Дали е нормално тоа кафеавиот исцедок? Прв пат ми дојде на 40те дена и тоа обилно си крварев 7 дена а сега Требаше да ми дојде пред три дена имав само кафеав исцедок и толку.
Мајки хелп. Веќе неколку недели ќерка ми одбива да цица (3 месеци е). Значи буквално и се јаде, лапа раце, вршити за јадење, а кога ја ставам на града пишти од градата, мава, каса, бега, само да не цица. Од шише молзено млеко, исто. Сношти и дадов со лажиче, јадеше. Значи има денови кога си цица нормално, ама има денови кога цица буквално по 5 мин 2-3 пати и тоа кога не е расонета, ако ја залажам тогаш да и дадам. На последен преглед за 1 месец имаше ставено помалку од 500гр на килажа, а претходно си ставаше по 300-400гр неделно. Бебево се понаша како да заборавило да цица. Не сакам да дадам ад, бидејќи млеко имам доволно, ми тежат градите, а не знам како да постапам. Се надевам е период кој ќе помине. Прво мислев до скокот е, ама испадна дека не е, оти си продолжи вака и после скокот. А се грижам бидејќи малку става на килажа...
Не знам дали е нормално. Ама мене тој исцедок после породување не ми прекина нагло, може два ипол месеци имаше бебе, кога прекинав повремено да имам некоја боја на исцедокот. Гинеколог ме гледаше, рече дека се е во ред и дека е нормален. Инаку 22 декември исто имав кафеаво, 7 јануари мислев дека добив имав два дена кафеаво со темно црвено и еве сега конечно нешто што личи на мензис. Др ми кажа дека што и како ке добијам не се знае, жени не добиваат по 2 години додека дојат, некои веднаш на 40 дена. Ке одам пак на преглед за некој месец.
Сакам да почнам да вежбам а сме на ексклузивно доење па дали вежбањето би можело да го намало количината на млекото? И со какви вежби почнавте после пораѓај?
Здраво мајки, Ви пишувам од болница, 3 ден од царски, живи здрави со бебе се е во ред. Знам дека после царски млекото доаѓа покасно, само сакав да прашам за совети што и како можам да правам периодов за да го поттикнам. Се обидувам да ја ставам на града, но тврди ми се брадавиците па не фаќа, успева малку да фати со силиконски, но само 2-3 пати ќе цицне, ќе сфати дека нема ништо и се откажува - што е најинтересно и не се буни многу (освен ако не е веќе нервозна), туку едноставно си дреме на брадавицата. А и да сомнам, имам огромни гради и никако не можам да си најдам асална позиција за доење, се осеќам како да ќе и ја поклопам фацата и ќе ја задушам Од вчера почнав да ги стимулирам градите со пумпа, знам дека треба и на секои 2-3 часа, но уште ми е незгодна секоја позиција, па го имам направено тоа неколку пати. Што друго би ме советувале?
Football hold на бебе, на перница покрај тебе. Јас само така успеав со големи гради. Бебе на града на секое, тоа најубаво стимулира млекце. Power pumping или cluster feeding. Но моментално бебе има желудниче на оревче, така да и многу млеко не е потребно. Секое добро и ти посакувам успешна доенечка приказна
Здраво мајки. Можеби прашањето не е за тука меѓутоа и јас сум доилка па може некој ќе ми помогне. Пред неколку дена на десната града ми се појави голема модрица, не ме болеше, не можев да се сетам дали некаде сум се удрила, а местото е тешко достапно за бебо да ме шмукне. Бебо има скоро 5 месеци, ексклузивно се доиме, имам млеко, воспоставена лактација, немам никаков проблем со тоа. Модрицата почна да менува бои, нема болка ама денеска на допир напипав мала грутка. Секако ќе закажам ехо на гради и ќе се консултирам со доктор, но во меѓувреме би сакала да соберам искуства да не помислувам одма на најлошото. Ви благодарам.
https://www.instagram.com/reel/DFcbXJQsKdc/?igsh=ZXUzajdpYXl2Z3E2 Еве едно видео за како да олесните фат кај преполни гради
Јас еднаш без два грама памет, стиснав грутка во градата (каналче полно со млеко) и ми се направи модрица. Баш тука пишував. Не се сеќаваш да не си се стиснала несекајќи?
Од скокот нејќе да цица, со двајцата се борев тој период. Гледај на саат пред да заплачи за цицање, затемни соба, пушти white noises на youtube и дај му да цица, една минута ако закаснев после се боревме
Дали најде некое решение? буквално низ истото минеме сега за две недели качила само 110 грама во последно време нејќе да цица вреска ме греба ќе поцица малку ќе почне да плаче. Не знам ни што да правам веќе
Најверојатно од скокот така правеше, сега почна да си цица понормално иако кога е преморена вреска уште и не сака да јаде. Најчесто и давам одма штом отвори очи кога уште не е расонета, тогаш најмногу прифаќа да цица, а ако е преморена ептен со молење и вриштење. Заспивање како претходно со цице нема шанса, само со нишкање оти не цица и уште повеќе се вознемирува почнува исто буквално да мава да гребе да пишти. Само тоа мене ми успеваше, уште нерасонета да и дадам да јади или ептен ако е гладна па да зацица на прво.
Што мислите за тетовирање за време на доење? Не ми се брза има време ќе се тетовирани Само ја прашав таа кај што се тетовирани ми вика може нема никаква врска
Јас имам на кикабоо сега некој други од зегин намо нано незнам како точно се викаат кинам горе тоа од кесето отварам зиперчето ставам млеко директ истискувам воздух да нема внатре и затварам зипер убаво и мрзнам
Да, земав и јас на кикабоо, исто вака правам. Туку, гледав на Тему многу поевтини, ама не ми се сигурни дали се стерилни.
Мајки,истиот проблем го имам и јас со бебе одбива да цица,на ад сме,само навечер кога му е времето за спиење во затемнета соба и тогаш во раце нишкајки ја фаќа градата,не ми правело вака до сега,незнам што да правам Можеби е привремено така читав на нет или до скокваше искуство...