Влегуваат двајца другари во кафич. -Леле брат гледај ја оваа колкава е дебела сите тука ќе не изеде! - Сестра ми е таа! -Ахааа ... епа добро тогаш, нас двајца нема да не изеде.
Македонската фудбалска репрезентација еднаш некако успеала да се пласира на Светско првенство. Задоволни фудбалерите, пошле кај некоја гатачка за да им го претскаже исходот од Светското првенство. Гатачката им предвидела 4 први места. Фудбалерите зачудени прашале: - Како е можно тоа, 4 први места? Гатачката: - Први ќе отидете, први ќе играте, први ќе изгубите, први ќе се вратите. Долго ме немало во темава..
1. Мажот седнува пред телевизорот за да гледа реприза на фудбалскиот натпревар кој го пропуштил. Жена му го прашува: - Сакаш да ти го кажам резултатот од натпреварот? - Не, не сакам. Така нема да ми е интересно. Остави ме да гледам! - Како сакаш. Но гол нема да видиш... 2. Баба и дедо гледаат телевизија: - Ова веќе на ништо не личи! Срамота! Само секс даваат на телевизија! - Бабо, на National Geographic сме. Стави ги очилата да видиш дека мајмун јаде банана.
Кога некогаш ќе се почувствуваш тажен, депресивен, запоставен, мрзоволен... сети се дека некогаш си бил најбрз сперматозоид во групата!
На полицаецот Зоран пред вратата во снегот некој со мочка му напишал: -"Зоран педер". Овој изнервиран побарал услуга од колегите да откријат кој бил тоа. После извршените лабараториски анализи му ги кажуваат резултатите на Зоран. - Види Зоран имам една добра и една лоша вест.Добрата е што го откривме човекот, тоа е твојот најдобар пријател Љубе, а лошата е тоа што ракописот е на жена ти!
Лежат Мујо и Фата во кревет, веќе подостарени. Тој спие, а Фата жедна за малку романтика, го подбуцнува и му вика: - Мујо, кога ме освојуваше, навечер ме држеше за рака... Мујо ја фатил за рака, ја пуштил за неколку секунди и продолжил да спие. Фата, пак: - Е, а тогаш ме бакнуваше... Мујо се свртел, ја бакнал во образ и се завртел на другата страна. Фата, упорно: - После нежно ме грицкаше по вратот... Мујо лут, го трга јорганот и станува од креветот, а Фата збунета: - Е каде сега Мујо? Мујо уште полут: - Па по забите!
МАРИХУАНА: Трева која носи повеќе среќа од детелина со 4 листа. КРАЈ НА СВЕТ: Настан кој, сега веќе традиционално, се одржува на секои 3-4 години. КЛАУСТРОФОБИЈА: Страв од затворен простор. Тргаш накај кафана и одеднаш те фаќа страв да не е затворена. ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Плавуша се фарба црна ЕТНО КУЌА: Типична куќа во Македонија без струја, вода и телефон, исклучени поради неплатени сметки. МАЖ: Битие способно да се одвикне од млеко, но не и од цицка. 13та ПЛАТА: Плата која ја добиваш после 20 месеци работа кај приватњак. КУЧЕ: Месојед, но во Македонија и ЛЕБојед СМЕНА НА ГЕНЕРАЦИЈА: Кога на бандера старите некролози ги покриваат со нови. КЛУПА ЗА РЕЗЕРВНИ ИГРАЧИ: Клупа на гробишта која ја окупитаат старите бабички за задушници. ДОВЕРБА: Кога од службен пат, ненајавен и се враќаш дома на жената. ПОГРЕБ: Конечен триумф на гравитацијата ЛОПОВ: Личност која не се сложува со моменталниот распоред на материјалните добра. ВДОВЕЦ: Човек кој го преживеал бракот.
Се возе Блажо у автобусот за Скопје, у Велес се качуе еден згоден дечко и после некое време го прашуе колку е саатот, а Блажо го гледа сатот, ама не му кажуе колку е саатот, и дечкото го прашуе: ---Че извиниш, ама оти не ми кажиш колку е сатот... ---Оти ако ти кажам колку е , ти че речиш фала, а ја че речам нема за шо... Па че ме прашаш кај одам, а ја че речам за Скопје, ти че ме прашаш кој имам таму и ја че одговорам, ќерка шо студира... Па че ме прашаш колку години е, ја че речам 20, ти че прашаш дали е убава, ја че речам да.... Па че ме прашаш дали е убава, а ја че речам дека таква убавина ретко се раѓа.. Па че дојдиш у Кавадарци, и каа че а видиш це заљубиш у неа, и че а побараш за жена, а ја че те отерам у пичку материну, оти да го ебам ја тиа зет ни саат шо нема.....
Влегува еден човек во салон за автомобили за да го посети газдата кој е негов добар другар од детството. После вообичаениот разговор, газдава на Салонот почнал да го убедува својот другар да му направи промет: „Дај бе земи една кола за тебе? Биди другар.“ „Фала, ама веќе имам една.“ „Е па, ај тогаш земи за жена ти.“ „А бе, има и таа.“ „Тогаш, ај купи и една на швалерката.“ „Еј, ама си паметен. Па после вие да имате две, а?“
Министре, ми умре пациентот! - Како бе? - Не знам, се правев според упaтствата! - Влезе ли во главното мени? - Влегов! - Кликна ли на операција за слепо црево? - Кликнав! - Чекај, а удри ли пред тоа десен клик? - Не! - Е јебига, не си уклучил анестезија! Пази друг пат... - Сега што да направам? - Клик ескејп, па цтрл алт делит, ќе ти се јави дежурниот сајбер поп, бар поштено да го отпеат покојниoт...
Што е тоа? - Сите одат, еден ебе: Сватови. - Еден оди, сите ебат: Трпе на службен пат. - Сите одат, сите ебат: Излет на синдикалци. - Сите одат, еден наебал: Погреб. - Еден ебе, сите спијат: Состанок. - Сите одат, сите наебале: Работна акција. - Еден оди, сите наебале: Контрола на УЈП.
Гатачка му гледа на Трпе на дланка: - До 40 години нема да имаш пари и мноооогу ќе се секираш. - А после? - После? - После ќе се навикнеш.
Се враќа мажот дома порано од службено патување и гледа двајца педери во спалната: - Шо барате тука бе педери ни едни? - Не, не … Ние не сме педери, жена ти отиде да купи пиво…
Некој сообраќаец застанува рено 4 и му вика на возачот: - 2000 ден казна ! - Зошто, што направив ? - Па пет души сте во рено 4 ! - Па што ако сме пет души ??? - Не сум јас глуп, ова е рено 4 а не рено 5. - Штооо ! Каде ви е шефот ! - Ене го се расправа со оние двајца во Голф 1
Наставникот ги прашува учениците: - Кој од вас знае да ми посочи еден пример за долготрајност на чесноста ? Трпе крева рака: - Јас наставниче. Кога препишувам домашна, завршувам побрзо отколку кога ја пишувам домашната сам. Значи, чесноста трае подолго.
Ми дадоа пензија, жено успеав. - Како бе? - На шалтерот една млада госпоѓица ми побара лична карта. Лелеее, ја заборавив дома…и реков. - Нема проблем господине, само раскопчајте ја кошулата…ме виде и рече…видов бели влакна, за мене е доволен доказ дека сте стар и ми даде. - Аман бе…па што не го раскопча и шлицот, можеби и Инвалидска ќе ти дадеше.