Отишол еден човек во фурна за леб и го прашува продавачот: Колку пари ви се трошките? Продавачот одговараа: Трошките се бесплатни. Човекот на тоа му вели: Ајде ако сакате изронете ми два леба.
Оди еден тип на трафика и му вика на продавачката: -Дај ми Нова Македонија! А оваа: - Нема,ако сакаш да ти дадам Вечер? -Не, фала вечер ќе ми дај жена ми...
Се среќаваат Мујо и Хасо и Мујо вели: - Имам три вести за тебе, лоша, полоша и најлоша. - Започни со лошата. - Јас сум геј! - А која е полошата? - Многу ми се допаѓаш! - А најлошата? - Два пати сум посилен од тебе!
Поминува Итар Пејо преку камен мост и го гледа Тарзан како се спрема на скокне во Вардар: - Немој да скокаш, долу има многу школки! - Јас сум Тарзан, крал на животните, не се плашам ниту од лавови, ниту од слонови а камоли од вашите школки. Скокнал Тарзан и после 5 минути излегува целиот со крв и го прашува Пејо: - Какви се тие школки на дното? Итар Пејо: - Па има две од Фиќо и една од Лада.
Ја прашува внукот бабата: - Бабо, кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените? Бабата одговара: - Кога те чеша увото и кога ќе го ставиш прстот, кој ужива повеќе, прстот или увото?
Цветко се јавува во водовод: - Ало, водовод ли е тоа? - Да? - Од чешмата тече вода! - Е вие што очекувавте? - Епа, како што ја гледам сметкава, очекував Heineken. Како се вика абортус на италијански? - Ремонто де ла пичоре. Децата во Македонија не смеат да отворат чоколадо, Груевски со членовите од Влада одма доаѓаат на отворање.
Иде некој дедо 80 годишен на преглед и докторов му вика: -Браво бе деде имаш супер крвна слика, притисокот ти е ко на младич, добро се движиш...како бе вака се одржуваш во кондиција? -Абе види, станувам сабајле рано, ги пуштам тоа патките по дворот и ги бркам цел ден и така вежбам! -Ех не е до тоа сигурно, од патки бркање не се чува здравјето, сигурно е нешто ген...кажи ми на колку години почина татко ти? -Кој бе починал скраја да е...жив е човекот! -Како бе жив?!?!? Колку години има? -99 -Жити се, па он како се одржава? -Исто бе исто, стануваме од сабајле ги пуштам патките и трчаме! -Абе ти викам неможе од тоа да е...кажи ми дедо ти на колку години почина? -Ти бе ненормален да не си? Какво умирање...супер си е дедо...120 години има! -И ДЕДО ИМАШ??? Па добро бе и он ли трча по сабајле со вас? -Па како, ама денес неможеше пошто ќе се жени па има обврски нешо... -Ќе се жени?!?!?! Па добро бе што му текнало на 120 години да се жени жити се? -Абе и он нејќе ама неговите го тераат....
♦"Богат француски производител на вино дошол во некое кафанче во Кавадарци и ставил 5.000 евра на масата и рекол: Кој може на екс да испие 5 литри вино ќе ги добие парите. - Јас! - рекол Блажо, само да ме почекате 30 минути. Французинот се согласил. По 30 минути се враќа Блажо и за 20 секунди испил 5 литри вино. Французинот му ги дал парите и го прашал зошто чекал 30 минути за да ги испие 5-те литри вино: - Пааа...бев до дома да видам дали стварно можам, за да не се брукам пред пријателите. - одговорил Блажо.."♦
Влегува полицаец во бурекџилница и вели: - Дајте ми бурек! Продавачката веднаш му одговорила дека немаат бурек. Полицаецот упорен пак и вели: - Дајте ми тогаш со месо! Го гледа продавачката и му вика: А бе ти луд си или луд се правиш, ти реков нема бурек! Полицаецот пак упорен: - Епа тогаш дајте ми со сирење! Се изнервирала продавачката и отишла кај шефот на полицаецот и му кажала што се случило. Шефот на продавачката и рекол: - Е штом така ти правел, требало да го земеш бурекот и да му го удриш од главата!
Зоки Поки оди целиот модар на училиште. Учителката прашува: - Зоки, што ти се случи? Тој раскажува: - Сношти си легнавме да спиеме. Тато праша: - Зоки, спиеш ли? Јас одговорив: - Не. И добив еден силен шамар. После половина час татко ми прашува: - Зоки, спиеш ли? Јас одговорив: - Да. И добив уште посилен шамар. Помина уште пола час и татко ми пак праша: - Зоки, спиеш ли? Јас ништо не одговорив. Тато и вели на мама: - Ајде. А јас прашав: - Каде?
1. Оди Кавадарчанец на одмор во Малта и запознава една Јапонка и се заљубуваат еден во друг се зимаат. Живееле една година во Кавадарци но виделе дека нема перспектива и заминале за Јапонија. И него го нема 8 години никаде жив ни да се јави ни да дојде во Кавадарци ... После 8 години му се јавува на другар и му вика собери го цело друштво и ве чекам во токио на гости идат они во токио тој ги пречекува еи седнуваар да ручат .. По едно време излегува жена му си ја вади цицката и почнува да си ја стиска и овој изрипува од масата влегува во другата соба ја фаќа мајка и на невестата ја е*е и зима кофа вода си ја истура на глава ..Другарите запрепастени го прашуваат море што ти стана што одлепи вака и овој им вика: слушајте ние 9 години сме во брак ни јас научив јапонски ни таа кавадаречки па со нозе со раце се разбираме. И тие го прашуваат и што ти рече жената .. а тој вели ми вика оди купи млеко ... а ти што и кажа го прашуваат, а тој им вика епа јас и викам да ја ебам мајка ти не гледаш дека врне истура како од кофа! 2. Плавуша вози кола и застанува на семафор...одма се закачува едно ромче на шофершајбната да и го чисти стаклото и она му дава 10 денари... светнува зелено и плавушата продолжува да вози и пак застанува на семафор ..гледа пак истото ромче се фрла на шофершајбната да и го чисти стаклото ... пак му дава 10 денари..светнува зелено и продолжува да си вози .. пак застанува на семафор и пак истото ромче и се фрла на шофершајбната да и ја чисти шофершајбната ... отвора оваа прозор и му вика ..слушај ќе ти дадам 50 денари ако ми кажеш како на 3 семафори стигнуваш пред мене ??? -Ромчето ..слушај мури ти ..ќе ми даваш ли 200 денари да ти кажуам како да излегуваш од кружниот ток !? 3. Ром настрадал во сообраќајна несреќа и итно го носат во ургентен. Лекарот свикува:-Сестро, инструменти А ромот:- Немој бре,кој ќе свири сега...целиот сум искршен 4. Зошто плавуша има една наполнета и една празна чаша со вода покрај креветот? Спојлер - Можеби ќе е жедна, а можеби не!
Синот на некој полицаец на школо учел за негативни броеви. Но ништо не му било јасно па го замолил неговиот татко да му појасни. Таткому му објаснил вака: - Види сега. Во еден автобус имаш 5 патници и на следната станица излегуваат 7 од нив. Значи треба да влезат уште двајца за автобусот да биде празен. Двајца студенти полагаат испит. Влегол првиот и еве ги прашањата: 1) Кога почнало илинденското востание? - 1903! 2) Кој ја напишал глаголицата? - Почнал Кирил, а ја завршил Методиј. 3) Дали постојат вонземјани? - Се верува но не е докажано. Сите прашања се точни. Ти положи. Потоа првиот се му кажал на другиот и овој оди: 1) Кога си роден. - 1903. 2) Навистина? А кој те направил? - Почнал Кирил, а завршил Методиј. 3) Абе ти да не си луд? - Се верува но не е доказано!
Идеално семејство Жената: - Мажу дојди да се напиеш едно ладно пивце! Мажот: - Сега драга, само да поминам набрзина со правосмукалката.
Трпе го сретнува Цветко: - Еј, па кај си бе ти, што правиш? - Еве, бев до лотарија да си купам грепка, и нема да веруваш, го изгребав автомобилот! - Стварно? - Да бе, го закачив контејнерот пред зграда. Трпана го среќава Трпе утрото на 8ми март со букет преубаво цвеќе во рака, па целата насмеана го прашува: - Драги, колку убаво цвеќе. За мене ли е? Трпе и одговара: - Ма не, тоа е за секретарката. Трпана на тоа почнала да се лути и да вреска: - Свињо една одвратна, неа цвеќе, а мене курац!!! Трпе ладнокрвно на тоа и одговорил: - Е добро бе, го сакаш ти цвеќето? Полицаец застанува плавуша и и вели: - Возачката, ве молам. - Немам господине. - Тогаш ќе те казнам тебе. И полицаецот и пишува казна, а плавушата му вика: - Ама господине, не носам пари. - Тогаш најпаметно е да се договориме некако. - Е што ќе се договориме паметно, јас плавуша ти полицаец.
Се среќаваат Трпе и Цветко после многу години. - Што има ново? – прашува Цветко. - Се оженив пред неколку месеци. - Ајде со среќа нека ти е. Имаш фотографија од жена ти? - Да, да. Еве види ја. - Ништо, има и пострашни! - Молам!? - Извини, извини, нема пострашни! Извор: http://www.vicoteka.mk/vicovi/#ixzz22VPEA0GY
Синот: Мамо ќе ми дадеш 1000ка за во град? Мајката: Не! Мислиш дека парите растат на дрво?? Синот: А од што се прават парите? Мајката: Од хартија. Синот: А хартијата од каде доаѓа? Мајката: ……
Управител на фирма пушта оглас за работа: „Бараме човек кој ги решава сите проблеми, плата 100.000 денари месечно“. После неколку часа се пријавил човек за таа должност. Откако се запознале, управителот прашал: - Имате ли некакви прашања? - Да, само едно – како ќе најдете толку многу пари за да ме плаќата? Управителот: - Па, тоа е првиот проблем кој ти треба да го решиш!