Брачни совети

Дискусија во 'Брак' започната од Silver.E, 27 август 2013.

  1. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Бегај сестро додека немате деца.
     
    На eliesaab, Taanekoja, Panda00 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Читаш не дочитуваш. Во брак се од минатата година. А претходно во врска 4 години.
    Точно дека обично вака прават повеќето. Во врска се премижува, се замислува дека не е реалноста таква каква што е, на сила брак и после во брак а ова не чини одма се оставаме. Треба да е обратно.
    Никој не го напиша тоа што го напиша ти. Доволно е цврсто одлучно да му даде временски ултиматум да речеме еве еден месец. Ако не ја сфати сериозно тогаш развод. Во брак прво се пробува, се разговара па потоа се става крај.

    Нормално дека не успеал ултиматумот затоа што он не престанал а ти си продолжила со него. Кога ти не стоиш зад твоите зборови мислиш дека он ќе биде сериозен?
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.766
    Допаѓања:
    35.279
    Пол:
    Женски
    Бегај жено, ако до сега не те изневерил, 100 посто ќе го направи тоа кога ќе бидеш трудна или кога ќе се роди детето. Тогаш најмногу збеснуваат они.
    Бегај навреме и заблагодарувај му се на бога шо немате деца.
     
    На eliesaab, sparklie, Zaljubena26 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Настрана случајот со членката, мене ме интересира мислења од другите.

    Зошто е нормално во врска да се премижува на она што е очигледно? Зошто се мисли дека во брак ќе се смени (на подобро)?
    Во брак може само да е полошо. 95% од проблемите е затоа што на време не се прекинало пред да дојде до брак.

    Секоја врска што сум ја прекинала е затоа што сум видела и не сум можела да се правам дека не гледам. Ако ме излажал значи ме излажал и нема магично да престане да ме лаже затоа што потпишал и носи бурма.
     
    На Danka Smotanka, DoubleK и st-el им се допаѓа ова.
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    18.638
    Допаѓања:
    194.038
    Оти со сила при очи се прават слепи и мислат дека они ке го сменат
    Криво дрво не се исправа запамтите
     
    На sparklie, azelea, st-el и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Да ама тоа се оправдува. Читам во разни теми и членките најчесто ја оправдуваат неа иако она знаела. Не велам дека мажот е тој што не е крив, напротив.
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.426
    Допаѓања:
    39.269
    Пол:
    Женски
    Затоа што членкава си има работа со класичен манипулатор. Опасни се, цело време вината ја префрлаат кон партнерот. Одат до таму, што партнерот не може да разликува реалност, се обвинува себе си, итн. Треба време додека не сфатиш со кого имаш работа.
     
    На eliesaab, Danka Smotanka, azelea и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Не знам, прашувам затоа што ми е несфатливо.
    Никогаш не ми било проблем да прекинам врска. Мене ме гуши да останувам во врска каде гледам дека очигледно ме лаже или изневерува или не ме почитува на било кој начин.
     
    На Ana1010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.816
    Допаѓања:
    16.233
    Пол:
    Женски
    Искрено, требало уште додека си била во врска да го шутнеш ама биднало.
    Среќа голема што немате деца. Бегај колку нозе те држат од овој. Прво ќе почнуваш постојано да му следеш погледи, потоа кавги и да те убедува дека не е крив, ќе си ја намалиш самодовербата дека не вредиш и на крај психата ќе ти ја раздрма.

    И да ти вети брда и долини вакви манијаци не се менуваат кој што сака нека каже. Тој ќе си остане таков за век и векови. Поклони и го на некоја од тие што ги мерка и не се врти назад.

    Замисли секое негово излегување само да го премотуваш во глава постојано, каде гледал, што правел, со кого бил. Ти веќе немаш доверба во него. Тој во твое присуство што прави а не па сам. Откачи се од него додека не те полудел.

    Колку и да ти биде тешко за поминатите години, се тоа ни е лекција за какви личности не сакаме во животот.
     
    Последна измена: 7 септември 2026
    На H.VAGA, Buttermilk, Mumoftwo30 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Ana1010

    Ana1010 Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2026
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    41
    Да, и јас веќе сум свесна дека ова тешко може да се поправи и дека за некој ваквното однесување на оженет маж не е ништо страшно но за мене е. Најлошо од сè е што тој и после сè не го прифаќа тоа што му го зборувам и покажувам на снимките туку и понатаму тврди дека јас погрешно гледам, дека си замислувам и дека тој едноставно бил „таков“. Буквално излегува муабетов - ВЕРУВАЈ МИ НА МЕНЕ не на своите очи.

    А на крај последиците нема да ги има само тој, туку и јас. Треба да излезам од ова како разведена жена, да си го превртам целиот живот наопаку, да се разделуваме финансиски, деловно, со домот, со сè што сме граделе заедно од нула. Буквално треба повторно да си го организирам животот поради туѓо однесување кое јас не сум го избрала.

    И можеби затоа најмногу ме јаде туѓиот срам. Знам дека рационално не треба да го гледам разводот како дамка, ама моментално ми е тешко да не го чувствувам така. Како човек се помирува со тоа дека мора да си го растури целиот досегашен живот поради туѓи избори?
     
    На eliesaab, Aleks.mar и azelea им се допаѓа ова.
  11. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.089
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Или тоа, или цел живот ќе го корегираш и правдаш и пред себе и пред други. Уште во првиот пост ми остави впечаток дека ти е многу важно како работите изгледаат од надвор не ти пишав одма за тоа, но сега сметам дека треба. Ако си отворена, земи го предвид мислењево. Не е битно како нештото изгледа, битно е какво е бо суштина. Евтин подарок може да биде ставен во скапа кутија, безвкусна торта да изгледа прекрасно, дотеран човек да биде суров итн. Вашата врска изгледала совршено (не памтам точно како беше пишала, складно, ) но во суштина е несреќна зошто ти си несреќна во неа.
    Според мене, иако како изгледа разведена жена за тебе е пострашно од жена во брак, среќно разведена жена е секогаш подобро од несреќно мажена.
    Значи или ќе си почнеш нов живот да си градиш, или цел живот ќе доградуваш и "реновираш" нездрави темели.
    Се надевам ќе си дадеш самоподдршка и сила да направиш добар избор за себе- тоа е твоја одговорност, а не да ја преземаш неговата одговорност , што ќе го правиш ако останеш со него.
     
    На eliesaab, butterfly6223, BellaBibi и 18 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.547
    Допаѓања:
    280.554
    Јас не се разведував, се разделив од партнерот после 15 години, среќа, деца немаме.
    Неговите срамови (различни од на маж ти, ама сепак срамови) си ги осеќав долго како лично мои.
    Со тек на време научив дека јас сум одговорна само за своите постапки и избори, не можам да сум одговорна за постапките и изборите на друга возрасна личност.

    За лесно нема да ти биде ич лесно, ама другата опција е да останеш со човек кој не те почитува, манипулира со тебе, љубоморен е оти мисли дека ти ќе правиш тоа што тој прави итн.

    Не вреди животот да го поминеш вака едноставно.

    Нема толку лош развод, колку што може да е несреќен бракот.
     
    На eliesaab, Panda00, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    31.664
    Пол:
    Женски
    За жал на некои најбитно им е да се омажат и поради тоа замижуваат за многу работи. Битно им е да се случи тој брак. Знам за многу примери каде жени по секоја цена гледале да задржат некој и да стапат во брак со него како да е ликот последен на светот. Мислат дека после тоа маѓично ќе се промени. Некои со деца брзаат демек да го врзат. Важно маж имаат а тоа што истиот тој е спремен да ги изневери со се што е женско нема везе, битно неа не ја остава.
     
    На Gosh, Ana1010, lovely91 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Buttermilk

    Buttermilk Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2024
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    2.256
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на една пријателка на мајка ми која истото го преживува веќе10год. И на двајцата им е втор брак(уствари на манијаков му бил трет, ама тој тоа го сокрил, од различни градови се па женава многу покасно дознала, сеедно, гледате гнида бил уште тогаш) и многу пати кога има доаѓано кај мајка ми сум ја слушала како се жали баш за овој проблем. Секоја година си одат на одмор и на овој очите му истекувале по жените на плажа, плус сакал по цел ден да се сонча(читај да гледа други жени) :drunk:
    Кога ќе видел некоја позната жена на улица застанувал, муабет со неа па и на кафе/ручек ја канел, буквално секоја позната, пред очите на жена му.. А да, ќе заборавев, додека си оделе на одмори овој бумеров имал навика да стекнува нови пријателства, исклучиво со жени, па така им приоѓал на рандом личнпсти со скроз клише муабети, додека неговата венчана сопруга од далеку го посматрала. Лудо, нереално, ужасно, како и да се нарече сè е малку...

    Запрашај се дали понатаму сакаш и ти ваков живот да имаш, бидејќи со сигурност тој нема да се смени, освен на побетер. Кој има такво понашање на 30, ќе има и на 60 години, доказ е бумеров погоре кој со едната нога е у гроб, ама чекааај ќе се замислува дека е плејбој. :envy:
    Како што кажа некој погоре криво дрво не се исправа. (y)
     
    На Aleks.mar, azelea и Ana1010 им се допаѓа ова.
  15. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    5.530
    Пол:
    Женски
    Искрено, сум наидела на ситуации каде што жената мисли дека ако му роди дете на партнерот и ќе се промени. Што е уште по трагично.
    Волкот го менува влакното, не карактерот.

    Сигурна сум дека голем дел мислат дека ако имаат долга врска и ако не премижат нешто, дека нема да најдат друг. Ако поминале 5/6г врска и шансите им се мали, нема да можат да се снајдат во средината пак. Реално, држи до некаде вода, сите сме размислиле на ова, ама секогаш треба на прво место да си се ставиш себе си, а не некој друг.

    Целосно ја поддржувам и членката што напомена дека единствена цел во животот на некои жени е да се омажат. Пре би била сама, отколку со некој таков манијак.

    Во случајот на членката @Ana1010 , многу ме зачуди и тоа дека стапиле во брак. Стапуваш во брак со личност што тебе не те почитува во врската, а не па во бракот, што понатаму? Каков мислиш дека ќе ти е бракот? Тие се некои клучни прашања што треба да си ги поставиш и одговориш.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    И јас да си ја кажам маката.
    Заедно сме повеќе од 15 години. Откако се роди дете - ниту момент не го погледнува - ниту прошетка некаде - ништо од негова страна. Цело време е зафатен и работи, а јас сама одам секаде и се грижам за се окулу домот и детето - значи буквално не знае ништо за него. Ако одам некаде да излезам без дете - тоа треба да е најавено барем две недели унапред а за тоа врме тој е пред ТВ, а тој си излегува и се враќа кога сака. Не проверувам ни тел ни ништо - не ме занимаат тинејџерски глупости.
    Последниот период сериозно размислувам да го оставам зашто очигледно немам никаков бенефит од него - ниту сум исполнета на љубовен план ниту пак детето е. Заедно сме како семејство само на одмор или ако треба да се оди - идат гости.
    Пред да се роди детето не беше таков - заедно се првевме по дома, одевме во ресторани и сл.
    Инаку не зависам на никаков начин од него - заработувам доволно да има за мене и детето.
     
  17. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Колку време бевте во врска и каков беше тогаш?
     
  18. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    7 год - супер беше. Сакаше мн деца да имаме итн. Ова не го очекував ни на сон.
     
  19. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    1.883
    Пол:
    Женски
    Многу сакаат да имаат деца затоа што така треба, во такво општество живееме и сл.
     
  20. Taanekoja

    Taanekoja Активен член

    Се зачлени на:
    Сабота
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    И јас сакам деца - ама не верував дека ќе сум самохрана мајка во брак.