Нема некоја посебна причина да бидам депресивна. Ништо лошо не ми се случува, можеби и тоа е причината - што ништо не се случува. Преку ноќ само сакав да седам дома, да лежам по цели денови, ме нема на социјалните мрежи, секаков контакт ми е напорен, не ми се зборува на фејсбук со другарките со кои до вчера ми било мерак да се изнасмееме, да бидеме излезени од сабајле до вечер. Мака ми е кога ќе ме викне некој да излезам, зошто тоа значи да ја напуштам сигурноста и топлината на мојот дом, "страв" ми е и кога и да излезам само гледам што побрзо да се вратам дома и да си легнам. Преголемиот апетит ми се претвори во тоа да не сакам ништо да ставам во уста, чувствувам глад но ми се гади од речиси секаква храна, дури и од таа што ми била омилена. Многу малку да изедам пак ме заситува, дури лошо ми станува, ама се терам со сила да каснам по нешто колку да не ми се слоши. Активностите кои порано ми претставувало мерак да ги правам, на пример да отидам до кај другарка на кафе, да бидам излезена по цели денови, да се подновам со некое парче облека, сега сум потполно рамнодушна на сето тоа, дури ми е заморно. Единствено што забележав е дека во последно време се утепав од купување препаративна и декоративна козметика што никогаш не бил случајот со мене, не ни користам обично, и во моментот чувствувам голема еуфорија кога ќе го нарачам пола каталог, и кога ќе ги земам производите, но за 5 минути буквално ја снемува. И секако после ги жалам парите што сум ги дала, а сум можела за многу попаметни работи да ги искористам. Се случувало другарки да ми се лутат зошто цело време избегнувам да се видиме, но не ме забележуваат дека не сум ок, зошто кога и да излеземе сум најнормална како и секогаш, не дека глумам, но едноставно не знам и немам што да им кажам во врска со тоа, вистинското лице ми е кога седам дома, сама со себе. Мислам дека единствената работа од која не сум задоволна е факултетот, не сум среќна со тоа што го учам, но не верувам дека тоа е изворот на депресија. Со друштвото сум ок, дури запознав и нови луѓе, и се зближив доста со некои мои познаници, но самата си го упропастувам сето тоа зошто цело време закажувам средби со сите па ги откажувам/одложувам за некој друг ден од што немам сила и волја. Ми се случи три дена по ред да имам страшни мигрени, кои не ми поминуваа и со четири апчиња на ден. Моментално сум среќна што сум сингл, зошто страв ме фаќа од она што им се случува на другарките околу мене, вака се чувствувам среќна сама со себе, како во некоја сигурна зона во која никој не може да ме повреди. Почнав да чувствувам одбивност кон тоа да бидам интимна со некое машко (дури и до сега кога сум се обидела да бидам, не успевале едноставно да ме возбудат, како идеја ми се допаѓало тоа, но на лице место не сум се опуштала, не сум го сакала моментот) ,и не сакам воопшто да бидам во врска или да почнувам нешто со некого. Не знам од каде произлегоа сите овие чувства кај мене, баш буквално преку ноќ, размислував за тоа да одам на психолог, но таа кај што бев минатиот пат не ми се допадна, сметам дека не ми одговара како личност. П.С Она што ме зачудува е дека колку-толку обврските за на факултет си ги извршувам, учам за испити, не ми е толку напорно толку, но мислам дека тоа е заради "страв" од моите и сакам да избегнам дополнително замарање кое навистина не можам да го слушам, а не дека имам некоја огромна желба за учење.
@blueeparadise можно е да е таков периодот, нели Јануари е најдепресивен месец статистички гледано. Празници, глупости и самата атмосфера си го прави своето т.е тоа е погодна почва за никнување на депресивни мисли. Јас на тебе ( а и на сите) би ти(ви) препорачала да пробате и со апчиња и со терапии и да бидете упорни бидејќи на почетокот резултатите не се видливи и ќе си речеш поинтлесс е ама пробајте. Сепак, човек кој еднаш имал депресија засекогаш ќе има траги од неа само прашање на интезитет е и подобри-полоши периоди.
Ја само би додал никако на своја рака апчиња, туку прво на матичен, па на психолог, па тој ако има потреба ќе ви даде терапија. Не е играчка тоа, можете уште полошо да си направите.
Јас не ви препорачала апчиња, освен ако е ептен ризично со суицидни мисли. Земам антидепресиви година ипол, и се чувстувам како сосема поинаква личност. воопшто не ми е пријатно. Има денови кога сум толку зашеметена што не можам да станам, се губам психички, немам желба и волја за ништо и покрај апчињата. Плус side effects-oт да не ги набројувам, а одвикнувањето е уште потешко. Најдобар избор е да пробате со психотерапија, а не со таблети. На некој ако му треба било каква информација за ова слободно нека ми пише, имам прилично големо искуство.
Јас ли го пишував, ти ли го пишуваше? Вака некако би идело прашањето Не одам на факултет, ама имам работни обврски. Откако ќе завршам со работните обврски, хибернирам.. Ништо не правам, ништо не ме радува, смеењето ми е смеење тогаш за тогаш, кога искрено од срце ќе си се изнасмеам после тоа пак ќе зјапам како теле во шарена врата.. И остатокот од текстот, не сакам да коментирам каде се се пронајдов, ама по првата реченица ќе ти стане јасно.. НО..јас пред скоро 2 години бев и на психијатар и на психолог Делумно ми олесна. Мојата да ја наречам депресија беше предизвикана од конкретен извор ... го елиминирав. И подобра сум за разлика од тоа што бев.. Не сум старата јас од средно школо, ама подобра сум..иако уште хибернирам, барем не ме пука депресијава како порано Убаво ми е.. Уште да научам како да го тргнам ѕидот што го имам ставено за сите околу мене и супер ќе бидам. Едноставно е - не верувам на луѓе што допрва треба да ги запознавам..на сите останати со резерва. Не чувствував потреба да се запознаам со одредени нови личности, не чувствував потреба да одам на кафе.. самодовербата ми беше на критично ниво Ама ете..учам од ден на ден по нешто .. Се обидувам ако не повеќе.. Апчиња... мила, ако можеш без нив, не ги почнувај. Имам пишано на некоја тема дека хелекс ми препорачаа, откако преспав повеќе од 2 дена, ги исфрлив со се кутија.. Самата си реков - силна си ти! Што се немаш поминато во животов, зарем сега ќе се труеш со апчиња? Ќе ти помогнат? Не! Се е во твојата глава.. И така си работев на мојата глава. Имам страшна самоконтрола без оглед на се Пред некое време пишав на еден член(ка) тука, што имаше проблем..(намерно род не споменувам ) После тоа обврските ме утепаа, морав да ја запоставам комуникацијата. Кој знае колку пати ме има прекорено за тоа хмм?! Вчера солзи ми потекоа кога ми кажаа нешто за поврзано со истата личност..100пати се прекорив себеси, колку лоша пријателка испаднав и ептен срце ме заболе Ќе ти пишам ЛП, сакам да ти кажам како јас поминав низ тоа и сакам до крај да излезеш од овој период..ќе ти помогнам на секаков начин..на начин на кој потфрлив со горенаведената особа САМО доколку сакаш да ме ислушаш..во спротивно не ти одземам време
Депресијата ми стана "најдобро" пријателче. Не знам како и зошто ама отидов до последна фаза така што постојано плачам. А и домашниве и блиските пријатели не сфаќаат дека е сериозно и од мала караница ми отекуваат очите од плачење. Не плачам гласно и не врескам, едноставно за време на што и да правам тивко ми течат солзи. Можеби е период поради годините (16) ама немам со кого да направам искрен муабет. Не дека имам некои големи проблеми ама не знам од кога почнам психички и емоционално да паѓам. Несреќна сум и постојано сум тажна. Порано спиев по 5 часа а сега едвај ме будат. Немам воља за ништо и сееднно ми е. Веќе на ништо не се радувам и плачам било да има или нема причина, така што ова "расположение" ми стана навика. Вниманието ми го одвлекуваат другарките, музика, цртање...ама нема фајда...
Младенов голем стручњак за АД посебно за ССРИ ???? за кое твое искуство зборуваш??? за такво со кое стоиш на работ за животот да си го одземеш? мислиш дека човек кога ќе го допре дното е способен само едноставно да си го смени начинот на размислување?? за искуство каде што си дошол и г.....а ако треба ќе јадеш само да ја нема таа болка што ја осеќаш? да го нема товарот што те легнал и не ти дава од кревет да се поместиш...каде инајмилото да го гледаш дека е болно ти не добиваш енергија да преземеш нешто....И не е точно дека ако еднаш пиеш АД неможеш да гипрекинеш...секој случаје индивидуален...ТОЧНО Е ДЕКА ТРЕБА НАЧИНОТ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ ДА СЕ СМЕНИ..НО И ЗАТОА ПРВО ТРЕБА ДА СЕ СТАБИЛИЗИРАШ...
Бев во депресија пред извесен период...отидов кај психолог и имав 4 сеанси кои ми помогнаа. Во тие моменти се согласувам дека е најбитно да имаш пријател со кого да разговараш но за жал тоа кај мене не функционирање и затоа морав да побарам дополнителна помош.. Сметам дека овие депресии се се почести во денешно време
Bash taka mnogu mnogu cesta pojava denes...pisi koj psiholog ti pomogna i daliraboti nekoja metoda ili taka covekot sie dobar vo razgovor?
Лошо е човек да се бори со депресија. Сум.ја искусила знам, ја имам сеуште, а не ја ни.лечев нешто многу. Бев на психолог 6 месеци но не ми помогна, мислам дека ми треба психијатар. И јас се прашувам каква казна е ние младите да патиме од тоа.. Лошо е, треба фамилија да гледаме, да работиме, напредуваме. А најмногу од се ми е жал кога семејството е извор на тие проблеми па си го "унаказува" детето. Тоа боли превише, не поминува. Туку му поминало на некој само од себе? Јас пак да прашам иако го знам одговорот...
@Viki693 За жал ... Инаку не би сакала да откивам за кого се работи ..ти благодарам на разбирањето @mynameislove Човек кој не бил во депресија не знае и не може да те разбере. Многу е битно да се знае во кој степен е депресијата, и што довело до неа и сл...инаку познавам личност што сама се справи со депресијата но сепак мислам дека зависи од личноста, карактерот и сл.... Доколку сакаш да поразговараш со некого можеш слободно да ми пишеш
Има шанси да има, да. Било какви негативни чувства кои траат подолг период или се интензивни, а траат краток период, можат да манифестираат и физички болки, како болки во желудник.
Јас пиев апчиња, имам пишано страна поназад. Пиев деметрин и елицеа и од деметринот ми беше уште полошо, буквално уште толку немав воља за ништо. После деметринот го прекинав со психијатарот и пиев само елицеа, пиев елицеа по 20мг ама ништо не ми беше различно, а не ги пиев краток период. И на крај сама ги прекинав
@kim.k Кимке, а на кој начин докторот ви ги одредува лековите, т.е според кои фактори и на кој начин се одвива терапијата, дали со разговор или одма ви препишуваат нешто?
Ваљда нема да се налути Ким ако одговорам јас ама секако прво со разговор па се одлучува дали ќе ти препише нешто. Некогаш има случаеви кога треба неколку пати да се имаат сесии за да се одлучи дали треба терапија.