Мојот фитнес ден (+ мотивации) Луѓе да ве прашам за совет Значи на работа кревам многу тешко и рацете ми се направени како некој билдер...Значи не можев да најдам слика, ама горе рамењата и накај вратот некако подувани ми се, ( а немам сало на рацете ). Веќе не можам корсет да си облечам не личам на ништо... И со другарка ми баш се споредувавме, и на неа такви и се станати рацете од работата ...
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Без слика ништо не може конкретно да се каже зашто твојата перцепција за сопственото тело (и рацете) воопшто не мора да е точна .
Мојот фитнес ден (+ мотивации) ќе може да ми препорачате некои испробани вежби за намалување на обемот на рацете значи нејќам да ги зацврснам нејќам мускули само сакам да ги ослабнам какви вежби треба да правам ?
Раце ако сакате по дома да вежбате купете си тегчиња и правете ги вежбите. Доколку одете во теретана таму има многу справи за вежбање на рацете. Уствари мене тренингот ли е поделен на на Нозе, Грб и Гради, (а не раце) значи еден ден правам вежби само за грб, другиот само гради, третиот ден вежби само за нозе, и после пак од почеток. еве на пример гради како се вежбат. http://www.youtube.com/watch?v=THfy0Xxxq_U
Имам вакви раце и многу ги мразам ве молам кажете некои вежби, дитети било што само да ги истенчам рацете, сакам да ми се тенки, не вакви инаку имам добро тело, текнка сум, ама рацеве ...
ако не одиш на фитнес купи си мали тегови од 2 или од 3 кг, и вежбај дома. http://www.youtube.com/watch?v=wREp8zVuP7Y и овтови на youtube има еден куп видеа. А еве ти нешто и за без тегови http://www.youtube.com/watch?v=-dvlLt_kEuo
Едно прашање - како ги изедначувате мускулите на рацете? Бидејќи нели нормално е едната рака да е поразвиена од другата. Во мојов случај на десната рака имам забележително поголеми и поубаво исцртани мускулчиња. Не дека разликата е којзнае колку голема, ама сакам да ми бидат приближно исти. Цело време вежбам со тегови со иста тежина, не знам дали да качам тежина само на левата, да правам повеќе вежби на таа рака или нешто слично Некој совет?
И кај мене е ваква ситуацијата со мускулната маса на рацете. Мускулите на десната рака се поизрзени од левата.Изедначувањето тешко се постигнува, иако сум пробала да правам вежби само со таа рака затоа што десната почесто ја користам за физичка работа, па во тој случај оформувањето на мускулите на левата рака нема континуитет.А само вежбите,без физичка активност, не се доволни за да се одржат мускулите во форма.Ова е од мое лично искуство, но ти можеш да пробаш како мислиш дека ќе има ефект,само како совет ти посочувам, после вежбите зафати се со некоја домашна работа (расчистување, кревање предмети, носење товар, во смисла кога пазаруваш повеќе активарај ја таа рака). Се надевам дека ме разбираш, па пиши за резултатите.Ме интересира дали ќе успееш.
Ист случај сум и јас, десната рака многу повеќе ја користам за работа низ дома, левата скоро воопшто не ја малтретирам. Ете прееска пробав да мијам садови со левата, ама некако не ми одеше, целата како наопаку се осеќав Можеби затоа што воопшто не ја користам левата, се надевам дека ќе се навикнам. А знам и дека ќе се заборавам, од навика за сѐ ја користам десната. Ама ќе се потрудам левата повеќе да ја активирам, па ќе видиме како ќе оди.
http://www.youtube.com/watch?v=4pcaD3wInqM http://www.youtube.com/watch?v=Hz14WcUIbCE http://www.youtube.com/watch?v=XZDCKmgNNyE
само трчање му е мајката....јас долго време имав проблем со тие така наречени свадбарки...на надлактицата...кога почнав со трчање и гушките и свадбарките се средија...ама ете сега пак залегнав и полека полека ми се враќаат....
Ако сакате нешто ефективно, со резултати за 2 недели Ви ја препорачувам дефинитивно женскава и видеово. Испробано на себе.
Едно прашање до сите вас.. почнав да одам на фитнес па да ми кажете што да вежбам за слабеење на раце?
Не постои такво нешто како spot reduction т.е не можеш да топиш масти баш таму каде што сакаш. Второ, не постои посебна вежба за качување маса/слабеење. Се слабее со диета.
@Arijana22 Еве идеи за вежбање: @Alpha010 Не се согласувам. Точно дека исхраната е 80% од фит телото, но секако дека и преку одреден тип на вежби може да се сконцентрира посебно на место што особено и е важно да го намали
Хаха, исхраната и тренингот се двете 100% од телото. Едното без другото не можи, но пак ќе кажам без вакви факти те молам. Изведување на одредени вежби ќе доведи до затегнување/стимулирање на мускулот НО не и топење на мастите специфично во тој дел. Што сакам да кажам е дека, ако вежбате стомачни не значи дека ќе добиете подобра сепарација таму, или ако вежбање квадрицепс ќе горите масти специфично во тој дел од телото. Ако ве интересира повеќе, побарајте Spot Reduction на гугл. Барем денес со интернетот е лесно.