Влегол човек во продавница за домашни миленици и бара да купи папагал. Продавачот му покажува три и му вели дека првиот чини 5.000 денари. - Зошто е толку скап? - Па знае 1,000 зборови, а решава и математички задачи. Вториот чини 10.000 денари бидејки знае 5,000 збора, решава математички задачи и креира компјутерски програми. - А третиот колку чини? - Епа овој е 20.000 денари. - Па што знае овој да прави? - Не знае ништо, ама овие другите го викаат ШЕФ ********************************************************** Што ќе се добие кога камион ќе згази влав? - Штедна книшка. ************************************ Кувар на холандски - Похо Ван Стек.
Мајката ја испраќа својата ќерка на забава: - Ајде, убаво помини си, и биди добра. - Е па мамо, ќе мораш да се одлучиш.
Што значи едно црно влакно во косата на плавуша? - Капка надеж. - Што учи вашето дете? - Абе он не го учи, он го работи,бре шоку! - А,што работи? - Терорист! - Аааа.... уште отсега го спремате за министер.....? - Јо бе!Га спремамо за премијер!!!!
Си бил некој човек, и фатил златен кувар.... И куварот му рекол-пушти ме , ќе ти исполнам 3 пиперки...
Трпана си доаѓа дома со нови обетки. Трпе ја прашува: - Од кај ти се? - Ги добив на лотарија. После некое време пак: - Од кај ти се обетките? - Ти реков ги добив на лотарија. После 2 недели, Трпана си доаѓа дома со 2 карти за одмор во Шпанија. Трпе пак ја прашува: - Од кај ти се картите? - Ги добив на лотарија. Во Шпанија Трпе лежи на плажата и и довикува на Трпана која е во водата: - Трпано, излези од водата, ќе ти настине лотаријата!
Разговараат двајца другари: - Си шетам слободно по други жени, без никаков проблем. И велам на жената, еве на пример, дека ќе одам на риболов. Таа нема ништо против и не се сомнева. - Пробај некогаш кажи и дека ќе одиш на риболов и врати се неочекувано, тогаш ќе разбереш зошто нема ништо против и не се сомнева.
Маж оди на забар: - Докторе колку чини вадење на заб? - 500 денари. - Многу скапо бе... нема ли начин за поефтивно? - Без анестезија 300 денари. - Пак е многу, може ли уште да намалиш? - Ако не ги користам инструментите, односно ако си донесете клешти 100 денари. - А уште поефтино? - Ако го вади забот некој од моите студенти, ќе биде бесплатно. - Супер! Закажете вадење заб за жена ми за утре!
Купила девојка вибратор, па одлучила да га испроба. Укључила га и вика: -Што се тресеш, и мене ми е прв пут!
Во месарница ѕвони телефонот. Муштерија : Здраво, имате свинска глава? Продавач : Да. Муштерија : А телешки нозе? Продавач : Да. Муштерија : А пилешки гради? Продавач : Да. Муштерија : Аман бе, на што личиш ти тогаш?
Едно дете-Влавче зело од самопослуга гума за џвакање, со устата направило балонче, кое веднаш му пукнало, а мајка му му вели: - Ете, друкпат не ти купувам повеќе балони! . . .Знаев дека веднаш ќе ти пукне
Ѕвони телефонот.. Слушалката ја крева таткото на девојката: - Здраво! Ти ли си рипче мое..? - Не!!! Овде е сопственикот на аквариумот..
Баба и дедо прославуваат 50 годишнина од бракот. Зготвила бабата вечера, седат на масата и таа вели: - Дедо, кога те гледам така, се сеќавам на годините поминати со тебе и ми станува топло на срцето. Дедото: - Е како нема да ти стане топло кога левата града ти е во супата
Вљубени дечко и девојка се бакнуваат на креветот. По некое време дечкото започнува да ја соблекува девојката. Девојката го турка: - Почекај! Не ли е подобро да го направиме тоа после свадбата? - Шо знам... А ако маж ти е некој билдер?
Свадбарско правило: фати се на орото за да стигнеш до ве-це-то. Побегнале Перо и Блажо во Германија. Бидејќи било тешко да се добие виза, се маскирале во мајмуни и Германците ги ставиле во зоолошка градина. Меѓутоа Германците сфатиле дека нешто не е во ред со нивните „мајмуни“, па одличиле да ги стават во кафез со тигар за да видат како ќе се однесуваат. Сироти Перо и Блажо се пикнале во еден агол и чекале тигарот да ги изеде. Одеднаш тигарот им пришол и им шепнал: - Не се плашете, јас сум од Велес. Трпе чита весник и и вика на Трпана: -Замисли Трпано, во весников пишува дека секогаш кога ќе вдишам и издишам, умира по еден човек! -Нормално, кога не ги миеш забите!
Трпе се дере на синот: -Сине гори куќата,брзо идај. -Чекај да објавам на статус на фејсбук. -Ок,тагни ме.
Американец, Французин, Грк и Македонец се качиле на врвот на Ајфеловата кула. Американецот викнал: - За Америка! - и скокнал прв и се отепал. После Французинот викнал - За Франција! - и тој скокнал и се отепал. После Македонецот викнал - За Македонија! - и го турнал Гркот.
Разговараат две пријателки: – Зошто се разведовте со сопругот? – Поради религиозни разлики. – Како тоа? – Па така, тој мислеше дека е Господ, а јас не.
Влегува полицаец во црква и започнува да ги дува свеќите. Попот оди до него и го прашува: - Зошто ги дуваш свеќите? - Како зошто?! Денес ми е роденден! Зошто мравките толку брзо се размножуваат? - Затоа што ниедна фабрика не произведува толку мали кондоми. Корисник се јавува на сервисерот за компјутери и му го кажува проблемот. Сервисерот- А, имаш ли икони на десктопот? Корисникот- Да! Сервисерот- Е, па моли се.
Седат на кафе 3 другарки, едната млада невеста, другата љубовница и третата мажена веќе 10 години. Решиле да направат еден експеримент со своите мажи, да ги изненадат облечени во црна, кожна, секси долна облека и со маска на лицето. Се среќаваат повторно после една недела и си раскажуваат како поминал експериментот. Младата невеста раскажува: - Си доаѓа тој дома, и ме наоѓа мене на спалната во мрежести чорапи, кожна долна облека и со маска на лицето. Тој веднаш ми се нафрли, ми рече дека сум љубовта на неговиот живот и водевме љубов цела ноќ. Љубовницата раскажува: Му отидов во канцеларијата во долг мантил. Ја затворив вратата, му реков да не гледа, ја ставив маската, се соблеков на кожната долна облека и му реков да погледне. Ништо не рече ама кога ми скокна, 5 часа без престан водевме љубов. Раскажува жената што е во брак 10 години: Се враќа тој од работа и седнува на фотељата. Јас ја отварам вратата и влегувам во собата, во црна, кожна долна облека и со маска на лицео, а тој ми вели: - Еј Бетмен, што има за ручек?
Се враќа Трпе дома и им вели на родителите: - Слушајте, имам една добра и една лоша вест. Добрата е дека ја оставив дрогата, а лошата е дека не знам каде сум ја оставил.