Сакам да ве прашам по колку време на подој треба да цица бебе? Јас гледам да биде 15-20 минути но не сака да се тргне... а доколку сетам дека не се нахрани убаво му додавам вештачко.
Не може баш да се генерализира. За ептен мало новороденче обично викаат по 15 мин од секоја града на подој. Меѓутоа сите доенчиња немаат исто сила и темпо на цицање, сите доилки немаат ист млаз на млеко итн. Мене во болница ми кажаа адаптирано да дадам само и единствено во случај ако и после доење бебето плаче/вришти. До сега немам дадено зошто не се случило да плаче, а по пелените и напредокот во килажа гледам дека моето млеко му е доволно. Друг начин за да осетиш дека не се дојал нема од проста причина што кај цицањето немаш увид колку мг исцицал.
Вчера и денес јадев боранија, бебе вришти од грчеви, сега сфатив дека од тоа е... Што да правам? Да продолжам ли денес со доење?
На болница и патронажна ми кажа по 15тина минути на подој но после тоа време плаче и раката јансѕава во уста и по тоа знам дека не е доволно па додавам 30мл млеко... затоа паршав не знам точно по колку време да го држам на подој...
Фала ви на советите девојки. Имам перница за доење и сеа за сеа тскс дојам, седната на спална, ама некако воопшто не ми е згодно, и за тоа сакав да земам некоја фотеља… и ние немаме мн место во спална ама ќе се збиеме некако… Да разгледам по ова продавниците за мебел да видам што се нуди..
Не се децава толку по калап правени па едно правило да важи за сите, а за жал многу педијатри и сестри слепо се држат до некои вакви препораки што не секогаш имаат смисла. Ич немам против формула ако треба да се даде, ама мислам дека во твојов случај е скроз непотребно. Охрабри се малку повеќе да си го следиш детето наместо да гледаш во саат. Моево имаше период кога цицаше 20 минути, некогаш цица 40. Некогаш па само 10 и се успива како онесвестена и топ не ја буди. Некогаш цица на 2-3 сати, некогаш бара на еден саат. Сакам да кажам едно дете па нон стоп менува, а камоли па повеќе деца, секое со свој тертип. Пробај зголемувај го времето на подојот ако видиш дека уште сака да јаде и пробај да избегнеш дохрана па да видиш како ќе прифати бебето. Наместо 30 мл дохрана нека си доцица на раат.
А сама го прекинуваш на 15 мин? Остави го да си цица колку сака, кога ќе му е доста само ќе си се тргне. Јас го прекинувам само кога подоите се неразумно долги, пример сме стигнале до еден саат. На 15 мин ми е скроз неразумно да прекинеш. Да не ти рекле да смениш града после 15 мин? Ако, нека си влече со силиконските, јас бев со нив од почеток, ми ги ставија на гради веднаш кога видоа дека брадавиците ми се вовлечени. Млеко ми дојде после 3 дена. Ама го држев на гради скоро цело време.
Ако имаш млеко и ако си напредува не гледам потреба да додаваш.. не гледај на саат ако е малечко не може да влече брзо. Спрема тоа како напредува ќе знаеш дали му е доволно веројатно контроли на 2 недели ви закажуваат. Труди се да биде само на мајчино, ако имаш млеко не давај вештачко
Да не се повтарам, потпишувам тоа што кажа @Giovanna од А до Ш. Збунета си сега зошто бебето е премало, тебе ти е ново сѐ и разбирливо, првите две недели мене лично ми беа најтешки. Ама по некое време ќе почне сѐ да ти станува многу поприродно. Детето нека ти биде на града толку колку што сака. Нормално дека кога ќе го тргнеш по 15 мин и става раце во уста е гладно, ама тоа не значи по автоматизам дека немаш доволно млеко. Можеби имаш послаб млаз, помрзливо бебе итн.Тие 15 мин што ги даваат како препорака се повеќе за да цица бар 15 мин минимум зошто многу од новороденчињата се успани. Не значи да го држиш 15 мин и да го тргнеш од гради. Ќе го доиш толку долго колку што бара.
И јас сум нешто збунета со моево бебече. Првите две недели си спиеше по 3 саата па го будев и цицавме 15/20 мин од една града. Сега третава недела нешто ми мења, се буди на 2 или 2.5 саати и цица помалку време, пример на една града 15/20 мин на друга 10, заспива и нема шанси да го разбудам и сам ја пушта. Момент на расонување ни е помеѓу една и друга града менуваме пелена па така се буди. Не знсм искрено колку млеко имам, и дали ако го оставам на еден подој на пример само од една града да цица 25/30 мин дали ќе му е доволно…
Јас не знам зошто се оптеретувате толку со минути, колку сака нека цица кога сака нека цица, еве мојата е 6 месеци, па до сега не сум сметала на саат супер напредува, остави сите бебиња се различни. Опуштетесе и уживајте во доењето
Три работи е битно да се задоволени, полни пелени, напредување во килажа и бебето да не плаче од глад. Нормално е да менуваат, тек се прилагодуваат на надворешниот свет. Јас давам да цица на барање и не гледам на саат.
Јас само да споделам искуство, решив да пробам само да собирам тоа што тече од едната града додека дојам на другата, демек да не почнувам со измолзување. Јас се изненадив колку млеко собрав, за еден ден можеби 100 мл. Ја имам бубамарата од хака, ја користев пред две недели ама не знам зошто прекинав. Е сеа пошо ствара мал вакум, се рачуна ко пасивна форма на измолзување, значи може да предизвика зголемена лактација, ама гледам да не ја ставам на секој подој. Топла препорака од мене, доколку некој сака да складира млеко а му е страв да почне со измолзување, ко мене
Ми се појави внатрешно црвенило на едната града, од страната накај мишката. Осеќам и болка. Не кожам да допрам убаво да видам дсли има грутка. Бебе си цица убаво цел ден. Дали е можно да се работи за мастит или сум се чукнала негде?
Ако имаш мастит ќе те боли цела града, ќе ти биде црвена, жешка и преполна и ќе кренеш температура. Веројатно станува збор за затнато каналче. Под топол туш прави масажа од периферијата на градата кон брадавицата, ако има потреба масирај ја и грутката за да се "раскрши" и одмолзи дури да ја снема.
Ти да воведеш диета? Диета не е лишување од храна, диета е вистински избор на намирници. Јас сум 1 недела на режим кај Ана и немам никаков проблем со млекото. Нит па гладна сум.