Гинеколози

Дискусија во 'Бременост' започната од bebaa, 19 октомври 2012.

  1. DreamBig97

    DreamBig97 Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Бев кај Билјана вака океј ми изгледа дека е, но стварно не ми е јасно зошто не ми даде никаков извештај и кога ми наплатиа ни фискална ни ништо не ми дадоа.
    И викам на сестрава добро а фискална да ми дадете, и така како збунета аа нема фискална викам како нема фискална, и ме праша дали ми било за приватно здравство викам да за приватно ми е (не ми е...) како може да нема фискална, и ми вика ако сакате фискална кај докторката треба тоа да барате извештај да ви даде (нема никаква логика) Од целиот преглед само сликичката од ехото ја имам.

    Не ми е јасно како ќе ми ја води бременоста без податоци до кај сме што сме.
    Следен преглед баш ќе ја прашам да ми даде извештај нешто запишано вака ми е без врска.
    Ако продолжи вака ќе треба и нејзе да ја мењам.... у цело Скопје една асална ординација да не можеш да најдеш божеее..
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.966
    Допаѓања:
    24.902
    Пол:
    Женски
    Јас за следна бременост, ќе пријавам ако ми наплаќаат. Бесплатно треба да е за секоја трудница.
     
    На Puffy2019 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DreamBig97

    DreamBig97 Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мене ми напатиа 500 ден за ехото.
     
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    17.007
    Пол:
    Женски
    се пријави да бидеш таму матичен пациент или? Ако се пријави ти отворила картон и во него запишала сигурно. Извештаи и мене не ми даваат само сликичка ехо ама се има во картонот
     
  5. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    309
    Во право си да не даваат извештај и не даваат фискални, извештај ако правиш скрининг кај неа или горе кај докторот таму кога сум одела фискална ми давале. Преглед тие 500 ден и мислам дека никаде не даваат ретко вака од другарки што сум слушнала ако и бараш извештај мислам дека ќе ти пише сеа на сликичката ги пишува параметрите на бебето види си може ќе најдеш некој што ти одговара. Мене ми е ок дека е достапна памти бара крвна слика секој месец, праќа на контроли и слично брисеви тука зимаат тука ги праќаат
     
    На BellaBibi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.966
    Допаѓања:
    24.902
    Пол:
    Женски
    И мене ми наплаќаа. За друго се инсистираше да одам на државно, вика трудница си, да не плаќаш.
    Ама знам и дека тоа им е наложено од докторот за наплата и се. Затоа и ќе пријавам ако ми наплаќаат за прегледи. Ова ако искочи бебе 2 де.
     
  7. DreamBig97

    DreamBig97 Нов член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мене ми е прва бременост и не знам точно што како оди, ама фискална да не ти даде стварно ми е не сфатливо, може тие пари у џеб си ги става.
    Иначе да ми отвори картон за да ми биде матичен, она нека запише во него што како се оди, ама мислам дека еден примерок и мене треба да ми даде да го имам.
     
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.369
    Допаѓања:
    19.194
    Матична ми е Гинековита.Извештај не ми дава, а и не ми треба се' има во картонот ако треба извештај од картон за нешто посебно ќе си бараш. Мислења, упати за боледувања тоа секако си е посебно.
    Ехо ми наплаќа, скрининг наплаќа, даваст фискална за истото.
    Е сега како и зошто наплаќа иако е матичен не знам. Отсекогаш наплаќа 300 ден, скрининг околу 1200 мислам. И ок ми е не и се бунам за тие пари. Верувам легитимно работи и за пред инспекција ќе си има зошто-пошто.
    Ама фискални мора да ви даваат инаку е работење на црно
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    17.007
    Пол:
    Женски
    па на ехото имаш мерки, не си барај замерки за без потреба. Уживај во бременоста. Само фискална мора.
     
  10. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    7.966
    Допаѓања:
    24.902
    Пол:
    Женски
    Незнам каде на прегледи даваар извештаи, освен на скрининг. На секоја слика имаш мерки од бебето.
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    173
    Пол:
    Женски
    Јас искрено од Билјана од Ложанковски воопшто не сум задоволна. Докторката не ми креваше на телефон, пишував на вибер после 2 дена ми враќаше на пораките. После првиот спонтан што го имав не ми даде ни еден упат да ми предложи да испитам дополнителни анализи, јас ако побарав сама ОК. Втората бременост исто знаеше претходно каков проблем имам, и звонев на тел за резултати, по грешка ме блокирала. Ајде и тоа помина, петок пладне беше и пишав дека прокрварев и дека имам јаки болки менструални ми рече да дојдам во понеделник да ме види и да не се секирам се ќе биде супер. Јас за жал, викендот завршив на клиника имав втор спонтан и докторката не ме ни побара да ме праша зашто не сум дошла на преглед и дали сум подобра. Одма после тоа ја сменив, нормално. А да, за фискалните исто за секој преглед по 500денари без фискална издадена, за боцкање прогестерон 500денари што ми нема логика, трудница бев.. Ама немав сила тој период да се расправам искрено..
     
    На Mumoftwo30 и Madi им се допаѓа ова.
  12. Vasileva98

    Vasileva98 Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2025
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Девојки здраво, вие што сте од истокот на МК да ми каже некоја искуство со др-Никола Маџунков сега отворил и нова болница, сакам вториот скрининг кај него да го правам па и за цени какви им се