Разговарале диригент и виолинист. - Што мислиш за Моцарт? – прашал диригентот. - Тој е добро момче. Лани заедно свиревме заедно. - А што мислиш за Бетовен? - И тој е добар. Пред еден месец свиревме заедно во Париз! - А какво е твоето мислење за Бах? - Супер. За 5 минути треба да се најдеме, па заедно ќе одиме за Велес, со возот во 16 и 30. Нешто сепак му говорело на диригентот дека не треба да му верува на виолинистот. Мислел, мислел и на крај му текнало: Возот за Велес е во 16 и 40.
На една река од едната страна била мечката што берела капини, а на другата зајакот. - Еј, мецо, дојди да видиш нешто што го гледам јас! – вели зајакот. - Не можам, зајко, јадам! - Ма, дојди, кога ти велам! Ќе се изненадиш! – вели зајакот. - Не доаѓам. Но, зајакот замарал така едно саат време и мечката сепак решила да отиде до зајакот. Влегла во водата и замалку не се удавила. Кога истоштена дошла кај зајакот, тој рекол: - Ај, мецо, погледни колку капини има од таа страна на реката.
Влегла жена во зградата каде што се наоѓа „Силуете“ и тропнала на врата каде што мислела дека се наоѓа салонот, но не знаела дека го згрешила спратот. Отворил некој средновековен маж, и жената малку се изненадила, но прашала: -Силуете? Мажот без размислување одговара: -Силуеме! Жената влегла во станот…
Оди детенце во продавница и зема чоколадо, стигнува на касата да го плати и продавачот му вели: Малечок си, не би требало да јадеш чоколадо, штетно е. Детето: Знаеш ли дека дедо ми живееше 100 години. Продавачот: И тој ли јадел чоколадо?! Детето: Не, тој си ја гледаше својата работа
Човек влегува во аптека и му вели на докторот, Докторе имаш нешто против кашлање ? Докторот: Немам ништо против ти само кашлај си.
Жена и се јавува на својата пријателка: - Леле да ти кажувам што се случи... Го пратив овој мојот да купи компири и на улица го згази кола. - Иииии, ужас! И што ќе правиш ти сега? - Не знам, најверојатно ориз.
Си биле Германец, Англичанец, Французин, Швајцарец, Грк и Македонец и се фалеле што имале најдобро во нивната држава. -Германецов почнал: Ние имам најдобри коли - мерцедес. -Англичанецов вика, ние ја имаме најпознатата кралица, Елизабета. -Французот вика ние имаме Ајфелова кула. -Швајцарецов вика ние имаме најубаво Женевско езеро. -Гркот па се истакнал: ние имаме најдобри печатници за весници. -Македонецов се мисли и едно време вика: Абе го знаете вие Марко Крале? И сите едногласно: Неееееее! Епа вака: Марко Крале отишол со мерцедес до Англија и ја земал принцезата Елизабета, ја качил на Ајфеловата кула, таму ја направил парче, после к*рот си го измил во Женевското езеро, а ако не ми верувате прочитајте во грчките весници.
Одат две русокоси во театар и прашуваат на каса: -Извинете, имате билети? Касиерката прашува: -За Хамлет? Русокосите: -Не, не, за нас...
Седат две баби и пијат чај. Едната и вели на другата: "Од што е чајот?" А другава одговара: "Немам поим, најдов некоја трева кај внук ми во соба!"
Си шетал Климе покрај езеро и слуша некој оттаму вика HELP! HELP! Се врти Климе и онака незаинтересирано вика: -Ко ти велев да учиш пливање, ти сакаше англиски, па сега удај се!
1.Наставничката го прашува Трпе: - Трпе кога се берат јаболкате? - Кога комшијата не е дома, наставничке! 2.Починала некоја мирна девојка и оди кај Господ. - Господе, јас живеев чесно, не пушев, не пиев, не одев по мажи. Каква награда ќе ми дадеш за тоа? Господ се замислил и наредил: - Дајте и крилја! - Ооо, ќе ме правиш ангел? - Не! Гуска! – одговорил Господ.
Седел ученик на час и напишал статус на ФБ: - Сите учат, само јас на Фејсбук. По извесно време, коментар од професорот - Ќе станеш да си го видиш кецот или да те тагнам?
Козата се заљубила во полжавот и му вели : - Сакам да се оженам за тебе. А на тоа полжавот и одговара : - Признај курво тоа е заради куќата.
Што е рај за Иле? - Да има Македонка жена, да јаде кинеска храна, да живее во британска куќа и да прима американска плата. А што е пекол за него? - Да има американска жена, да јаде британска храна, да живее во кинеска куќа и да прима македонска плата.....)))
Одат двајца Охриѓани да купват папагали. Продавачов немал два, па на едниот му дал папагал, а на другиот був. По неколку дена се среќаваат. - Море како папагалов зборвит? - Ооооо не да зборвит море уста не затворат, глава тапан ми ја напрај. - А твојов како, зборвит? - Мојов не зборвит, ама се интересират.
Згодна плавуша патува со воз. До неа седи еден млад дечко, кој мисли како да започне разговор со неа. После некое време тој прашува: - Извинете, за каде патувате? - За Битола. – одговара плавушата. - И што ве влече натаму? - Локомотивата. Полицаец запира автомобил за проверка. Го погледнува шоферот со безбедносен ремен, со сета потребна опрема, се по правила. Полицаецот го погледнува и вели: - Честитки, ќе заработите 30.000 денари од програмата „возач за пример“! Како ќе ги потрошите парите? - Ќе полагам за возачка дозвола! – вели човекот а жената до него се јавува: - Не го слушајте господине полицаец, тој кога е пијан само глупости зборува. Од задното седиште се поткрева едно момче и вели: - Ви реков дека со крадена кола нема далеку да стигнеме! А од багажникот се слуша глас: - Што се случи? Ја поминавме ли границата?
Мујо и Фата во Лондон. Влегуваат во такси. Возачот прашува: “Where are you coming from?” Мујо вели: “From Bosna!” Фата: “Што прашува?” Мујо: “Праша од каде сме и јас му реков од Босна.” Возачот: “Which town?” Мујо: “Сараево.” Фата: “Што прашува?” Мујо: “Прашува од кој град сме, а јас му реков Сараево.” Возачот: “I had the worst sex in Sarajevo!” Фата: “Што прашува?” Мујо: “Маа рече дека те познава да ти е*** матер!” Отишла плавуша со исчукана кола во сервис на пеглање. Сервисерот решил да се пошегува, па и рекол: - Не ти треба пеглање, само ти дувај во ауспухот, самата ќе се исправи. Се вратила плавушата дома и почнала да дува, ама ништо не се случило. Поминала друга плавуша и ја прашала: - Што правиш, ма? Објаснила оваа што прави, а другата со смеење искоментирала: - Па, како ќе се исправат дупките, си ги оставила прозорците отворени Селанец продава петел на пазар. Доаѓа купувач: - Леле колку убав петел! Им се качува ли на кокошките? - Да да, им се качува! И не само на кокошките, и на гуските, патките, козите... Еднаш дури и на кучето му се качи! - Тогаш зошто го продаваш? - Од вчера нешто чудно ме гледа... Влегува Цветко во ресторан и седнува на една слободна маса. Доаѓа келнерот, го прашува што сака, а Цветко му вика: - Го сакам тоа што го јаде оној господин. По неколку минути се враќа келнерот со модринка на едното око и вели: - Жалам, не го дава. Таа ми рече дека сум она нешто без кое цвеќето не може да живее. Подоцна разбрав дека тоа е ...ѓубре.