Ама не е до професионалецот, тоа сакам да го кажам јас. Тој може секаков совет да ти даде и апчиња да ти препише, ама ти ако повторно се затвориш дома и ништо не превземеш ќе ти биде џабе се. Затоа реков дека се е до нас самите, до нашата психа. Еве ти пример, Зашто луѓето се лечат ако идат во парк? Бидејќи се имаат убедено, дека паркот ќе им донесе добро и ќе им помине ако седат во природа. Тоа многу добро го сфатив, бидејќи јас се имав убедено дека ако идам на едно место ќе ми биде многу лошо и секогаш кога идев таму мене ми се појавуваше страв. А, дали имаше нешто лошо?Не, баш напротив, убави работи се случуваа, ама ти ако си во таква состојба, тоа не го приметуваш. Од убавите работи правиш трагедија и полошо ти станува. На крај сфаќаш дека нема ништо лошо. Полека, поминува се. Тебе те чува психата, се јавува како одбрабен механизам и те чува. Јас сум таа самата која морам да ги променам мислите во врска со местото. Мене џабе ќе ми бидат и апчиња да земам да пијам, ако сама не го променам погледот на работите. Апчињата неможат да ги променат мислите и во тоа што сум убедена.
Полека добивам некаква претстава и залудно е да коментирам понатаму, ќе бидам сфатена како критичар. Стручна помош, разговор со професионалец (психолог/психијатар), е првиот чекор што треба да се превземе, кога некој ќе се најде во една таква ситуација. Дали психијатарот ќе одлучи да препише лек или не е негова работа и јас воопшто не сакам да навлегувам во тоа. Постојат работи/проблеми кои тешко ги совладуваш сам, како заради карактерот така и заради околностите и опкружувањето. Не сме сите исти. Толку.
Поверојатно е дека ти имаш проблем со анкциозност отколку со чиста депресија. Кога си депресивен можеш да одиш и во парк и во дискотека ма каде сакаш не е проблем, ставаш вештачка насмевка час два и готово. Кога се враќаш дома си толку психичи и физички уморен и само ти се плаче, спие и вегетира. Нешто дека само со позитивно размислување, книги и прошетки ќе надминеш депресија, ќе надминеш можеби повремена тага, блага депресивна епизода предизвикана од нешто да, ама кај депресија пореметен е наачинот на функционирање на мозокот односно нивото на сератонин, а за да се нормализира потребно е терапија, па откако терапијата ке почне да го средува сератонинот така и личноста ќе почне да ужива во активостите што ги прави. Да се биде тажен одреден краток период заради одредна валидна причина не е исто што и депресија. Плус анкциозноста и депресијата се две различни болести.
Да, ама зборо ми беше ако не успеат у тоа незначи дека ајде одма депресија тоа е кај послаби карактери според мене ако не ти успее нешто ке почнуваш одново се додека не ти се остваре, а депресија знам дека често се појавува од психичка напнатост: размислување за проблеми и за тие проблеми да се размислува 24 часа и тогаш нашиот мозок ке се приспособе да биде негативен и после тоа и кога ке има моменти на среќа ке чуствуваш негативност и напнатост. Така да пазите за што се нервирате и колку време трае нервозата. Ај кажи ми штом паметнуваш кој што да не учи ако отидеш кај психијатар и ти каже подобро ќе биде подобро ќе биде, а во себе си викаш нема шанси овоа, нема подобро да биде, како психијатаро ќе те убеде дека ќе биде подобро? Ало бре зошто толку негативност, јас имав депресија една ипол година ејјј и само 3 пати посетив психијатар и што? Заборавив и што ми кажа, прочитав многу книги што ме убедија на подобро отколку некој психијатар со купена диплома. И сега имам моменти на депресија ама од пред 1 година што ми беше ајде 100%, сега можам да кажам дека ми е намалено на 40% и веќе долг период. Зошто да мислам дека ништо не ми се праве,и се на тоа ке се бесам ако не отидам на психијатар, мислам глупости. Читајте книги такви повеќе за подигање на свеста.
Ne se soglasuvam so ova depresijata nekogas znae da bide I od hormonsko poremetuvanje konkretno kaj mene dojde oti primav mnogu progesteron vo bremenosta progesteron depo primav preku den nekade do 14 ned od bremenost posle mesto da mi go prekinat go namalija na dva pati ned I na krajta na ednas nedelno do 24 Ned koga mi go prekinaa na celo plus primav i utrogestan po tri dnevno
Кај мене беше од предолго размислување, и плакање за ист проблем тоа траеше околу 4 месеци секој ден, изгубив сакана личност. И после се манифестираше во депресија пред 1 ипол 2 години..
Не се во прашање 'послаби карактери'. Како може да е до карактер, кога е факт дека е проблем абсорбцијата на серотонин во мозокот? Ако имаш покачен шеќер, и тоа ли е до 'послаб карактер'? Од шо мака учиш за психијатар, кога не веруваш дека психијатрите можат да помогнат?
Помагат ама и ако имаш позитивен став,исто така и антидепресивите мора и ти да го контролираш серотонинот, допаминот а не напиеш се терапија и па имаш лоши мисли.. Значи не е се до одење на психијатар и тоа е битно ама не е тоа се некој оде 10 години на психијатар а некој му е доволно 1 месец. Инаку да додадам ако работам како психијатар нема да гледам пациентот само да го навлекувам да доаѓа за пари само туку ке гледам што побрзо да закрепне и да не доаѓа.
Не ти велам за луѓето со депресија дека се слаби карактери бидејќои и јас патев и тоа од тешка депресија. Потенцирав дека слаб карактер за мене мое лично мислење е дека некој ако не успее во нешто се откажува и не е упорен. Како што спомна членот за некој што сонува големи соништа а не си ја гледа ситуацијата. Значи депресијата стварно МИНЕ луѓе тоа е период во кој има и позитивна страна да размислуваме кој сме, што сме.. Дали за 1 месец, 1 година, 10 депресијата мине, секој различно ја надминува, сепак тагата не е најмоќно чуство кај човекот, само е илузија запомнете. Антидепресивите не ти ги одредуваат мислите!
Е грешка си. Баш ти ги одредуваат. Поради серотонинот кој се апсорбира полека и континуирано, имаш општо чувство на задоволство, па и мислите ти соодвествуваат со чувствата.
Хм, добро секој си има свој став, пример мене најдобар лек против депресија ми е природата, чист воздух итн..
Зато реков: За тебе тоа што важи, не значи дека важи и за другите За мене тоа што важи, не значи дека важи и за другите. Ама психијатар, мора да се посетува, и ако не е успешно само со психо-терапија да се стабилизира, или 'сам од себе', тогаш медикаменти се препишуваат, за да не ескалира уште толку состојбата.
Ова е многу важен момент. Со оглед на тоа дека учиш за психијатар одговорот на ова прашање би требало ти да го знаеш. Многу контрадикторности на едно место.
То е целта. Некогаш мора да е исполнета со лекови, јбг. Туку, кога ќе ти дојдат на терапија ќе ги советуваш да одат во природа?
Мене многу ми е смешно што некој што учи за психијатар пишува вакви мислења. Зарем не ве учат дека до депресија се доаѓа поради дисбаланс на хормонот на среќата серотонин? Има природни начини на кој што може да се поттикне да се лачи повеќе со вежбање, секс, правилна исхрана, прошетки во природа меѓутоа кај некои луѓе едноставно не помага ова. Затоа со медикаменти мора да се регулира нивото на серотонин.
Поарно во природа, него да се дрогираат со лекови и да се навлечуваат. Запрашала ли си се пациент на антидепресиви ако престане да ги пие, што може да е случе да се искомлицира ситуацијата, или пример хелексот ако долго се употребува тој предизвикува суицидни идеи, акамоли да се престане да се пие. треба и медикаменти ама јас преферирам природен начин со природни билки. Или вит б6, сентис и др, веке ако ситуацијата е многу лоша и неиздржлива се превземаат мерки. ЗНАЧИ ЈАС МИСЛАМ ДЕКА ДЕПРЕСИЈАТА СЕ ЛЕЧЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН И СО ВИТАМИНИ ВНЕСУВАЊЕ ВО ОРГАНИЗМОТ И ТОА Е МОЕ МИСЛЕЊЕ; ВАШИТЕ МИСЛЕЊА ИСКАЖУВАЈТЕ СИ ГИ.
Како иден психијатар, твои зборови, не мои, треба да знајш дека евентуално лекови се прекинуваат. Никако наеднаш, и има лекови кои се за после терапија, да не се прекини наеднаш. Како иден психијатар, треба да знајш дека на твојот пациент нема да смејш да го советуваш, а уште помалку да му речиш да шета во природа. Нема да му наметнуваш идеи, туку ќе го пратиш неговото темпо. Како иден психијатар ти ќе држиш терапија. Никој не би сакал непотребно лекови, некогаш се неопходно. Сигурно нема да дозволиш некој да се самоубие зошто против принцип ти е да препишиш лек. Психотерапијата е најефективна ама некогаш мора да е во комбинација со лекови. Ова не е мислење, ова не е мое гледиште. Ова е факт.
Еве пошто спомна за пациент што пиел антидепресиви како му било откажувањето ќе споделам јас како ми било. Ако имаш стручен психијатар откажувањето оди постепено, има шема на намалување на лековите. Тешко е да, има негативни ефекти додека да се навикне организмот, меѓутоа се преживува. Со поддршка од психијатарот и постојана контрола во комбинација со психотерапија успешно се надминува откажувањето. Јас за околу месец дена се одвикнав после околу три години пиење апчиња. Дека апчињата може да предизвикаат суицидални мисли, да точно е и тоа. И јас не ги сакам ради тоа. Меѓутоа во самото упатство тоа се нагласува и поради тоа се следи состојбата од страна на психијатарот и се информираат најблиските. Ако се забележи било каква промена со која се забележува суицидалноста, веднаш се реагира. Меѓутоа лично еве да не беа апчињата не знам дали денеска би била овде. Колку и да имаат негативни ефекти, понекогаш се неизбежни. На дијабетичар ќе му препишеш лекарства или ќе му кажеш со витамини да се лечи? А ако не сакаш да лечиш со апчиња ја имаш воглавно згрешено професијата.