Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    За почеток ти самата одлучи дека сакаш да се подобри, и биди цврста зад тој став. Не оставај се на медицината. Слушај си убава музика и гледај си ги омилените филмови. Разговарај со луѓе кои што те разбираат.. Еве, јас сум тука ако некогаш ти треба муабет. Не си дозволувај да те преовладува депресијата, па што е таа толку моќна да владее на тебе? Знам дека е тешко, многу е, всушност, ама ќе се бориме. Не се лечи, депресијата, ама се надвладува. :)
     
    На LGBT и ceca-1 им се допаѓа ова.
  2. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Благодарам за овие зборови. Луѓе на кои можам да се потпрам во моментов немам, сама сум и затоа ми е тешко, не излегувам ниту пак можам да учам, како блокирана сум и сето ова ми пречи, а во најубавите години од мојот живот сум :(
     
  3. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ма не се секирај еве и јас сум тука за тебе... И онака немам којзнае колку обрзски.. скоро иста возраст сме па кога и да ти биде тешко пиши ми и онака секој ден се уклучувам на форумов. Буквално во било кое време :)
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Не можеш да очекуваш состојбата да ти се подобри преку ноќ или за месец дена , некад се потребни и години дури. Сепак на крај на се , се од тебе зависи, дали и колку си спремна да се извлечеш од сето ова.
    Едноставно, не губи надеж, бори се до крај зашто ке успееш, веруј ми имам пример од мое пошироко семејство значи Индивидуата со години беше под терапија и лекови и сеа е многу подобро . Значи си треба упорност и борба, и никако да губиш надеж.
    Зашто за се нешто постои решение, да знаеш :)

    За почеток биди позитивна личност, гледај слушај позитивна музика, филмови и слично , пробај да внесеш позитива барем малку ке видиш се ке се смени, најчесто се ни е до потсвеста . Животот ни е таков каков што ние го мислиме, а не каков што е навистина ... Сфати го ова :)
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Значи се почесто имам чувство дек а ке полудам, дури помислувам на самоубиство и се чудам самата на себеси од каде такви црни мисли. Знам дека ми е прелеана чашата но не можам да издржам. САкам да побарам стручна помош но не знам колку се стручни лекарите во Ку-во. Сакам само да се наспијам, да не мислам дека ми се случува некоја болест, да се разбудам а да не бидам напната и да не го замарам дечко ми. Аманнннннннннн веќеееееееее. ДАј кажете лек ;( :$
     
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Refused:Зошто дозволуваш да те обземаат црни мисли,велиш"знам дека чашата е прелеана ".Тогаш во ред проблемите што ги имаш неможеш да ги решиш доколку мислиш на лоши работи почни да размислуваш позитивно на пример пронајди некое хоби кое те исполнува потоа разговарај со некоја пријателка за она што си го направила дали и се допаѓа,размислувај што би сакала да правиш што те прави среќна и стреми се да го постигнеш,но немој никогаш да помислуваш на глупави болести и такви лудории биди сама лекар за себе јас верувам дека ти можеш да си помогнеш се што те прави несреќна исфрли го од твојот живот.Потрудисе да бидеш среќна,биди силна и упорна ќе согледаш дека можеш многу повеќе
     
  7. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    луѓе не знам зошто ама јас мислам дека лекарите и апчињата воопшто не помагаат!!!!
    искрено познавам особа која страшно се бори со депресија....доктори...и апчиња но што од тоа???...нема никакво подобрување....!
    се е до психата.....ако си речеме дека се ќе ни биде добро така и ќе биде...а апчето може само привремено да подобри и да не успие за жал? а што од тоа?....ако заспиеме ќе го решиме проблемот?...не напротив....така само одолговлекуваме.....
    јас пред некоја година бев во депресија и мислев дека цел свет ми се рушеше пред мене а немало никаква сериозна причина за тоа!....кога еден ден некаде читав дека психолошките книги му помогнале на мн лиѓе да си го средат животото така јас решив да читам!
    зедов една книга која ми го промени животот тотално!!!!тоа беше најдоброто нешто што некогаш сум го прочитала и ми помогнало...сватив колку вредам и колку животот е краток за да паѓам под депресии,книгата ме научи на мн тактики за да си го подобрам животот!
    факт е дека секој човек во одреден дел од животот паѓа под некоја депресија било дали за љубовни проблеми, загуба на близок, финансиска сотојба или сл.....треба да сме свесни дека НЕ МОЖЕ се во животот да ни се нареди наеднаш...не можеме да имаме успех на секое поле...во животот има еден куп на падови и кревања и всушност тоа е суштината на животот...затоа не треба да запаѓаме под депресија при секој наш неуспех....ЛУЃЕ смејте се, имајте покрај вас позитивни лица, лица кои ќе ви влеат надеж дека утре ве чека нешто подобро...дружете се....правете позитивни работи.....не знаете колку една направена позитивна работа одма може да ви помогне при депресија....сетете се дека денес не има и дека за 5 мин може да не нема, живејте за убави моменти а се што е лошо фрлете го во корпа и потоа не чепкајте во ѓубрето!
    Јас радо би ви препорачала читајте психолошки книги...не знаете и тоа како помогаат...искрено Ве поздравувам!
     
  8. malka

    malka Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Refused ти се молам да ме послушаш и не да размислиш туку да го направиш можеби ова нема да ти е реално ни мене не ми беше пред 3 год кога сестра ми ги имашре истите симтоми туку тогаш јас ни незнаев што е депресија ни жизовремија и јас како сите верував дека се е во психата и тоа што веруваме дека се ни се руши околу нас дека е така зошто ништо не правиме за да ги решиме нашите проблеми но не е така ова е болест исто како да паднеш скршиш нога и неможеш да одиш извесен период така и е ова болес психичка од необјаснени работи почнува мозокот да не врши правилно функциите не сакам да те плашам верувај ми сестра ми почна така туку тогаш некој ова да ми кажеше ке го убиев зошто никој не сака да прифати ете 3год и јас се уште не прифакам дека таа е психички болна и тогаш да знаев се сега што знам немаше да и се смејам и да не и верувам кога ми велеше дека ја боли стомакот дека има проблеми со варењето дека има гасови а ништо од тоа немаше кај жан митрев ја водевме дури да ја убедат дека се е ок а таа не веруваше само кај погрешен доктор сме ја водиле кој знаел дека вака ке заврши, таа почна со несоници,неможе да заспие родителите уште повеке се караа со неа зошто по цели ноки неспие измислувала а таа ни најмалце не била крива,потоа почна со лоши мисли и многу натаму што не сакам да те плашам, те молам побарај си психолог и никој да не те верува оди си сама тој најдобро ке ти помогне многу ми е мило што сакасш да се справиш со твојот проблем молим те секогаш имај храброст и позитивни мисли недавај да те поебдат негативните мисли зошто ке сакат да ти го одземат се што ти најмило,пробај да спиеш мораш се да дадеш од себе да спиеш така го одмораш мозокот и овозможуваш да се самиот подобри,гледај да бидеш зафатена со било што и ако немаш хоби пробај да се вклучиш во нешто,трчај иди на фитнес,биди со луге што мислиш дека позитивно влијааат на тебе другите врли во канта отвори се зборувај со мајка ти дечкото за се што чуствуваш плачи колку што можеш почесто за се што ти смета и за се што те боли имај верба во себе не седи многу сама никако,бори се те молам за тебе и за сестра ми што не успеав ова да и го кажам тогаш наместо да и се смеам зошто мислев дека измислува глупости а сега е касно касно дури не се секава која сум што правевме ако се смеевме колку се сакавме незнам дали неогаш дури ке ја видам својата сестра дали некогаш ке се врати....
     
  9. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Депресијата се прикрадува полека и манифестира знаци кои ако ги пропуштиме може да не доведе до „слободен пад“ во состојба од која е мнооооооогу тешко да се излезе. И поред целото животно искуство, поради разни саможртви, од време на време на некои проблеми не им приоѓаме правилно или воопшто не ги третираме (на пример, смрт на близок, равод или прекин на врска, проблеми на работа,...). Ако уште и си по природа интровертен, сите предуслови се тука. Иако на почеток навидум се е ОК, потсвеста ни кажува и тоа не секогаш на дискретен начин. Несоницата е стандард која ионака ја припишуваме на зголемен стрес. Или претерано спиење односно обиде да се избега од реалноста. Имаше период кога неможев да се освестам. После доаѓа и појава на фобии. Во мојот пример фобија од празници затоа што задолжително си со поблиска фамилија а се осеќаш мноогу осамено. Ако ги избегнуваш пријателите и почнуваш да си наоѓаш изговори за да не ги видиш, си скратуваш еден многу битен фактор кој може да ти помогне а тоа е разговор со блиски кои би ти кажале дека се грижат.Фобија од луѓе, фобија од затворен простор и што уште не. Навечер е најтешко. како и секој цонтрол фреак, си задаваш задачки што утре мора да направиш, какви „проекти“ да почнеш (без везе, да ставам ногарки на креветот или слично). Најчесто чистам по дома и што по средено по дома тоа повеќе напредува депресијата. Од моментот кога нема да можеш да ги контролираш емоциите односно неконтролирано ти се јавува тага и неможеш да ги задржиш солзите или еуфорија која знае да премине во агресија или тотално повлекување во себе, значи дека си до точка каде и можеби е потребно и клинички надзор. Пиење антидепресиви, не сум многу фан. Прво мора да си признаеш дека имаш проблем, односно дека ти треба стручна помош што и ќе ти препише антидепресиви. Од друга страна, тука е искушението да се испие целата кутија наеднаш и перманентно да го решиш проблемот со депресија. Додуше мој стил е 9мм во уста па зато и оружјето го оставив во сеф. Банката не работи навечер а тогаш и претежно се разгледува дали да се продолжи уште еден ден или не.
    И да скратам. После неколку месеци мноооогу труд и воља, изгубени 12 килограми во тежина, хендлање на проблеми кои ги игнорирав многу долго време, дефинитивно можам да заклучам дека сум подобро. Многу е важно ако не и најважно да се признае проблемот и да се побара ако не стручна помош, бар подршка од најблиските. Да не се слуша депресивна музика (подобро е Сарс наместо Јое Дивисион или Портисхеад). Сто почесто дружење, сто помалку седење дома и клучното е што повеќе љубов. Најди го оној што го сакаш и гледај што повеќе време да го поминувате заедно. Дали се тоа децата, либето или двете во комбинација, тоа е најдобриот лек.
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Веќе некое време како да се наоѓам на работ на депресија. Незнам дали е баш тоа... Многу сум збунета.
    Се почна откако ми се случија некои промени во животот. За мене беа многу значајни. Сеуште се навикнувам, тешко ми е после прекинувањето на контактите со некои луѓе, кои многу ми значеа. Мислев дека вака ќе ми биде подобро, ама се излажав.
    Нема назад, или и да има, шансите се премали.

    Расположението ми е променливо. Баш како што беше опишано во некои постови пред мене, сега сум супер а до после може да се почувствувам како целиот свет да го носам на грб. Понекогаш со денови сум супер, па неколку дена за никаде. Кај мене скоро и да не постои рамнотежа... Или не јадам воопшто, или се прејадувам. Или не спијам цела ноќ, или повеќе од 12 часа. Ми се случило да се разбудам среде ноќ и да плачам, или да седам на тераса со цигарите се додека не се раздени.

    На моменти ме фаќа огромен страв од загуба. Имам личности во животот, кои се покрај мене, споделуваме се и сешто, ама се плашам да не ги изгубам поради некоја x причина, иако ништо не укажува на тоа. Иато така имам некоја чудна желба да контролирам се што се случува околу мене, ако нешто не е како што сум замислила станувам нервозна.

    Настојувам што повеќе да излегувам, ама веќе и во тоа не гледам некое задоволство. Како се да станало рутина, колку да помине и да се рече дека се случило. Постојат некои нешта кои ми претставуваат задоволство, ама тоа трае кратко. После тоа пак сум истата. Пишувам дневник за колку што можам да ги испразнам чувствата некаде, ама мислам дека уште долго нема да се опоравам целосно од тоа што се случи последниве месеци.

    Мислам дека сеуште се држам некако, ама незнам дали би требало да побарам помош, или уште да се трудам самата.
    Копнеам по личноста што бев порано... Едноставно некои работи премногу силно ме допреа.
     
  11. tinan

    tinan Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    1.276
    Пол:
    Машки
    Мал предлог од мене:
    Читај. Самоидентификација со личностите од некоја книга поготово ако станува збор за силни карактери влијае за подобрување на општата состојба. Кога веќе неможеш да спиеш, тогаш читај. Според возраста ти ја препорачувам Девојката со тетоважа на змеј (во случај ако не си го гледала филмот, книгата е мнооогу подобра).
    Второ: Вежбај. Запиши се на фитнес или нешто слично и внеси редовна дневна рутина. Гледај тоа да го правиш секој ден и немој да отстапуваш. Подобро е навечер затоа што ќе ти помогне да спиеш.
     
    На crazyinlove19 и anneyy им се допаѓа ова.
  12. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Депресија настанува од мали настани чашата ке се полни и полни и на крај ке се истури ке ти дојде преку глава од се односно Секој чувствува тага од време на време, но депресијата е многу повеќе од лошо расположение.Но едно треба да знаеме Депресија се надминува.Кога сме во депресија треба се повеке да се дружиме и да не остануваме сами вака викаат психијатрите.......
     
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    депресија :o да баш изгледа сум сега во тоа..
    нерва на се поради едно нешто.
    растурање на сите поради еден.
    самата себеси нервозна и обвинуана за сето тоа што се случува :fubar: онака во главата мисли насекаде.
    и сакам само да сум сама и сама и да имам мир и тишина и никој и ништо да не ме вознемирува,така сакам да е некое време,па да помине половина од тоа во мене...
    инаце знаеме да бидеме во депресија и за нешто што вреди и нешто што нема потреба..
     
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Девојки, не знам дали е депресија или огромна тага но веќе со денови не можам да си дојдам при себе. Отворив една тема, загуба на домашно милениче, но не добив коментари, па можеби овде ќе добијам поддршка.
    Веќе една недела, може и 8 дена, не можам да се насмеам, не јадам добро, имам проблеми со стомакот, не спијам. Не учам, едноставно не можам.
    Моето најчувано домашно милениче го нема. Не знам дали некој го украде, или му се случи нешто, но не е ни важно. Сеуште имам надеж дека може ќе се врати, но истовремено се уништувам себе.
    Се осеќам како болката никогаш да нема да помине. Не можам да си помогнам, бидејќи е сесија и сите полагаат испити немам со кој баш да излезам, се шетам по малце низ маало колку да ме фати воздух но уште потешко ми паѓа кога во нечив двор ќе видам среќно и безгрижно животинче.
    Сум претрпувала доста загуби на миленичиња, но оваа некако не можам да ја надминам. Болката е прееееголема ми ја кине душата ;( ;( Буквално не можам да си ги сопрам солзите, сами од себе ми се тркалаат. Пред моите дома не сакам да покажам слабост, бидејќи и нив им е тешко.
    Верувам дека се се случува со причина и си има свој почеток и крај. Кога ќе помислам на тоа ми е подобро, но набрзо повторно се осеќам премногу лошо.
    Можеби на некој му е смешно и нереално, но да кажеме дека се осеќам на некој начин како да загубив член на фамилијата.
     
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    CrazyStupidLove, потполно те разбирам колку ти е тешко, верувај ми, и само да знаеш дека може да те разбере само човек што имал домашно милениче и го сакал како да е човек. Јас го сакам моето куче и повеќе од тоа, и иако е живо и здраво, не сакам ни да помислам како би ми било да го изгубам. Се потресувам и кога е болна, кога не сака да јаде или да шета, а не пак да и’ се случи нешто. Би те советувала да оставиш болката да се намали сама од себе, не се присилувај да глумиш дека се’ е во ред и верувај ми, во ред е ако покажеш слабост пред твоите, па и тие исто се чувствуваат. И не, не е воопшто смешно што жалиш за домашното милениче, зошто животните знаат да покажат дури и поголема љубов и верност и од луѓето. Пак ќе кажам, кој сака животни и кој чувал, а и изгубил домашно милениче знае колку е тешко. Исплачи се, тагувај, па со тек на време ќе успееш да се соземеш, ќе најдеш утеха. И ако не се врати, јас на твое место после некое време би зела ново милениче. Знам дека нема да биде исто, но сепак на некој начин ќе ја пополни празнината, нема животинче што не е мило, секое на свој и уникатен начин. Поздрав до тебе и ти посакувам повторно да бидеш среќна покрај твоето милениче, без разлика дали сегашното ќе се врати или во иднина ќе имаш некое ново сонценце :*
     
    На CrazyStupidLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас минатата година имав проблеми со стомакот уште каде не бев и испадна дека ништо не ми е тоа ми е од нервоза и бев на психолог ми даде едни мн убави апчиња што навистина ми правеа да се чувствувам најдобро. Сега пак приметувам ми се враќа истото тажна сум поради НИШТО ете баш ништо неможам да заспијам до 4-5 собајле.. Па пијам Лексилиум демек тие биле за спиење ми ги препиша докторката а незнам баш точно за што се. Го прочитав упатството таму не се спомнува спиење.. воопшто.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Да лексилиумот се дава за подобар сон, ама на повозрасни ... ти гледам си 18 год. ако ти се точни годините. Зошто не пиеш редовно Б витамини, посебно Б6 и Б12, со време ќе се чувствуваш посмирена со тоа и ќе заспиваш полесно. И важно да се движиш, да се расположуваш колку толку, шетај, дружи се, флертувај ;) ... вежбај ако можеш за да ја трошиш енергијата. Плус и ќе ти се покачува серотонинот и нема толку да си депресивна.
     
  18. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Да имам 18 години. Докторката ми ги препиша онака, кога сум нервозна пред тест да испијам за да можам да спијам пошто се случува да не заспијам до 5 собајле а од 6 сум у школо и што сум направила НИШТО.
    Приметувам дека повеќе време ако сум дома почнуваат да ме обземаат такви лоши мисли. Почесто анализирам кој што ми кажал како кажал едноставно си го ЗАМАРАМ мозокот што вика мајка ми хаха. Па сега се трудам да пијам се помалку лексилиум пошто слушнав дека се штетни може да доведат до мозочен удар :worried:.
     
  19. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Ај, ја игнорирам, така реков од сега.

    Немам спиено не знам колку време, и будна во ноќите мисливе ми пиштат “Е вака сум среќна. Нема више депресија.. ништо не било, се само во мојата глава..’’
    И сабајлето, после 3-4 саати максимум спиење, ќе се појавам пред домашните со огромна насмевка и ќе си помислат дека детето конечно почна да ја гледа светлата страна од светот.

    И што направив? Лажна надеж, е тоа го створив.

    Сакам да плачам, а солзиве ми се заглавени.
    Не мислев дека ќе го дочекам денот кога ќе сакам да бидам плачка.


    Ама не запирам тука.. Доста ми е, пола живот до сега ваква сум, не давам да дојде еден ден па да викам “цел живот’’.
     
  20. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    ;( ;( ;(
    ...не сум храбра...секогаш на вечер ми доаѓаат солзииииии плачам тотално сум во депресија не знам што да правам!!!!
    не знам како да си помогнам....бев на доктор...пијав некој период замфекса џабе не ми помогна...тамам се средив почнав да го заборавам ме побара пак.....и сега пак е крај ама овој пат засекогаш не знам што да правам веќе не знам не ми се живее....и пијав да оти ми е тешко оти ме боли секој момент ;(