Бев кај Билјана вака океј ми изгледа дека е, но стварно не ми е јасно зошто не ми даде никаков извештај и кога ми наплатиа ни фискална ни ништо не ми дадоа. И викам на сестрава добро а фискална да ми дадете, и така како збунета аа нема фискална викам како нема фискална, и ме праша дали ми било за приватно здравство викам да за приватно ми е (не ми е...) како може да нема фискална, и ми вика ако сакате фискална кај докторката треба тоа да барате извештај да ви даде (нема никаква логика) Од целиот преглед само сликичката од ехото ја имам. Не ми е јасно како ќе ми ја води бременоста без податоци до кај сме што сме. Следен преглед баш ќе ја прашам да ми даде извештај нешто запишано вака ми е без врска. Ако продолжи вака ќе треба и нејзе да ја мењам.... у цело Скопје една асална ординација да не можеш да најдеш божеее..
се пријави да бидеш таму матичен пациент или? Ако се пријави ти отворила картон и во него запишала сигурно. Извештаи и мене не ми даваат само сликичка ехо ама се има во картонот
Во право си да не даваат извештај и не даваат фискални, извештај ако правиш скрининг кај неа или горе кај докторот таму кога сум одела фискална ми давале. Преглед тие 500 ден и мислам дека никаде не даваат ретко вака од другарки што сум слушнала ако и бараш извештај мислам дека ќе ти пише сеа на сликичката ги пишува параметрите на бебето види си може ќе најдеш некој што ти одговара. Мене ми е ок дека е достапна памти бара крвна слика секој месец, праќа на контроли и слично брисеви тука зимаат тука ги праќаат
И мене ми наплаќаа. За друго се инсистираше да одам на државно, вика трудница си, да не плаќаш. Ама знам и дека тоа им е наложено од докторот за наплата и се. Затоа и ќе пријавам ако ми наплаќаат за прегледи. Ова ако искочи бебе 2 де.
Мене ми е прва бременост и не знам точно што како оди, ама фискална да не ти даде стварно ми е не сфатливо, може тие пари у џеб си ги става. Иначе да ми отвори картон за да ми биде матичен, она нека запише во него што како се оди, ама мислам дека еден примерок и мене треба да ми даде да го имам.
Матична ми е Гинековита.Извештај не ми дава, а и не ми треба се' има во картонот ако треба извештај од картон за нешто посебно ќе си бараш. Мислења, упати за боледувања тоа секако си е посебно. Ехо ми наплаќа, скрининг наплаќа, даваст фискална за истото. Е сега како и зошто наплаќа иако е матичен не знам. Отсекогаш наплаќа 300 ден, скрининг околу 1200 мислам. И ок ми е не и се бунам за тие пари. Верувам легитимно работи и за пред инспекција ќе си има зошто-пошто. Ама фискални мора да ви даваат инаку е работење на црно
па на ехото имаш мерки, не си барај замерки за без потреба. Уживај во бременоста. Само фискална мора.
Јас искрено од Билјана од Ложанковски воопшто не сум задоволна. Докторката не ми креваше на телефон, пишував на вибер после 2 дена ми враќаше на пораките. После првиот спонтан што го имав не ми даде ни еден упат да ми предложи да испитам дополнителни анализи, јас ако побарав сама ОК. Втората бременост исто знаеше претходно каков проблем имам, и звонев на тел за резултати, по грешка ме блокирала. Ајде и тоа помина, петок пладне беше и пишав дека прокрварев и дека имам јаки болки менструални ми рече да дојдам во понеделник да ме види и да не се секирам се ќе биде супер. Јас за жал, викендот завршив на клиника имав втор спонтан и докторката не ме ни побара да ме праша зашто не сум дошла на преглед и дали сум подобра. Одма после тоа ја сменив, нормално. А да, за фискалните исто за секој преглед по 500денари без фискална издадена, за боцкање прогестерон 500денари што ми нема логика, трудница бев.. Ама немав сила тој период да се расправам искрено..
Девојки здраво, вие што сте од истокот на МК да ми каже некоја искуство со др-Никола Маџунков сега отворил и нова болница, сакам вториот скрининг кај него да го правам па и за цени какви им се
Јас денес бев на редовен гинеколшки преглед кај Коруновски. Матична ми др. Пале, ама заради времето повеќе ми одговараше после работа, па прашав и ми рекоа можело втора смена да се оди кај друг др. Тоа во случајов беше др. Ива, не ја познавам првпат сега бев. Пошто секоја година одам и ова беше годишна контрола, посебен впечаток не добив никаков. Секоја година редовна правам пап и ехо така и сега. За да не чекам по 6 недели резултат и да не го мислам обично си плаќам приватно за побрзо да си ја завршам работата. Ми вика девојчето на пулт, добро во ред може и приватно се вкупно 2000 ден. Во ред викам повелете. Ми вели фала и пријатно. Јас и викам извините фискална сметка може да добијам ?? Ми вика ама со фискална поскапо ќе ве чини И велам чекајте не ве разбирам, јас нели приватно си го плаќам ??? Не знаеше што да ми одговори и ми рече да ја почекам докторката... Јасно ми беше се.. За на крај да ми продадат прича дека они ме частеле ехо само папот да си го платам и ми вратија кусур... Мислам... Ало бре.. Воопшто не ми се допадна таков однос и во потрага сум по нов матичен..
Исто и јас долго време сум кај нив. Од 2014 можеби.. Секогаш со плаќањето ми се некако чудни. Ама ова беше врвот. Како бе поскапо ќе ме чини??? Колку побара толку дадов... Е како за фискална друга цена??? Не мислите дека е малку замачкано???
Papot privatno neli e 500 denari, a preku fond treba da e besplatno, a eho kaj maticna znaci preku fond mi naplakale 400 denari.
Како што разбрав овде девојката зборува за во центар. И можам да кажам дека и јас сум била многу пати а и умало многу во чекалната што нашлаќале па никогаш не дале фискална. Изговори од типот не работи касата, на поправка е итн.