Ова е комедија за двајца млади семејства на две сестри, кои имаат мали деца,и сосема поинакво разбирање на тоа како треба да се подигне едуцирањето. Големата разлика во принципите и идеите за љубовта, бракот и животот е главна движечка сила во серијата и е во основа на многубројни среќни и, се разбира, збунувачки ситуацијата како меѓу две семејства, од страна и меѓу сопрузите и своите деца. Грег и Ким се концентрирани на тоа да биде совршен родители, Кристин и Џими да бидат либерални и необични. Вториоте живеат доста удобно во куќата на Ким и Грег. Очигледно тие се чувствуваат како дома и ретко се случува да се сетат за да одговорат на потребите на своите "домаќини". Децата, се разбира, ствараат различни од многу грижи и дилемати за сите - имаат смешен развој, па дури и поучна цел. "Да, драга" гаранции забава за целото семејство, без разлика на пол и возраст. На начин кој е типичен за овој тип на комедија, секоја приказна е речиси целосно независна една од друга - половина час доза на смеење, но малку совети за сите видови на семејни ситуации.
Многу ми е мило што се отвори ваква тема Ја обожавам серијата, децата ми се сите преслатки Џим-презабавен, а овој Грег кога има некои blond moments се кинам од смеење
Неееее Грег е најдобар Самата негова појава ми е смешна Ја гледам серијава, не ептен често, но секогаш кога ќе ја видам. Многу ми е интересна.
Џими ми е најзакон, а ликов на Грег како појава баш ми одговара со улогава многу е забеган. И Крисит ми е смешна и потарото нејзино детенце. супер серија за опуштање
Ја обожавам серијава, навистина се смешни. Најсмешен ми е Џими,а и Грег кога си замислува особено нешто за иднината инаку децата срцки се. Особено ми се слатки Семи и Логан,а со Емили мислам дека избрзаа еднаш бебе беше и после одма како д апорасна за другите не беше така побавно одеше се...
Не се секирај, ни мене не ми е смешна. Воопшто не е интересна сторијата, хуморот не ми е воопшто смешен и смешките се усилени, а башка што само неа ја даваат на фокс и веќе преку глава ми е само јес диар гледам на она долноно.
Многу ми се допаѓа серијава и нејзиниот хумор. Во последно време ни една епизода не пропуштам. Како најомилен лик би го издвоила Грег.
Пред неколку часа гледав епизода со Гинсовата книга на рекорди, ви препорачувам да ја гледате ќе се изнасмеете.
Мене толку ми е тупа серијава што... Не знам со што да споредам. Ама ептен ми е глупа, смешна воопшто. Додатно ме нервира тоа што нон-стоп е на Фокс Лајф. Вакви семејни, пластичен-хумор серии не ми се интересни.
Ја сакам серијава. Интересни ми се сите освен Ким, е ептен ме нервира тоа гласот нејзин. А најслатко ми е тоа од Кристин и од Џими постарото дете, Доминик мислам се викаше.
Јас првично не ја сакав серијава, но покрај сестра ми и јас ја засакав. Ептен е интересна... Најинтересни ликови ми се Грег и Џим. Одлична серија