ДМ маркет

Дискусија во 'Тело' започната од MacaLove, 20 мај 2012.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    124.368
    Mинатата недела купив крема за раце со маслинки,околу 70 ден [​IMG]
    и крема за депилација 105 ден Балеа.
    Гледам ги фалите за лице производите,претпоставувам има и за комбинирана кожа,па планирам цела колекција да си земам :)
     
  2. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    со душа го чекав да се отвори ама да бидам искрена се разочарав :^) има производи еден куп, истите (освен од балеа) можеш да ги најдеш и во локалните продавници ама со многу пониски цени.
    пр.прашок за перење ариел во дм беше 405ден а во тинекс истиот го имаш за 370ден и ред други производи со цени до плафон :tmi:

    Исто така многу производи кои ги има во ДМ во Србија овде ги нема...
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Јас разбрав дека постојано ке има акции.. еве вчера ми стигна дома флаер со производи на попуст.
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj znae koe dm e po snabdeno vo Gtc ili kaj Beko? Da ne lutam za dzbe
     
  5. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.514
    Допаѓања:
    288.540
    Имам многу од производите од дм маркетите.
    Геловите за туширање ги имам пробано сите, и прилично сум задоволна од секој.
    млекото за чистење на лице од кое видов слика е истотака добро, она за тело од кокос и некои креми за лице и маски за лице се со солиден квалитет и целосно вредат за парите.

    Но не приметив некој да ги спомене производите на das gesunde plus.
    Зимно време сум зависна пд нив.
    Спрејчињата за грло и нос се одлични при блага настинка.
    Течноста за инхалирање е многу ефективна. Од само неколу капки во сад со вода се добива неверојатен ефект , целосно ги отнува затнатите дишни патишта.
    Кремата за мачкање тело при блага температура е од голема помош, плус и не мириса лошо.
    Чаевите против настинки, главоболки.. се со витамини и многу освежителни.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    [​IMG]Има некои производи се поевтини за разика од другите дрогерии има некои пак се поскапи, но овој коректор на Буржоа е секаде 450 денари а таму е 350 денари, ако не го покачиле сега, но знам поселден пат кога бев во гтц беше 350 денари. Штета што неми треба сега :D , баш ќе си го купев. ;)
     
  7. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Денес бев Во ДМ во ГТЦ и полупразен е, а и потрошувачи слабо, а си купив крема за целулит и пилинг гел за целулит

    [​IMG] [​IMG]

    Гелот е 133 денари, акремата е 275 денари
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.514
    Допаѓања:
    288.540

    срамота е на мадедонски стандард цените да се поскапи од странство :x .

    Кремата за целулит е 3.95 еу., не е кузнее колкава разлика во однос на 275, али сепак...
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Секогаш е поскапо во Македонија, секој бренд е поскап.
    Постојано се правдаат за висината на цените со царините и давачките кои се големи кај нас, а кои земјите од ЕУ сепак ги немаат.
     
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.422
    Пол:
    Женски
    A кога не било така |(
    Ти не живееш во Мк затоа ти е можда чудно ама ова се очекуваше.
    Една колешка ми рече дека шампоните она во Германија или Австрија ги земала по 60-70 центи до едно евро кај нас се 100 денари 1ипол.
    Некој ќе рече не е голема разлика, ама е 30 денари или повеќе а платите кај нас се една неделна плата кај нив.
    п.с освен нивниве прозводи, другиве марки не се нешто мн поевтини, дури и поскапи се некои од Космо, па тек Зегин кој има убедливо најевтини цени кај нас.
     
  11. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Многу малку застапени производи од тие што обично сум ги купувала на страна во ДМ маркети, а и цените машала високи..Ајде на почеток се па да се надеваме дека ќе го зголемат асортиманот и дека ќе снижат цени на некои работи.
     
  12. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Јас ја пробав кремава, ја земав пред недела дена и да ви казам лицето ми е многу мазно, фино делува и на акните и го смирува црвенилото.
    Одлична крема како подлога за пудра, не дава никаков сјај.
    Ја препорачувам, цената и е околу 170-180 денари :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Во МК има ДМ маркети?
     
  14. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Даа, отворија во Скопје, на 17 Мај. :)
     
    На traumhaft..90 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.978
    Бев денес, и искрено, не беше баш најевтинија, оноа багатела да има работи. Се наоѓа по нешто, онака, чат-пат. Имаше голем избор на гелови за туширање, креми за тело, помади, такви ми ти работи. По некоја случајност, во двете ДМ влегов, тоа кај Градски ѕид ми е посимпатично, не знам зошто, а ем е помало. :)

    Си купив јас спреј за коса, против горење, таков каков што барам одамна. 125 денари, на Балеа, е сега пишува дека ја заштитува косата, ама на него апла не пишува дека е за тоа. Или јас не разбирам на германски, тоа друг проблем е. Прееска се избањав, се става на водена коса, и си ставив, и ми беше посјајна косата, полесно ми паѓаше некако после пеглањето. Кој го интересира, спрејов е во сиво шишенце со виолетова етикета напред, има типка со заносна кафеава коса. :rofl:

    Само замерка, ни во едната ни во другата продавница не беа пуштени климатизерите и беше благо речено, ПЕКОЛ. Мислам дека не смеат тоа да си го дозволат, сепак се големи ланци на маркети. :!:
     
  16. Kalia

    Kalia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    26
    сабајле бев.....што знам..очекував повеќе :/
     
  17. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    444
    Пол:
    Женски
    А дали ги наполниле рафтовите кај шампоните балеа? бев пред некој ден и беше празно немаше никаков шампон а сакав тој со кокос и млеко да си го купам ;)
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Јас бев во петокот и беше слабо со производи,баш прашував конкретно за производите на Алверде и ми рекоа дека до среда т.е. денес дека ќе добиеле нова роба ама изгледа нешто ме зезнале :?: Стета баш мисле утре да одам :worried:
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    101.072
    Пол:
    Женски
    И јас вчера бев,со намера да си купам нешто ,ама...излегов со празна корпа.Зошто?Прво сите производи се за 10 ,20 па и повеќе денари поскапи отколку на други места.Второ беше неподносливо топло и загушливо (побрзав да излезам да земам воздух,почна срцето да ми тропа :$ ),и не знам како можат да одржуваат таква температура кога продаваат и храна[​IMG].Трето полиците на производите на Балеа и Алвереде,беа малтене празни.Не знам како може таков бренд да си го дозволи тоа :^) .И морам да напоменам имаше госпоѓи кои со минути си стојат пред штандот и тепаат муабет по телефон ,па морав да бидам непристојна на ѕиркам преку рамо :$ ,Се убив од барање на кремата против целулит на Балеа во тегличка,не ја пронајдов за жал.Можеби следен пат нешто ќе ми фати око ама сега [​IMG]
     
  20. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.143
    Поскап е од останатите, освен балеа малеа кои и воопшто не сум ги пробала а и немам некој особен мерак, не знам за што друго би влегла. Нема нешто што го нема на друго место, плус овде и до 30 ден. е поскапо.