Трпе му праќа писмо на синот студент во Скопје. Во писмото покрај банкнотата од 500 ден. имало и лист на кој што пишувало: - "Драги сине, еве ти ги праќам оние 500 денари кои ми ги бараше, и само да знаеш 500 се пишува со две нули а не со три, џабе те праќам на факултет!"
Фата работела како полицајка. Знаела дека и се ближат „оние“ денови, и баш на сред работно време добила менструација. Бидејќи не смеела да го напушти работното место, се јавила во станица и побарала замена. Дури после 3 часа стигнал колегата кој требал да ја замени, но мртов пијан. - „Па, човеку како стигна ваков и зошто по ѓаволите си мртов пијан??“ - „Па Фато, кога ти јави дека си добила, прво шефот викна една тура пиење, па заменикот, па началникот, па секретарот, па Перо, па Стојко, па Станко...“
Некој ром полагал за кола. Оди во авто-школа и возат со инструкторот, по некое време инструкторот го прашува ѓуптинот: Каков знак е овој? - 100% алумиуниум шефе.
Во одделот за интензивна во Скопје секоја недела точно во 11 часот умираат пациентите во ист кревет, без оглед на нивната состојба. Лекарите станаа многу загрижен поради тоа што не можат да ја утврдат причината за смртта на пациентите. Некои дури претпоставуваат дека се појавува некоја натприодна сила во тоа време. Еден ден, тие одлучиле да се соберат во недела во 11 часот и конечно да дознаат што се случува тоа време во собата. Некои од нив дојдоа со дрвени крстови, бели лукови, со цел да се заштитат од злото. Кога часовникот означи 11 часот, влегла чистачката во собата, го исклучила системот кој го одржува пациентот во живот, и ја вклучила правосмукалката…
Се вози баба во автобус... кога пред неа двајца се „фаќаат“. Кога девојката сфатила дека бабата гледа во нив, и рекла: - Бабо, би сакала и ти вака, нели? А бабата и одговорила: - Е, драга ќерко, во мое време јас одев од едната страна на улицата, а тој од другата. Јас само ќе му мавнев со раката и тој ќе се возбудеше. Види сирота ти што сè треба да направиш за да се возбуди!!!
Си бил еден човек се возел во авион и му се приодело во веце но вецињата биле зафатени...И тој си свфршил работа во панталоните после се пресоблекол и панталоните ги пуштил преку прозорецот,а тие паднале врз јајца.И доaѓа една жена и му зборува на тој што ги продава јајцата вели: -Де тргни панталоните да ти видам јајцата!
синот го прашува таткoто.. синот:тато што се тоа педери? таткото:педери се гости синот:а што е тоа курац? таткото:пааа .. тоа е закачалка.. синот:а тато .. што е тоа пичку матер? таткото: тоа е дневна соба По неколку часа дошле гости и синот ги поздравил.. : Добредојдовте педери.. оставете ги палтата на курац и одете у пичку матер !!
Се возел Мујо во воз, а спроти него седи еден дечко. Во еден момент дечкото го прашува колку е часот. Мујо го извадил саатот од џебот погледнал во него и го вратил назад. После некое време дечкото го прашува: - Извинете, зошто не сакате да ми кажете колку е часот? - Затоа што ако ти кажам, ти мене ќе ми кажеш фала. Јас ќе ти кажам нема на што. После тоа ќе ме прашаш каде патувам. Јас ќе ти кажам дека одам во родниот град. Ти ќе ме прашаш кој ме чека таму, а јас ќе ти кажам дека имам жена и ќерка. Потоа ќе ме прашаш колку години има ќерка ми, а јас ќе ти одговорам дека има 20. Ќе ме прашаш дали е убава, а јас ќе ти одговорам потврдно. Таква убавица ретко каде можеш да видиш. После ќе сакаш да дојдеш со мене за да ја запознаеш, а јас ќе те одведам во мојот дом. Кога ќе ја видиш веднаш ќе ја запросиш, а ја ќе морам одма да те отерам у пи*ку мате*ину зашто што ќе ми е зет бе што нема ни саат?! Ете затоа!
Што ќе ни е Њу Јорк, кога ние си го имам Грујорк Го чув пред некој месец, но сега ми текна да го напишам. Мене ми смешно
Синот го носи свидетелството дома: - Со што помина сине? - Пет двојки тато! - Ииии, ќе има многу тепање! - Знам тато. Веќе им ги зедов адресите на наставниците.
Се случува несреќа на брод и единствени преживеани се Јапонец и Црногорец. Седат двајцата во чамец за спасување и Јапонецот прашува: - Што ќе правиме сега? А Црногорецот одговара: - Аман бре, вие Јапонците само нешто да правите. Малиот Зоки Поки постојано и поставувал на мајка си досадни прашања. Таа се изнервирала и му рекла: - Ако продолжиш така ќе се разболам, ќе дојде докторот, нема да може да ме излечи и ќе умрам... - И после што ќе биде? - Ќе ме погребат и нема да ме има веќе. - А како ќе те погребат? - Ќе помине мртовечката кола и ќе ме однесе во гробиштата. - А ќе може ли јас да седам на предното седиште до шоферот? Студент на ветерина полага испит. Професорот имал некоја птица во кафез, која била покриена со чаршав. Го поткрева малце чаршавот колку да и се видат нозете на птицата. - Колега, која е оваа птица? - Појма немам! - Епа жал ми е колега, паднавте, кое е вашето име? Овој ги поткрева панталоните колку да му се видат малце нозете... - Е, ај погодете! Знам 10 работи за тебе! 1. Имаш компјутер 2. Имаш мобилен телефон 3. Го читаш ова 5. Ти си момче или девојче 6. Не запримети дека четворката ја нема 7. Погледнуваш кон четворката 8. Леле... Каде е двојката? 9. Погледнуваш кон двојката... сфаќаш дека се зезав 10. Се смееш!
Во ординација чекаат многу луѓе меѓу кои и Трпе. Излегол докторот и им рекол дека за денес е доста и да дојдат утре. А Трпе: - Докторе а јас што ќе правам со печењето! - Добро ај ти влези, другите одете си. - А бе докторе што да ти кажам, многу ме пече кога мочам! Се вратил Трпе од шопинг од Турција и му раскажува на својот пријател: - Купив се и сешто, ама што купив еден џемпер, ептен скапо го платив. Никаде нема таков добар џемпер. - Каков е тој џемпер, каква боја е? - Види како да ти објаснам... знаеш каква е бојата на "трула вишна"? - Знам. - Е па, ист таков, само зелен. Отишла баба на гинеколог на редовен преглед, а тој на зафрканција и рекол: - Е, па, честито бабо трудна си! - Море, овие денови ни на сопствен прст не можеш да му веруваш Шетаат две нули по пат и здогледуваат една осмица. -Види ја,сељанка,врзала каиш!
Некој диџеј фатил златна рипка и веднаш ја пуштил. Рипката му рекла: - Почекај малку! А трите желби? Диџејот воздивнал и рекол: - Добро! Кажи кои песни сакаш!
Една женска клетка залутала во машката глава, и што ќе види, празна глава. - Има ли некој овде? - викнала женската клетка... Почнала по малку да се загрижува, и повторно викнала? - Еееееј, постои ли некоја жива клетка овде!!!? Никој не и одговорил, бидејќи се осетила многу осамена пробала по последен пат на цел глас: - Eeeeeej, има ли некој овде??!?!? Тогаш се слушнал глас од далеку: Еееееј, симни се долееее! Сите сме тука!
На часот по биологија наставничката испрашувала и го прашала Трпе: - На која страна се наоѓа срцето? - На 65 страна од нашите учебници.
Се јавува Цанко од Германија, каде што е на привремена работа: -Миленце мое, ти ли си? -Јас сум тато. -Кај е мајка ти? -В соба. -Ај викни ја. -Не можам, со поштарот е. -Со поштарот?! Знаеш каде е пушката? -Знам. -Земи ја и убиј ги двајцата! Го прави тоа Миле и се враќа до телефонот: -Ги убив! Што сега? -Однеси ги во шупата и покри ги со дрва. -Ама ние немаме шупа. -Како? Чекај, дали е тоа Долно Дупени? -Не, овде Подмочани. -Ајдеее...погрешен број.