Sto ako utre zadutre dokazat ispotanicite deka ne e nasledna depresijata , togas vo koj da se veruva?
Јас и предходно напишав дека депресијата може да настане врз основа на многу фактори, а генетиката е само еден дел од нив, кој и не мора да го има пресудното значење кај наредната генерација. Т.с да постои поголема склоност одколку кај друга особа, но зависи од него дали ќе биде активирана или не. Мило ми е што сериозно се сваќа оваа болест и што научниците и докторите вршат толку многу студии, испитувања и се трудат да дадат поконкретен одговор на генетските и биолошките фатори кои би можеле да бидат причинители за истата.
Лејла еден куп примери знам на личности кои беа западнати во тежок депресивен период и им поминало тоа. Ако ве зафатила депресија мислете на тоа дека секој ден истата треба да ве напушти.
Пиш пиш еве пишувам. Се излекував ама не знам од што, дали анксиозност или депресија. Уствари само си замислувам во тоа глупавата тиква дека сум депресивна. Обично тоа е месец дена од почетокот на есента. Тогаш не ми се станува од кревет не ми се разговавра, ама буквално ништо. Е сега со тек на времето научив дека нема никому да му покажам дека ме тресе депресија. Станувам се шминкам дотерувам, пат под нозе и на работа. Пред влезната врата се окезувам од осмица до осмица и ете ме среќна и весела. Сите вие кога ќе го почувствувате тој период не се кријте со главата во песок како Ној излезете макар и на прошетка, ама не развлечени во тренерки или пижами. Стокмени од глава до петици ќе видите колку подобро ќе се чувствувате. Ќе си кажете што зборуваа оваа!! Обидете се ништо не ве чини. Не посегнувајте по разноразни антидепресиви тие уште повеќе ќе ве отупат.
@Daleron мило ми е што си добра, што така лесно си го отргнала лошото расположение, но јас зборувам за онаа вистинска депресија. Тоа не е само обично нерасположение кое поминува со дотерување и шминка.
Многу добро знам што е вистинска депресија. Затоа велам со годините научив како да се борам и ја сведов на помалку од 1 месец во годината. Ако почнам да пишувам цел роман ќе излезе. Млади сте обидувајте се да не ве надвладее тоа (јас како што велам) Чувство. Едит: Да не се навраќам на шетањето по вратите на психијатри, психолози разно разни лекови кои одвај ги откачив.Кога го откажав Хелексот 2 недели се тресев како наркоман и сега на сите им велам не земајте ја таа проклетија. Верувајте дека никој не може да ви помогне колку што можете вие самите.
Колку пати само сум се запрсшала зошто баш јас се наоѓам во ваква состојба? Каде згрешив? Зошто најубавите години да ги поминам труејќи се со лекови и борејќи се само за да бидам радосна и весела? Дали има надеж? Многу ми е жал и за сите вас што се наоѓате во состојба како мојава ( мразам да ја нарекувам болест) Ама покрај се имам верба дека еден ден се ќе се среди!
lejlla секој човек во жвивотот еднаш ке преброди некава тешкотија дали физичка или психичка ете нас ова не снајде па ке се бориме со сите сили
Хелексот го пиев скоро една година. Повеќе беше навика отколку што ми помагаше. Лекарите препорачаа да се намалува дозата, ама јас сватив дека така ништо не правам. Своеволно го прекинав скроз и тоа пиев голема доза 3х1мг. Како што напоменав наутро кога ќе се разбудев се тресев како лист ама издржав. На дијазепам станав резистентна колку поголема доза пиев толку не ми делуваше воопшто само ми правеше кошмари ноќе. Се е до умот. Еден ден си реков доста е веќе треба да живеам. Не дек сега не ми се појавува депресија ама не посегам по лекови. Единствен лек што го пијам е Еутирокс затоа што од мојот малумен мозок си ја оштетив тироидната жлезда.
Кога сум во депресија, секој ден мислам дека ќе ми се случи наскоро нешто лошо, дека нема да дочекам нешто, дека ќе умрам наскоро. Мислам дека нема да доживеам да бидам мајка да имам деца да остарам да имам внуци.Едноставно имам страв од иднината. Неможам да заспивам навечер, лошо ми е, ме боли глава, врат, немам сила.. Се најложи мисли, дури и смртта си ја замислувам. И сето ова моментално ми се случува! Само јас ли така размислувам во состојба на депресија, или има и други!? Help
Pove poveke mi lici na anksoznost I mesavina na depresija a depresijata e nesto potesko od crnite misli
Може не баш за во темава,ама има некоја врска. Пред некоја година имав здравствен проблем,ама не од психичка природа.Ми се фати половинава и буквално се искривоколчив и неможев,не да одам,туку и да мрдам.Ми ставија од брза помош некоја инекција и можев да одам одвај,со триста сили,а дома и лазев.Сета среќа што траеше еден викенд и ми ја намести ,,местач",aма друго сакав да кажам...Матичниот ми препиша Диазепам да пијам за време на викендот,демек нервите да се опуштеле.Немаш никаков ефект,абе никаков,како вода само да пиев,а испив прилично јака доза,да не речам здраво се наколкав два дена. Е сега,во понеделникот таква депресија ме фати,сега се ежам кога ќе ми текне какво беше чувството.А,без никаква причина.Буквално.Само така,сакав да умрам и сите да умрат и да ме снема и се` да снема...абе депресија,чиста клиничка слика.Не ми текнува дека никогаш сум се чувствувала толку лошо,а не да немало причини,ехееееееее...а тогаш без никаква причина. Мене најлогично објаснение ми е дека беше некоја последица од Диазепамот,море сигурна сум дека само од тоа беше.Оттогаш,поверојатно е магични печурки да пробам или LSD,отколку Диазепам.Страшно нешто...А можи и мене така да ми делува,не значи дека и кај сите.Важно,јас си се сметам како алергична и пробување никако и никогаш.
Рената не те фатила тебе депресија, сигурно ти било нешто моментално а тоа верувај ама баш сите не фаќа чат пат, Нема човек што некогаш не му иде све преку глава и сака да го снема. Но тоа се моментални мисли кои брзо летаат пд глава. Ако мислиш дека не ти пријаат апчињата не ги пиј, место апче пушти си некоја песна ислушај, напиј се едно кафе и се ќе биде подобро.
Дијазепамот иако сите го пијат е еднен вид халуцинациска дрога. Додека го пиев ми ствараше кошмарни сонови. Немој да го пиеш од него ти е. Занимавај се со нешто, пополни го слободното време и не мисли дека ти е депресија, зошто не е. Ете и Елиса ти одговори исто погоре.
Абе знам,ама јас немав депресија и не го пиев заради тоа.Претходно имав пишано дека го пиев зашто матичниот ми го препиша против силни болки во кичмава. Работата е,што после откако го прекинав(го пиев само два дена,и за тоа имам убаво пишано,не знам оти поинаку све сфатиле) ми предизвика силна депресија,моментална,преодна,ама депресија.Според мене,најлогично е како негативна и несакана последица од Диазепамот.Значи,уште еднаш да повторам,Диазепамот ми предизвика минлива депресија,а јас го пиев од сосема дуги причини(кои ги напишав погоре). Само сакав да пишам дека некои лекови може да предизвикаат депресија.Се надевам,сега ме разбравте.
Najdobar lek protiv depresija e da sportuvas, aikido, joga, sah, ili drugi sportovi sto go budat duhot vo teloto i gi otstranuvaat temnite misli. Isto taka delotvorni se i herba bonbonite bidejki vnesuvaat svezina vo duhot.