Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.121
    Допаѓања:
    221.248
    Пол:
    Женски
    Мила знам вака плус минус што како и само ќе ти кажам да седнеш и да размислиш длабоко за се. Дали вреди цела оваа борба и тортура што паѓа врз тебе да се запрашаш прво.
    Па потоа да ставиш прст на чело и да речеш доста е вака, да почнеш макар од почеток од нула, да си го промениш животот, да направиш видни промени со самата тебе, да побараш работа, да се занимаваш со она што те исполнува, ни под разно да не се затвориш дома во 4 ѕида туку напротив да излезеш и да се забавуваш малку да се умешаш во народ.
    Премногу си ставаш на срце се, чуствителна си и неможеш да се избориш толку лесно знам, но бар дај си елан и почни со некоја најмала промена кај тебе, животот ни под разно не подразбира ѕидови и затворање сама со себе.
    Животот е еден а ти си млада, убава и квалитетна дај си шанса да почнеш да живееш онака како што ти сакаш а не како на другите им е кејфот и за да направиш добро за другите а притоа да се уништиш себеси.
    Размисли добро за сето ова и ти самата потурни го животот и пронајди ја среќата што ѕирка длабоко од некаде и те повикува на храброст и сила за да успееш во нешто.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.015
    Пол:
    Женски
    navistina si vo losa sostojba ,ama edno ke ti kazam pocni da se dvizis so sila pocni da rabotis nesto po doma so sila ako i podlegnes na depresijata taa sekoj den ke te butka ,izlegvaj na svetlina naviknuvajse kontra od toa sto ti smeta pravigo zasto mnogu e tesko imam pominato niz ova edvaj se izvlekov i najvazno pozitivna mila ,ova zapametigo AKO PROBLEMOT IMA RESENIE NEMA STO DA SE GRIZIS ,A AKO PROBLEMOT NEMA RESENIE NEMA SMISLA DA SE GRIZIS .
     
    На vitamina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  3. calendula

    calendula Нов член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите
    Значи вака , мислам дека тука можам да си ги искажам проблемите на оваа тема бидејќи сум во депресија . Последниве три месеци , како црни облаци да надвиснале над мене. Се` ми се собра . Да не се преценувам ама , мислам дека сум опкружена со умоболни особи и тоа- најблиските ! Мајка ми е толку ладна особа што од неа љубов и топлина , пофални зборови никогаш не сум добила ! Занчи имам и брат и татко и баба и дедо со кои заедно живееме . Е сега , јадењето за мене брат ми и неа го купува таа. Синоќа ,бев повеќе гладна и сакав да јадам повеќе оти имав јадено само еднаш и цел ден имав работа (чистење ,перење...) И таа ми приговори ,демек помалку да сум јадела од јадењето и јас се налутив земав само леб да јадам . Не и` е прв пат ... Многу пати и` се има случено. (имам само 58 кг и 21 год).Секогаш кога сум јадела секогаш ми влегувало во грб сум се плашела ако изедам повеќе , кога јадам гледа колку и што ќе изедам . Сум се чувствувала должна . Минатата зима кога ми приговори не зборував со неа можеби еден месец ,а под ист покрив . Јадев само леб ,сол , кромид , варен компир а понекогаш кога имав пари си купував нешто . Е сега пак иста прикаска ! Денес си купив малку јадење .(Студент сум имам уште некој денар од стипендијата ). А на брат ми никогаш не му приговара ! Татко ми е себичен човек . Никогаш не му било грижа дали сме сити , гладни , облечени ... Преѓеска ,си отишол на дуќан си се почастил со благо па дури доаѓа да ни го каже тоа ... Еднаш требаше да си купам патики , во средно , ми беа скинати ... Беше земал 2000 евра и му побарав ... И знаете што ми рече ? Немам пари , почекај да стигне пензијата на дедо ти . И така си одев цел месец со скинати патики , а што е најсмешно му барав само 600 ден за патики . Баба ми и дедо ми , стари и злобни провокатори . Дечкото се иживува со мене ... Единствено брат ми се издвојува ... Ама помал е тој ,што може тој да ми помогне . И тој се нервира . Муабетот ми беше, во голема депресија сум размислувам да одам во манастир или да фатам некој пат па никогаш да не се вратам или погледнам назад . НЕ знам што да направам , брат ми е единствениот што ме сака . За роднини не прашувајте ! Тетки баби стрини вујни , хиени што сакат да те видат на дно ! АААА дааа и баба ми од на мајка ми страната , идиотка што не` понижува мене и барт ми затоа што сме од село а сите други внуци ги сака затоа што се од град .Со неа не сум во контакт повеќе поради тоа... Немам каде да одам КАде да избегам ?! Што да правам ?! Единствено тука анонимно можам да се искажам ...(извинете за текстот што е несреден ).
    Ви се молам за некое ваше размислување, совет ...
    Однапред благодарам !
     
  4. Barbie07

    Barbie07 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    590
    Пол:
    Женски
    Душо, полека.Најпрво смири се, не губи надеж.Знам дека сакаш да излезеш од својата кожа но не можеш..на сите на моменти ни доаѓа но ете што е тука е.Спомна дека си студент со стипендија.Учи, образувај се и не губи надеж.За некоја година ќе застанеш на свои нозе.Држете се заедно со брат ти, чувајте се, сакајте се..Тоа е најбитно. Си пробала ли да разговараш со мајка ти и татко ти ? Кажи им за твојот проблем и дека ти смета нивното однесување спрема тебе.
    Што и да правиш само смирено, полека..Не губи надеж, и знам дека е лесно од страна вака да се каже ама пробај да не се нервираш толку само лошо на тебе си правиш.Најлошите болести се фаќаат од нервоза. Само насмеј се колку и да ти е тешко и фокусирај се на тоа во каков човек сакаш да се изградиш, на тоа дека ќе де издигнеш посилна од оваа ситуација..
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Девојкиии не се нервирајте нека ви е се лабавооо и ка така под депресии и нервози и пред 2дена паднав од стол!!!!!!!!!!
     
    На ♡Vildana♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sivata

    Sivata Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ima li nekoj pieno escitalopram mi go prepisaa zaedno so heleksot da go pijam, poradi izgubenata zelba za sve. Pisete mi vase iskustvo ne znam dali da go pocnam da go pijam a heleksot veke mesec dena go pijam nemirot mi go namaluva ama zelbata nikako da mi se zgolemi
     
  7. lejlla

    lejlla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.384
    Јас пијам елицеа 5мг едн година и ми помогна да излезам од депресија, веќе подолго време супер се осеќам и размуслувам да ја намалам дозата. Ако мислиш дека стварно ситуацијата ти е за антидепресив почнувај, а ако си храбра да пробаш сама уште поубаво бидејќи ова е отров, дрога, хемија...како сакаш наречиго лесно се зема, тешко се остава!
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Да ве насмеам малку и главите горе иако и мене ме тресе понекогаш и се плашам од периодот кој што следи, ама годинава се надевам нема да ме совлада.


    depresija_je_kad_kupis_8678.jpg
     
    На tina-63, natemila, vitamina и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Слава на Бога

    Слава на Бога Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Проследете ги видеата на др слаѓана велков стапете во контакт со неа таа знае начин кој лечи од депресија таблетите ја маскираат болеста не ја искоренуваат ве трујат уште повеќе.побарајте помош во манастир и совет доколку сте верници побарајте православни страници на фб или агапи.мк сите ние минуваме низ тешкотии во животот битно е да го фатиме вистинскиот пат и да ја сватиме смислата на животот.
     
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Мислам дека патам од депресија,подолго време.Не сум преземала ништо освен што сум се обидувала да си помогнам сама.Но сега тоа помагање се претвори во одмагање и измачување самата себе.Не сум доктор да си дијагностицирам сама,но тоа се осеќа.Дојде до тој степен што нормалното функционирање ми е отежнато.Баш си се измачувам..Осеќам немир,ми опадна и самодовербата,имам поблеми со концентација,мислење,помнење,што е доста фрустрирачки за мене,бидејќи сум ги немала и секогаш покажував високи резултати.Сонот ми е исто нарушен.Некогаш може да се превртувам во кревет до рано наутро,некогаш спијам доцна и пак уморна.Се здебелив многу,како да бев незадоволна од себе па само јади,јади,тоа ми беше утеха.Но добра вест е што ослабев неколку кила,не можев да се поднесам таква без самоконтрола и внесов некои здрави навики во исхраната.Но само тоа е добра вест.Капак на се ми се црните мисли и стравот дека ќе ми се случи нешто,мене или на моите најблиски.Страв ми е и да се движам по улица што се вика особено навечер и други стравови од некои инсекти,опседната со чистота и не знам друго што.А да и тоа дека сум премногу плачлива и емотивна,значи претерано.Ако слушнам нешто добро или лошо солзи ми надоаѓаат,а за кратко време и два пати заплакав во јавност,а јас сум таков тип никогаш не сум сакала пред друг да пролеам солзи.Цено време сум била јака и како да пукнав.Пукнав на милион парчиња.Сигурно има уште нешто да напишам од симптомите но ова е накратко.

    Иначе немам предрасуди околу тоа да се посети психолог(за мене најверојатно психијатар),но ете како да не сум многу храбра.Како да таму нема ништо да проговорам само ќе плачам,оти од причината поради која сум ваква срцето ми се кине.На никој не сум ја кажала,освен на дечко ми,но без многу детали и нели некој ако не го доживеал тоа нема ни целосно да разбере како се чувствуваш.Он сакаше да ми закаже,бараше некои психијајатри но јас го спречив дека не сум спремна да отидам и дека ќе му се начутам ако го стори тоа без да знаам.Реков јас самата ќе отидам,но ете тоа не се случи.
    Си поставувам прашања Што ќе биде потоа,ќе ми биде може подобро но јас пак се враќам во разорено семејство.Ова го сфатив како многу лично и непребол,каде секој со секого е раскаран.Сум трпела семејно насилство јас во семејството и тоа не само од татко туку и брат.За тоа пак најмногу душата ми се кине.Во несвест имам паѓано.Ме боли тоа што од сите како да се изолирав и таа особа што ја сметав за поблиска другарка,сфатив не е некоја да и се отворам.Ја нема ни да праша како сум.

    И сега знам дека ќе ми речете не треба да чекам,го знам јас тоа но ете.Ми се појавија и некои здравствени проблеми па често посетувам лекари,не знам веќе каде на листата да го ставам овој.Тоа не е охрабрување знам,но исто знам морам да се решам некогаш на тој чекор,Сакам здрава да влезам во брак.Немам пиено никакви таблети,па ако може да ми препорачате нешто на природна база,барем малку да ме смири.Имам само еднаш земено Персен,кој не ми помогна многу.И би ви била благодарна за некој совет кој би ме охрабрил,Вие барем знаете колку тоа на некој во ваква состојба му значи.
    Извиннете на долгиот пост,сакав малце да си ја смирам душичката.
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.121
    Допаѓања:
    221.248
    Пол:
    Женски
    Јас потполно те разбирам и сакам секогаш кога ќе се сетиш на сите овие негативности и црни мисли да помислиш на позитивностите во твојот живот, на твојата среќа, љубов и подршка од твоите сакани во животот, да пробаш да се ослониш на нив и да се искажеш за да ѕи помогнат, бар да те развеселат и да ти го направат денот убав.

    Не се затворај сама, избегнувај да мислиш, ние сами си го контролираме нашиот мозок и никој друг, потруди се да си внесеш бар доза на самоконтрола и подршка на самата тебе.

    Знам, лоши времиња ни надојдоа, сите сме такви, кој помалку кој повеќе верувај, егзистенција, борби, падови и разочарувања, НО најлесно е да се одадеме на нашата психа и нашата депресија, да се откажеме од се, и да си речеме не не бидува, ТЕШКО е да пробаме да си ја контролираме таа психа во нас и дури во негативностите да најдеме простор и трошка мотивација.

    Не дозволувај оваа твоја состојба да влијае врз тебе и врз луѓето кои ги сакаш, бидејки не сакајки можеш да ги изгубиш, секојдневно повторувај си дека има и полошо и дека треба да се бориш низ животот за тебе и за оние кои ги љубиш.

    Промени го својот живот, пронајди нешто што те исполнува што ти се допаѓа да го работиш, запиши некој спорт, нешто било што, и излегувај колку да се преоптеретеш ти самата од секојдневието, не барај к не очекувај вистински дружби и пријатели, нека не те боли однесувањето на луѓето бидејки секој живее и гледа за себе, доволно е да излезеш и да се насмееш, да испиеш едно кафе и да се освежиш, за другите да не ти е гајле, гледај ги само оние кои ги цениш и ги сакаш.

    Ете имаш партнер, прошетајте некаде, тргни се од монотонијата доколку имаш можност, шетајте, правете нешто, само не дозволувај да запаѓаш на дно. Штом си осетила дека нешто не е во ред тогаш барај промена кај себе си.

    Ќе ти речам да појдеш на психијатар, нот е срамно нит болно, ќе разговараш, спонтаноста ќе тече низ муабетот, ќе ти даде некој лек може и на природна база, ќе видиш дека подобро ќе ти дојде, не чекај навистина бидејки можеш со тоа дамо да си наштетиш, гледај за себе и остави го срамот, гледај да ти е добро на душата.

    Има многу лекови кои се на природна база и се витамини со правилно конзумирање на истите може да ти биде подобро, имаш б6 витамини исто постојат и многу други прашај во аптека, но според мене најдобро би било да ги тргнеш предрасудите и да појдеш да ти помогнат, ти треба малку за да се освежиш од монотонијата.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Да се надоврзам,шетаме,многу пати сме иделе на одмори надвор од државата,долга врска имам,и тука ми е жал што наместо да нижам спомени јас пак се оптеретувам со тоа..Еве и тука шетаме,често одам во цркви,манастири,ме смирува тоа, но моментално..Никогаш не сум мислела ова мене да ме контролира,наместо јас него,ама ете се случи.Од различни причини луѓе запаѓаат во депресија,темава затоа е и преполна,а колку ли уште ги има во денешно време.Се надевам еден ден ова ќе заврши или ќе се сведе на минимум,за што секако треба и јас да се потрудам :)
     
  13. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Провери си ја тироидната, според симптомите што ги опиша не е лошо да провериш,
    Ми личиш на Хипо.
    Не на Хипо и Чипо туку хипотироидизам
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Слава на Бога

    Слава на Бога Нов член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Мене ми е многу жал за твојот проблем во фамилијата мислам дека тоа најмногу те оптеретува и боли што е нормално затоа пробај длабоко во себе да им простиш на сите што те повредиле со тоа многу ќе си олесниш на душата.верувај дека секој има по некој проблем и несогласувања со фамилијата но ние навистина не треба да осудуваме да ги побараме нашите грешки да се покаеме и да ги сакаме ближните тоа не учи нашата вера и кога ќе го достигнеме тој степен многу ќе ни биде убаво но тоа знае да потрае.од мое лично искуство за депресија и на други луге вака ќе ти предложам појди во аптека и купи си капки за смирување на природна база.доколку земиш таблети можно е да станеш зависен а во првите две недели симптомите се дуплираат што значи дупло повеќе страв,болка,тага... Тоа никој не го кажува а пишува во упатствата а тебе зарем тоа сега ти треба ? Не верувај од таблетите имав смртни стравови крвта ја осеќав како заледена, таблетата не го лечи проблемот таа те опијанува на некој начин и те труе.
     
    На mynameislove му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Ме нема но тука сум како заробена во овој стан. Таман се ми се среди во животот и мислев нема веќе нам ништо лошо да ни се деси, стигнаа трагични вести.Член од мојата фамилија е болен со неизлечлива болест а многу е млад и многу ми значи.Тешко ја прифатив веста и сеуште неможам да спијам само на тоа мислам а поминаа само три недели одкако дознавме.Несрекна сум, депресивна, само седам и ништо не зборувам со никој и не сакам никој да дојде, цигари само пушам и неможам да се помирам со судбината зошто така си поигра со толку млад живот.Имам 5 месечно бебе треба да се радувам со неа а јас тонам.Секој ден се молам да е грешка дијагнозата одат на секакви доктори но тоа е сите истото го потврдуваат.Нема со кој да споделам бидејки никој не знае освен ние а се потешко станува.Верувајте сигурна бев дека јас сум срекна дека имам фамилија ама не е се во тоа.Мисев дека мора сите да се срекни, мора се да е розево и да го одиме патот. Знаев дека има и падови и бев сигурна дека се ке помине ама ова ме уништува, јаде од мене. Не пишувам за да ми помогнете, пишувам за да ме утешите и да се ослободам малку од овој товар бидејки пропаѓам психички..
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.121
    Допаѓања:
    221.248
    Пол:
    Женски
    Мануела живот посеан со ружи и розева боја не постои, животот е полн со проблеми, подеми и падови, најразлични искушенија и разочарувања, животот пред се е борба а наше е колку ние ќе бидеме умешни и трудољубиви во истата. Проблемите никогаш нема да престанат, тие се тука исто како и решенијата, едни доаѓаат други си одат и се така во круг. Затоа не се надевај и не барај среќен живот, бидејки не постои.
    Треба пред се да бидеш силна бидејки имаш фамилија и бебе на кое си му потребна, држи се колку што можеш повеќе и не се предавај никогаш. Јас те разбирам навистина и сваќам што значи ова што го зборуваш ти, но мораш да бидеш силна и позитивна и мораш да продолжиш со животот, најпрво за твоето бебенце на кое си му и повеќе од потребна, а потоа и за самата тебе. Знаеш.. времето е лек за сите рани, ја облажнува болката иако никогаш не ја заборава, но треба сите вие да бидете позитивни, да гледате позитивно и да се надевате, животот е премногу краток, суров и кобен, погодува онаму каде што може да боли и до срж, но тоа е животот и ние ништо не можеме да промениме освен да веруваме и да се надеваме дека ќе биде подобро.
     
    На Svetulkaaaaaa, karmenka, Manuela. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Таков е животот паѓаш па стануваш. Не фер се живее денес ништо незнаеш што ќе се случи и мој прв братучед умре на 28год од леукемија и татко ми почина кога јас имав 5годинки али мора да се тера во животот :( :( :(
     
    На Manuela. му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сама ако не си дадам волја нкој неможе инаку нема да можам да престанам да мислам на тоа.Дури би сакала да заборувам и со стручно лице бар малку да ме поттурне да размислувам поинаку и да гледам на светлата страна
     
  19. Manuela.

    Manuela. Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.384
    Пол:
    Женски

    Жал ми е за твоите загуби и се дивам како си преболела оти јас незнам да се помирам сега а не кога не дај боже ке изгубам некој
     
  20. pufchence9559

    pufchence9559 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Здраво...сакам да ви објаснам едно неубаво чуство што и самата незнам дали е од некоја причина значи се осекам како да сум во тешкаа депресија или некоја љубомора незнам како да се поставам за да си помогнам неќам другите да дознаат.Се нервирам што дечкото некако не ми обрнува внимание кога сме во друштво индирекно знае да ме навреди повеќе мисли на самиот себе и на кариеарата од колку на нас двајцата.Кога ќе му кажам да промени некои работи не ме разбира се инаети и баш си е среќен а јас цело време депресивна и секоја ситница ме нервира...одамна го немам тоа чуство на среќа.Имам успешен факултет ама немам доверба во самата себе....убава девојка сум често луѓето окулу мене го кажуваат тоа но ете сепак повеќе си верувам дека не сум како добра личност а досега ниту сум згрешила нешто лошо некому па да имам некоја грижа на совест туку ете како некоја љубомора кон луѓето...долг период тоа ми се случува незнам како да го променам и во последен период многу ми влијај на килажата депресијата.. ве молам за совет...