Те разбирам, само што во болница многу често го советуваат тоа и кога нема реална потреба, така што внимателно. Ставај ја на града уште пред да почне да плаче, масирај ја градата за да и тече млеко, ако се вознемири, смири ја па пробај пак. Цицањето и стимулацијата воопшто не се исто ефикасни со силиконска како што е директно на града, ова го осетив на своја кожа. Не ти викам да си го изгладнуваш детето, таман работа ако ептен нема друг начин, само внимателно
Дааа мене пред добивање ми се намалува млекото, после ми се регулира, ама тие 5 дена пред добивање синко сум приметила не може да се донацица.
И мене од болница ми кажаа да користам силиконска за убаво да фател ама некако дома нервоза ме фати со нив, вриј па мести па оно паднало дури да наместиш дете... и не знам колку е правилно или ќе успее кај тебе ама јас го оставав да фати со силиконска да поцица максимум една минута и му ја тргав и продолжуваше да си цица. Направив така неколку пати и ги баталивме скроз.
И јас ги вадам штом почне да цица и си продолжува убаво без нив. Ако успее да фати убаво без воопшто и не ја ставам.
Здраво мајки, ајде едно прашање, навечер кога се измолзувам имам околу 30 мл, вчерашното шише од медела го ставив во фрижидер, вечерва ќе измолзам уште толку. Дали и тоа шишенце прво да сд олади па да ги спојам да ги замрзам 60 мл? Некако мн малку ми е да замрзнувам 30 мл. Бебето ми е уште на неонатологија интезивна нега, два пати таму се измолзувам и еднаш дома... некако толку имам цел ден од двете гради 90мл.
Да, кога ќе се двете ладни тогаш се мешаат и замрзнуваат. Не се откажувај, секоја капка е злато викаат. Колку повеќе молзеш, толку повеќе ќе има. Јас со редовно молзење 8 дена на 2 часа, 12 пати во ден поточно, стасав до 150-180мл од молзење и фала богу почна да цица послето
Сега е премачно ама вреди да се жртвуваш.. да не дробам за бенефитите на мајчиното млеко. После прелесно е верувај, цица цели 2 минути од града и е фул нацицан и мочан до гуша
До кога траеше тоа цицање по 40минути-саат?Мојата има 17 дена и речиси секое доење е барем 40 минути најчесто саат во кои често ја потсеќам штипкам да не се успие но ја гледам дека се изморува и прави многу паузи
Многу ти е малце 3 пати молзење за цел ден ако сакаш да одржиш лактација на почеток, на 3 часа е максимумот ако не доиш. Не е битно дали ќе вадиш 3,5, 10мл битно ставај пумпата да стимулира. Млекото секогаш се спојува на иста температура, можеш до 4 дена да чуваш во обичен па да споиш и да замрзнеш. Ќе се зголеми количината само константност мора. Ќе си дојде дома херојчето и ќе баталиш пумпа оно ќе си стимулира најубаво колку му треба. @dummy до месец кај нас.