Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам по колку време на подој треба да цица бебе? Јас гледам да биде 15-20 минути но не сака да се тргне... а доколку сетам дека не се нахрани убаво му додавам вештачко.
     
  2. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.680
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Не може баш да се генерализира. За ептен мало новороденче обично викаат по 15 мин од секоја града на подој. Меѓутоа сите доенчиња немаат исто сила и темпо на цицање, сите доилки немаат ист млаз на млеко итн.
    Мене во болница ми кажаа адаптирано да дадам само и единствено во случај ако и после доење бебето плаче/вришти. До сега немам дадено зошто не се случило да плаче, а по пелените и напредокот во килажа гледам дека моето млеко му е доволно. Друг начин за да осетиш дека не се дојал нема од проста причина што кај цицањето немаш увид колку мг исцицал.
     
    На Freckles. и sheis им се допаѓа ова.
  3. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Вчера и денес јадев боранија, бебе вришти од грчеви, сега сфатив дека од тоа е...
    Што да правам? Да продолжам ли денес со доење?
     
  4. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    На болница и патронажна ми кажа по 15тина минути на подој но после тоа време плаче и раката јансѕава во уста и по тоа знам дека не е доволно па додавам 30мл млеко... затоа паршав не знам точно по колку време да го држам на подој...
     
  5. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    Фала ви на советите девојки.
    Имам перница за доење и сеа за сеа тскс дојам, седната на спална, ама некако воопшто не ми е згодно, и за тоа сакав да земам некоја фотеља… и ние немаме мн место во спална ама ќе се збиеме некако…
    Да разгледам по ова продавниците за мебел да видам што се нуди..
     
    На Pocahontas.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Со силиконски пробувам да му давам.
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.040
    Допаѓања:
    10.445
    Не се децава толку по калап правени па едно правило да важи за сите, а за жал многу педијатри и сестри слепо се држат до некои вакви препораки што не секогаш имаат смисла.
    Ич немам против формула ако треба да се даде, ама мислам дека во твојов случај е скроз непотребно.
    Охрабри се малку повеќе да си го следиш детето наместо да гледаш во саат. Моево имаше период кога цицаше 20 минути, некогаш цица 40. Некогаш па само 10 и се успива како онесвестена и топ не ја буди.
    Некогаш цица на 2-3 сати, некогаш бара на еден саат. Сакам да кажам едно дете па нон стоп менува, а камоли па повеќе деца, секое со свој тертип.

    Пробај зголемувај го времето на подојот ако видиш дека уште сака да јаде и пробај да избегнеш дохрана па да видиш како ќе прифати бебето. Наместо 30 мл дохрана нека си доцица на раат.
     
    На MeowMeow, sheis, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    А сама го прекинуваш на 15 мин? Остави го да си цица колку сака, кога ќе му е доста само ќе си се тргне. Јас го прекинувам само кога подоите се неразумно долги, пример сме стигнале до еден саат. На 15 мин ми е скроз неразумно да прекинеш. Да не ти рекле да смениш града после 15 мин?
    Ако, нека си влече со силиконските, јас бев со нив од почеток, ми ги ставија на гради веднаш кога видоа дека брадавиците ми се вовлечени. Млеко ми дојде после 3 дена. Ама го држев на гради скоро цело време.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Ако имаш млеко и ако си напредува не гледам потреба да додаваш.. не гледај на саат ако е малечко не може да влече брзо. Спрема тоа како напредува ќе знаеш дали му е доволно веројатно контроли на 2 недели ви закажуваат. Труди се да биде само на мајчино, ако имаш млеко не давај вештачко
     
    На Bubish26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Бебе на града ако треба и со силиконски, молзење редовно, многу течности и Лактил капсули.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.680
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Да не се повтарам, потпишувам тоа што кажа @Giovanna од А до Ш. Збунета си сега зошто бебето е премало, тебе ти е ново сѐ и разбирливо, првите две недели мене лично ми беа најтешки. Ама по некое време ќе почне сѐ да ти станува многу поприродно. Детето нека ти биде на града толку колку што сака. Нормално дека кога ќе го тргнеш по 15 мин и става раце во уста е гладно, ама тоа не значи по автоматизам дека немаш доволно млеко. Можеби имаш послаб млаз, помрзливо бебе итн.Тие 15 мин што ги даваат како препорака се повеќе за да цица бар 15 мин минимум зошто многу од новороденчињата се успани. Не значи да го држиш 15 мин и да го тргнеш од гради. Ќе го доиш толку долго колку што бара.
     
    На sheis, Freckles., Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Homme

    Homme Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2012
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    494
    И јас сум нешто збунета со моево бебече. Првите две недели си спиеше по 3 саата па го будев и цицавме 15/20 мин од една града. Сега третава недела нешто ми мења, се буди на 2 или 2.5 саати и цица помалку време, пример на една града 15/20 мин на друга 10, заспива и нема шанси да го разбудам и сам ја пушта. Момент на расонување ни е помеѓу една и друга града менуваме пелена па така се буди. Не знсм искрено колку млеко имам, и дали ако го оставам на еден подој на пример само од една града да цица 25/30 мин дали ќе му е доволно…
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GIGI69

    GIGI69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2021
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    413
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто се оптеретувате толку со минути, колку сака нека цица кога сака нека цица, еве мојата е 6 месеци, па до сега не сум сметала на саат супер напредува, остави сите бебиња се различни. Опуштетесе и уживајте во доењето
     
    На Bubish26, sheis, IRBBB и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.680
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Три работи е битно да се задоволени, полни пелени, напредување во килажа и бебето да не плаче од глад. Нормално е да менуваат, тек се прилагодуваат на надворешниот свет. Јас давам да цица на барање и не гледам на саат.
     
    На sheis, Freckles., Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
     
  16. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Јас само да споделам искуство, решив да пробам само да собирам тоа што тече од едната града додека дојам на другата, демек да не почнувам со измолзување. Јас се изненадив колку млеко собрав, за еден ден можеби 100 мл. Ја имам бубамарата од хака, ја користев пред две недели ама не знам зошто прекинав.
    Е сеа пошо ствара мал вакум, се рачуна ко пасивна форма на измолзување, значи може да предизвика зголемена лактација, ама гледам да не ја ставам на секој подој.
    Топла препорака од мене, доколку некој сака да складира млеко а му е страв да почне со измолзување, ко мене :D
     
    На Giovanna, sheis, Luminary и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Nala37

    Nala37 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2022
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Ми се појави внатрешно црвенило на едната града, од страната накај мишката. Осеќам и болка. Не кожам да допрам убаво да видам дсли има грутка. Бебе си цица убаво цел ден. Дали е можно да се работи за мастит или сум се чукнала негде?
     
  18. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.325
    Допаѓања:
    33.663
    Пол:
    Женски
    Ако имаш мастит ќе те боли цела града, ќе ти биде црвена, жешка и преполна и ќе кренеш температура.
    Веројатно станува збор за затнато каналче. Под топол туш прави масажа од периферијата на градата кон брадавицата, ако има потреба масирај ја и грутката за да се "раскрши" и одмолзи дури да ја снема.
     
    На Nala37 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.330
    Допаѓања:
    4.876
    Пол:
    Женски
    Дали може некаква диета да се воведе без да влијае на количината на млеко?
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.897
    Допаѓања:
    110.118
    Пол:
    Женски
    Ти да воведеш диета? Диета не е лишување од храна, диета е вистински избор на намирници. Јас сум 1 недела на режим кај Ана и немам никаков проблем со млекото. Нит па гладна сум.
     
    На sheis, Nala37, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.