Еден од најдобрите филмови за 2011 година. Филм за кој нетреба многу да се пишува и објаснува, туку едноставно треба да се погледне. Филм кој е полн со емоции и прекрасни моменти во кои е претставено, прикажано пријателството помеѓу момчето и коњот. Филмот имаше 6 номинации за оскар Улогите во филмот ги толкуваат Џереми Ирвин, Питер Мулан, Емили Вотсон, Еди Марсан. Режијата е на маестралниот Стивен Спилберг. (Според мене ова е еден од најдобрите филмови на Спилберг)
Epic. Навидум филм за многу млада публика со предраматизираните сцени, но во позадина крие mind-blowing конотација. Ми требаше над половина час откако го догледав за да го процесирам правилно. И нема само едно значење, ист момент може да се толкува на повеќе начини. Воедно, помалите поинаку ќе го доживеат филмот од возрасните. Би го гледала пак. Спилбергова Троја.