Дали е нормално тоа кафеавиот исцедок? Прв пат ми дојде на 40те дена и тоа обилно си крварев 7 дена а сега Требаше да ми дојде пред три дена имав само кафеав исцедок и толку.
Мајки хелп. Веќе неколку недели ќерка ми одбива да цица (3 месеци е). Значи буквално и се јаде, лапа раце, вршити за јадење, а кога ја ставам на града пишти од градата, мава, каса, бега, само да не цица. Од шише молзено млеко, исто. Сношти и дадов со лажиче, јадеше. Значи има денови кога си цица нормално, ама има денови кога цица буквално по 5 мин 2-3 пати и тоа кога не е расонета, ако ја залажам тогаш да и дадам. На последен преглед за 1 месец имаше ставено помалку од 500гр на килажа, а претходно си ставаше по 300-400гр неделно. Бебево се понаша како да заборавило да цица. Не сакам да дадам ад, бидејќи млеко имам доволно, ми тежат градите, а не знам како да постапам. Се надевам е период кој ќе помине. Прво мислев до скокот е, ама испадна дека не е, оти си продолжи вака и после скокот. А се грижам бидејќи малку става на килажа...
Не знам дали е нормално. Ама мене тој исцедок после породување не ми прекина нагло, може два ипол месеци имаше бебе, кога прекинав повремено да имам некоја боја на исцедокот. Гинеколог ме гледаше, рече дека се е во ред и дека е нормален. Инаку 22 декември исто имав кафеаво, 7 јануари мислев дека добив имав два дена кафеаво со темно црвено и еве сега конечно нешто што личи на мензис. Др ми кажа дека што и како ке добијам не се знае, жени не добиваат по 2 години додека дојат, некои веднаш на 40 дена. Ке одам пак на преглед за некој месец.