Вицови

Дискусија во 'Насмевка' започната од Mimi, 22 ноември 2009.

  1. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Xоливудска актерка му се обраќа на сопругот:
    - Побрзај Џон, твоите и моите деца се степаа со нашите!

    Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
    Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и – како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
    А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
    - Види го животно, а дојде само да нè испрати!

    Доаѓа Груевски во посета на детска градинка. Ги гледа малите деца како си играат и вели:
    - Ставрески! Дај пиши чек на 5000 евра за подобрување на животните услови во градинкава!
    Ставрески пишува чек и продолжуваат понатаму со посетите. Сега го посетуваат затворот Идризово. Ги гледа Грујо затворениците кои се таму и вели:
    - Ставрески! Дај пиши чек на 5 милиони евра за подобрување на животните услови во затворов!
    - Па, како за децата пет илјади, а за овие злосторници и разбојници пет милиони? – се чуди Ставрески.
    - А ти, Ставре, кај мислиш дека ќе одиш по наредниве избори – во градинка или во затвор? :rofl:
     
    На anichka94 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Си бил некој Скопјанец во Охрид и оди до трафика и го прашува продавачот:Имате Марлборо?Продавачот: Да имаме. Скопјанецот: А, Лајт?Продавачот: Ами не е куче да лајт‌. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Srekicka, Elennaa и kikav им се допаѓа ова.
  3. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Влах пред умирање прави муабет со син му:
    -Тука е мајка ти?
    -Да.
    -Сестра ти?
    -Да тука е.
    -Брат ти?
    -Да тато сите сме тука.
    -Епа зошто свети ламбата во другата соба?
     
    На iloveyou29, Stoimenovska, K.Mari4ka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    362
    Отишол некој дедо во јавна куќа, сакал да плесне нешто. И целиот тресејќи се им рекол таму: Дајте ми некоја зенска, сакам да еб*м.
    На тоа, жената му одговорила: Абе дедо, стар си ти, бегај таму...
    Тој пак-дајте ми нешто да еб*м, ќе платам, не е проблем...
    -Абе дедо, стар си веќе, ти си ја заврши својата работа!
    -Дедото: Да?? А колку треба да платам?
     
  5. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Трпе и Трпана отишле на прошетка во планината. Стигнале до еден бунар. Најпрво Трпе фрлил паричка за желба, а потоа дошла на ред и Трпана. Фрлила паричка и наеднаш паднала во бунарот, и Трпе рекол:
    - Туууууууу, овие желби ама брзо се исполнуваат.
     
    На iloveyou29 и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Зашто плачат цигани кога гледаат ТИТАНИК ??? МНОГУ ЖЕЛЕЗО ПОТОНАЛО :lol: :lol:
     
    На Lella, De-lovely, anichka94 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    После успешна операција на слепо црево, пациентот му вика на докторот: Докторе може да ве прашам нешто?
    Докторот: Може зошто да не!
    Пациентот: Видете докторе, дали сега после операцијата ќе можам да свирам на клавир?
    Докторот: Да да ќе можете!
    Пациентот: Еј фала ви многу докторе...предходно врска немав од свирење !
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Мал град
    Двајца колеги си разговараат на работа:
    - Трајче, што си толку радосен?
    - Планирам да се женам, Перо.
    - За која, бе?
    - За Васка од сметководството.
    - Што да не си полудел? Па, цело Кавадарци има спиено со неа, бе...
    Следниот ден двајцата пак разговараат на истата тема.
    - Трајче, што ќе правиш, се предомисли ли за свадбата?
    - Не Васо. Синоќа кога си отидов дома, го разгледав глобусот... Па, Кавадарци да знаеш и не било ништо, бе...
     
    На Elennaa и Sara123 им се допаѓа ова.
  9. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Некоја баба паднала, а Грујо и’ помогнал да стане, па бабата му се заблагодарила:
    - Оф леле, фала ти, фала ти, Грујо.
    А Грујо:
    - И, дали сега ќе гласате за мене?
    Бабата:
    - Синко, паднав што паднав, ама на газот, а не на главата.

    Отворила мечката продавница, и прв купувач и’ бил зајакот. Прашал дали има моркови. Мечката му рекла дека нема. Но зајакот бил упорен и доаѓал секој ден да бара моркови. После две недели и’ здосадил на мечката, па мечката му се заканила: ако дојдеш уште еднаш да побараш моркови, ќе те заковам на ѕидот со шајки. Следниот ден доаѓа зајакот и ја прашува мечката:
    - Медо, имаш ли шајки?
    - Не - му одговорила мечката.
    - А моркови? :lol:


    Некој дедо му ги раскажува авантурите од Втората светска војна на својот внук.
    - Тогаш нè заробија Германците и ни рекоа: „Бирајте, или ќе ве испоубиеме, или ќе ве издупиме“.
    - И? – прашал внукот.
    - И... нè испоубија! :rofl:
     
  10. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Како умрел капетан кука?
    -После голема нужда се избришал со погрешната рака!

    :tmi:
     
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ученик се качува во градски автобус без карта.
    Влегува контролор, му се приближува и му вика: карта.
    Ученикот одговара: бојлер.
    Контролорот пак му вика: карта.
    Ученикот пак одговара: бојлер.
    Контролорот, изнервирано: што бе бојлер?!
    Ученикот, божем изненадено: што бе карта?!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  12. VanillaSky

    VanillaSky Активен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2012
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    13
    Две Охриѓанки на плажа во Охрид решиле да се прават Србинки
    и едната и вика на другата
    - Симона,хајде доџи да се купамо
    А оваа другата и враќа
    - Немогу ма,ме дупет камењава.

    Без навреда за сите Охриѓанки.....
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Појадок: еден кекс и еден секс.
    Ручек: два кекса и два секса.
    Вечера: три секса, без кекси.
    Совет: доколку оваа диета не даде резултати, појачајте ја вечерата.


    За време на еднопартискиот систем, учителката го прашува малиот Трпе:
    - Трпе, кој е најголемиот воин на сите времиња?
    Трпе станува и како од пушка одговара: - Јосип Броз Тито!
    - Седи, петка - му вели учителката.
    Трпе седнува во клупата, вади сликичка со Рамбо од под неа и вели:
    - Извини Рамбо, ама кариера си е кариера.

    Во преполн воз еден патник му вели на сопатникот:
    - Еве, веќе десет години патувам со возов и никогаш не била ваква гужва...
    - Десет години! - зачуден е сопатникот. -А на која станица вие се качивте?!
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  14. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    1.Мамоо знаеш Перо шо фана? Шо фана? Фана се обеси...

    2.Eto , kad ti je švalerka u stanu , čitav komšiluk zna !!! A kad ti opljačkaju stan , niko ništa nije video.
     
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Најава на потонување на брод

    Капетан на прекуокеански брод добива депеша и им се обрнува на патниците:
    -Драги патници, стаса една добра и една лоша вест. Што сакате прво да чуете?
    -Ја сакаме прво добрата вест!
    -Филмот за нас ќе добие 11 Оскари.
    _________________________________________________________________________
    Двајца мортус пијани

    Двајца пијани. Првиот:
    -Простете, можам ли да поминам помеѓу вас двајца?
    Вториот:
    -Секако, но само еден по еден.
    _________________________________________________________________________
    Полицаец и „Јас“

    Седи полицаец во канцеларија и некој чука на врата.
    -Кој е?
    -Јас.
    -Јас?! Невозможно!
    __________________________________________________________________________
     
  16. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Девојката: Што ќе бидe ако умрам утре?
    Дечкото: Петок!


    На прашањето: „Користите ли интернет?“ – потврдно одговориле 100% од анкетираните Македонци.
    Анкетата била спроведена на интернет.


    Кога синот личи на таткото тогаш тоа е генетски, а кога личи на комшијата тогаш тоа е влијание на околината.

    :P
     
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Си биле две курви и едната и вика на друга:
    - Маче, како на работа?
    - Ќути, напорно, од работа не можам да прднам.
     
  18. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Цветко оди во продавница за спортска опрема:
    - Имате ли падобрани?
    - Да!
    - Ќе ми објасните ли како се користат?
    - Да, едноставно, ја влечете оваа рачка и падобранот се отвара.
    - А што ако не се отвори?
    - Тогаш ја повлекувате оваа рацка и се отвара резервниот.
    - А ако и тој не се отвори?
    - Тогаш донесете го, ќе ви го замениме.

    :D
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Силувале баба и на суд ја прашуваат:
    - Бабо, што ви беше најтешко?
    - Кога ми ги кренаа нозете и земјата од опинците се у очи ми улезе. :D :D :D
     
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Седи кец !
    Професоре, вие имавте бело југо така?
    Добро, еве ти 2ка.
     
    На NoU-NoLove му/ѝ се допаѓа ова.