиме за себе, тренираме и генерално сме да не речам атрсктивни луѓе.
    Во Македонија дојдовме само за оваа свадба, но проблемот не започна таму. Истиот модел на однесување го забележувам откако почнавме да живееме заедно, пред околу четири години. Го имам забележано во теретана, на улица, кога ќе помине привлечна жена.. и не мора да биде ни на наша возраст. Кај него буквално се менуваат држењето, одот, понекогаш и начинот на кој зборува. Како кога во средно училиште сакаш да оставиш впечаток пред симпатијата што е вознемирувачки не прифатливо.

    Секогаш кога ќе го спомнев тоа, добивав: „Не е така“, „Си замислуваш“, „Јас така ги гледам луѓето“, „Што има чудно во мојот поглед?“ Поради тоа со години се преиспитував дали можеби навистина јас претерувам.

    Сум се обидувала да најдам и објаснување почнувајќи од тоа декс можеби му недостига самодоверба, можеби му годи потврдата дека е сè уште посакуван, можеби едноставно не знае како да се однесува кога ќе почувствува внимание од друга жена. Сум разговарала со него најмалку десет пати, сум нудела решенија, сум поставувала граници, па дури претев со раскинување.

    Затоа не се согласувам дека решението е уште еден ултиматум. Ултиматуми веќе имало. Резултатот е само тоа што понекогаш однесувањето станува посуптилно. На свадбата мислеше дека не гледам, а камерата покажува прикриено гледање, значи се изнавежбал суптилно да го прави тоа, но не е сведен дека говорот на телото го издава, бидејќи целиот се пореметува и во држање и се по ред.

    Најтажно ми е што на снимката гледам човек со бурма на раката како ја крева чашата и истовремено гледа кон друга жена. Па чекај голем МАЖУ таа бурна има значение. Ние сме едно семејство иско сме без деца, ние сме заедница и неговото однесување не го доживувам само како негов личен срам, туку како непочитување на она што сме го изградиле заедно.

    И токму затоа повеќе не гледам смисла во „или престани или ќе се разведам“. Ако морам на возрасен човек постојано да му објаснувам дека разменувањето заинтересирани погледи со други жени ме повредува и дека поради тоа може да го изгуби бракот што се постигнува? Не сакам некој да се контролира само затоа што се плаши дека ќе биде фатен. Сакам човек кој самиот има граница и кој го чува она што го избрал. Зарем јас треба да учам возрасен човек како да се почитува сопружник во брак во кој тој не внел бидејќи тој ме запросил сам и свесно.
     
    Последна измена: 7 септември 2026
    На eliesaab, BellaBibi, sparklie и 18 други им се допаѓа ова.