Преубаво е украсено и новогодишниот базар е еден од најдобрите во Европа. Добар избор ќе направиш. Ако не те мрзи возење, оди со кола. А тури до таму сигурно има преку агенциите. Пиши на гугле ,,Тура до Будимпешта за новогодишните празници" и ќе ти искочи нешто.
Јас сум била со автобус пред неколку години, возењето низ Србија не е мачно, ама на унгарска граница многу се чекаше, стигнавме во 2 ноќта на граница, а тек во 7 сабајлето влеговме во Унгарија. 15 автобуси беа пред нас. Добро е што ноќе се патува и можеш и да поспиеш без да го осетиш чекањето. За враќање немавме ваков проблем.
За Нова не сум била, ама за адвент да. Искрено, напорно е со автобус, патот не толку колку дремењето на граница. Маџарите замараат малце. Мислам дека некои четири или пет саати се изначекавме. Ама, Будимпешта е преубава и има многу што да се види, нема шанси да ти биде досадно таму. Убава е во било кој период од годината, ама сега мислам дека е нешто посебно, ја ич не сакам зима ама таму многу се осеќа празнична еуфорија. Мој совет ти е да не купуваш факултативи од агенција туку во своја режија да шеташ, зашто со агенција сѐ е на брзина и ништо нема да видиш како што треба, нема да го доживееш градот. Евтино им е метрото, не се сеќавам точно колку беше, мислам околу евро и нешто, или две евра. Во Старбакс, по сувенирниците и на Базарот примаа евра. Ти препорачувам да ги посетиш: Рибарската тврдина, Плоштадот на хероите, градскиот парк, Тврдината на кралските палати, црквата Св. Стефан, аквариумот во Тропикариум, улиците Ваци, Андраши и Ракочи. Обавезно ноќно крстарење на Дунав, околу 15 до 20€ мислам дека беше со пијачка. Многу е убаво навечер, п р е у б а в о! Најубави слики се прават од брод пред парламентот, ама после девет ги гасат светлата. Препорака за кафичи и ресторани: Њујорк кафе, 360 sunset bar, Szimpla kert, Foresale pub, The magic. Можеш да ја посетиш и Сент Андреа, тоа е помало градче, ама симпатично е. Има многу продавници, бутици, кафичи, ресторанчиња, музеи. Стварно е преубаво искуство, нема да згрешиш.
За автобус спремете се најмалку 15 часа пат. Посетете ја Филозофската Градина или Болницата во Камен спремана за Втората светска војна. Околу Нова Година нема да видите многу Унгарци што е и добро (досадни луѓе), безбедно е, чисто, убаво. Убав помин на сите што планирате таму да патувате.