На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето: - Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат…
На прв час фоф гимназијата професоро кон дежурние: -Има ле отсатни? -Нема професоре! Сите са тука. Фоф тове момент задишано флази еден од учениците. -Добрутро. Професоре може ле да седна? -Не може. Ние сите сме тука! -Ама професоре – правда се дежурние – не сам го видел. -Е ка че го видиш кат не беше тука, смирено му одговара професоро.
Плавуша во Грција на одмор. И приоѓа некој Грк, и подава рака, и вели: - Христос Пападопулос. - Навистна Пападопулос!
Жена и се јавува на својата пријателка: - Леле да ти кажувам што се случи... Го пратив овој мојот да купи компири и на улица го згази кола. - Иииии, ужас! И што ќе правиш ти сега? - Не знам ... најверојатно ориз.
Доаѓа Хасо со пушка в рака во кафаната и вика: „Кој спиел со жена ми нека каже одма“? Се јавува еден човек што седел на масата пред него и му вика: - Џабе ти е Хасо, немаш доволно куршуми.
Оди мравка во аптека и му вика на аптекарот имате ли аналгин ? Аптекарот вели имаме да ти го замоткам ? А мравката вели не ке си го гуцкам до дома
Влегува наркоман во црква и му вика на попот: - Кај си бе нинџа, добро ти е станчево, само постериве ти се нешто стари
Испит Професорот се клати на столче. Тоа се крши и студентот се гази од смеење. Професорот: -Леле, колега, како си паднавме! Teст за пијанство Застанува полицаец некој човек и му вели: -Ќе направиме еден тест за тоа дали си пијан, ако ми одговориш, ќе ти поверувам дека не пиеше. Кажи ми, дали Мики Маус бил маче или куче? Aвтобуска станица Стојат две русокоси пред автобуска станица. Едната го прашува полицаецот што стоел покрај нив. -Извинете, можам ли да стигнам до Скопје со автобусот на кој пишува Скопје? -Да, да- и одговорил полицаецот. Втората русокоса, збунето: -А јас можам? Во театар Одат две русокоси во театар и прашуваат на каса: -Извинете, имате билети? Касиерката прашува: -За Хамлет? Русокосите: -Не, не, за нас... Во кревет Лежат две русокоси на кревет, но немало доволно место. Едната русокоса при туркање испаднала од креветот, па другата и вели: -Ајде, можеш да се качиш, сега има повеќе простор.
Оди некоја баба на доктор за преглед. По направените анализи на крвта докторот и вели на бабата : - Бабо, многу ти е слаба крвта, треба да јадиш повеќе железо. Бабата на тоа одговара : - Абе докторе, јас со вилициве мои леб не можам да јадам како шо треба, не пак железо
Некоја девојка на село го однела бикот на парење со крава од некоја од соседните куќи, и додека бикот и кравата се пареле, девојката и момчето кое што било сопственик на кравата седеле на оградата и ги гледале. По некое време момчето и вели на девојката: - Кога го гледам вака бикот, просто и мене ми се прави истото. Девојката се врти и му вели: - Прави што сакаш, кравата е твоја.
Трпе и вели на Трпана: - Трпано знам еден трик со кој сите девојки се согласуваат со мене да имаат секс! - Така ли! Кажи го! - Ајде прво да имаме секс, па ќе ти го кажам! Две пријателки прават муабет: - Гатачката ми кажа дека ќе живеам среќно со некаков убав и висок русокос маж. - Прекрасно! - Да, но не ми кажа што да правам со мојот сегашен сопруг. Цветко чувал свињи во Германија. Арно ама станува еден ден да ги нарани и гледа му ги украле свињите. Се јавува на полицијата и вели: - Ми ги украдоа свињите! На тоа германскиот полицаец вели: - Good!? - A бе каков бут со се ги одвлекоа!! - Was!? - Не на вас на нас! Цветко се пушта на девојка и и вика: - Ти си најубавата, најзгодната и најдобрата девојка која некогаш ја имам запознаено! А девојкава му враќа: - Ај бе не лажи, само сакаш да ме легнеш! А Цветко: - Опаа, дури и паметна си!
Невиност Мамо, денеска бевме на систематски преглед и излезе дека од триесет женски само една е невина. - Браво, срце на мајка, злато мое. - Не бе мамо слушај ме, тоа да ти била професорката.
На брегот од Охридското езеро уметник црта пејсаж. Крај него се приближуваат Трпе и син му и застануваат зад неговиот грб. Откако извесно време ја набљудуваат работата на уметникот, Трпе поучно му вели на синчето: - Гледаш ли сине, како се мачат луѓето кои немаат фотоапарат…
Зошто и покрај тоа што се вели татковина, јазикот сепак се нарекува мајчин јазик? Затоа што татковците ретко доаѓаат до збор. Се јавува слушател во радио емисија и разговара со водителот: -Здраво, дали сум во етер? - Да, повелете. - Одам јас така по улица денес, кога гледам на земјата новчаник. - И, го земавте ли? - Нормално. - Што имаше во него? - Лична карта и 1000 евра. - И чива беше личната карта? - На некој си Трпе. - Добро, и што сакате сега? - Една песна за Трпе ако може...