Преубаво е украсено и новогодишниот базар е еден од најдобрите во Европа. Добар избор ќе направиш. Ако не те мрзи возење, оди со кола. А тури до таму сигурно има преку агенциите. Пиши на гугле ,,Тура до Будимпешта за новогодишните празници" и ќе ти искочи нешто.
Јас сум била со автобус пред неколку години, возењето низ Србија не е мачно, ама на унгарска граница многу се чекаше, стигнавме во 2 ноќта на граница, а тек во 7 сабајлето влеговме во Унгарија. 15 автобуси беа пред нас. Добро е што ноќе се патува и можеш и да поспиеш без да го осетиш чекањето. За враќање немавме ваков проблем.
За Нова не сум била, ама за адвент да. Искрено, напорно е со автобус, патот не толку колку дремењето на граница. Маџарите замараат малце. Мислам дека некои четири или пет саати се изначекавме. Ама, Будимпешта е преубава и има многу што да се види, нема шанси да ти биде досадно таму. Убава е во било кој период од годината, ама сега мислам дека е нешто посебно, ја ич не сакам зима ама таму многу се осеќа празнична еуфорија. Мој совет ти е да не купуваш факултативи од агенција туку во своја режија да шеташ, зашто со агенција сѐ е на брзина и ништо нема да видиш како што треба, нема да го доживееш градот. Евтино им е метрото, не се сеќавам точно колку беше, мислам околу евро и нешто, или две евра. Во Старбакс, по сувенирниците и на Базарот примаа евра. Ти препорачувам да ги посетиш: Рибарската тврдина, Плоштадот на хероите, градскиот парк, Тврдината на кралските палати, црквата Св. Стефан, аквариумот во Тропикариум, улиците Ваци, Андраши и Ракочи. Обавезно ноќно крстарење на Дунав, околу 15 до 20€ мислам дека беше со пијачка. Многу е убаво навечер, п р е у б а в о! Најубави слики се прават од брод пред парламентот, ама после девет ги гасат светлата. Препорака за кафичи и ресторани: Њујорк кафе, 360 sunset bar, Szimpla kert, Foresale pub, The magic. Можеш да ја посетиш и Сент Андреа, тоа е помало градче, ама симпатично е. Има многу продавници, бутици, кафичи, ресторанчиња, музеи. Стварно е преубаво искуство, нема да згрешиш.