Те разбирам, само што во болница многу често го советуваат тоа и кога нема реална потреба, така што внимателно. Ставај ја на града уште пред да почне да плаче, масирај ја градата за да и тече млеко, ако се вознемири, смири ја па пробај пак. Цицањето и стимулацијата воопшто не се исто ефикасни со силиконска како што е директно на града, ова го осетив на своја кожа. Не ти викам да си го изгладнуваш детето, таман работа ако ептен нема друг начин, само внимателно
Дааа мене пред добивање ми се намалува млекото, после ми се регулира, ама тие 5 дена пред добивање синко сум приметила не може да се донацица.
И мене од болница ми кажаа да користам силиконска за убаво да фател ама некако дома нервоза ме фати со нив, вриј па мести па оно паднало дури да наместиш дете... и не знам колку е правилно или ќе успее кај тебе ама јас го оставав да фати со силиконска да поцица максимум една минута и му ја тргав и продолжуваше да си цица. Направив така неколку пати и ги баталивме скроз.
И јас ги вадам штом почне да цица и си продолжува убаво без нив. Ако успее да фати убаво без воопшто и не ја ставам.
Здраво мајки, ајде едно прашање, навечер кога се измолзувам имам околу 30 мл, вчерашното шише од медела го ставив во фрижидер, вечерва ќе измолзам уште толку. Дали и тоа шишенце прво да сд олади па да ги спојам да ги замрзам 60 мл? Некако мн малку ми е да замрзнувам 30 мл. Бебето ми е уште на неонатологија интезивна нега, два пати таму се измолзувам и еднаш дома... некако толку имам цел ден од двете гради 90мл.
Да, кога ќе се двете ладни тогаш се мешаат и замрзнуваат. Не се откажувај, секоја капка е злато викаат. Колку повеќе молзеш, толку повеќе ќе има. Јас со редовно молзење 8 дена на 2 часа, 12 пати во ден поточно, стасав до 150-180мл од молзење и фала богу почна да цица послето
Сега е премачно ама вреди да се жртвуваш.. да не дробам за бенефитите на мајчиното млеко. После прелесно е верувај, цица цели 2 минути од града и е фул нацицан и мочан до гуша
До кога траеше тоа цицање по 40минути-саат?Мојата има 17 дена и речиси секое доење е барем 40 минути најчесто саат во кои често ја потсеќам штипкам да не се успие но ја гледам дека се изморува и прави многу паузи
Многу ти е малце 3 пати молзење за цел ден ако сакаш да одржиш лактација на почеток, на 3 часа е максимумот ако не доиш. Не е битно дали ќе вадиш 3,5, 10мл битно ставај пумпата да стимулира. Млекото секогаш се спојува на иста температура, можеш до 4 дена да чуваш во обичен па да споиш и да замрзнеш. Ќе се зголеми количината само константност мора. Ќе си дојде дома херојчето и ќе баталиш пумпа оно ќе си стимулира најубаво колку му треба. @dummy до месец кај нас.
За време на доење може ли да се направи преглед на града? Синоќа напипав едно топче, денес пак го осеќам. Дали е од доењето или не е
Јас имав многу топчиња така првите 3 месеци, грутки од млекото ми беа. Сега ги немам. Види за некое време дали ќе се повлече, можеш и нежно да масираш на местото додека се тушираш
Мајки, на три месеци кога ви заспиваа бебињата за ноќта и кога се будеа сабајле за да им почне денот? Ние си легнуваме во 9 и стануваме околу 9, а се буди 2 пати обавезно (околу 2-3 и околу 5-6), а некогаш и 3 пат околу 7 (ако јадела во 2 и 5). Ваљда океј е вака
Првиот месец, после почна побрзо да цица. Сега за 5-10 минути е готов. Ако напредува бебе супер сте вака. Моето покасно заспива, околу 10:30 или 11, сабајле се буди околу 9, 9:30. Ама за цицање почна да се буди на околу 2-2ипол часа. А се будеше на 3-3ипол часа.
@MariaBouli @Orchidea Колку ви спијат преку ден? Не знам кај грешам со ноќното спиење, преку ден е како по книга точно на крај на буден прозор заспива лесно, меѓу 5 и 6 часа и се вкупно дремките за денот, ама навечер... Кога и да тргнам да ја приспивам пред 10 не заспива. Значи се бањаме, масажа, пижами, одиме во спална загасено светло, бел шум, секојден иста рутина. И пак дури во 18 да и била последната дремка 21ипол најрано заспива. Мора 3 часа да е будна пред да заспие за вечерно и повеќе од 8 часа не спие со едно до две будења. Будењата и се кратки цица и заспива таму немаме проблем. Еднаш заспа во 20ипол стана во 5ипол спремна за денот. Ама се испожалив
Ние не спиеме многу долго денски. 3-4 дремки има, од кои едната е подолга околу 1 саат, а другите се 30-40 мин. Значи отприлика 4 саати излага да спиеме денски. Ама а дојде 9, абе 10 мин покасно да ја легнам хаос станува. Навечер заспива стрикно до цицање во кревет, а кога се буди навечер исто ни се такви цицањата ама секогаш се околу 20 минути колку што обично ни трае еден подој
Хаос сме со напредувањето, на почетокот имавме утки чуда, ама пред 2 недели се решив земав вага зошто последниот пат од еден до два месеци беше добро напредната, па бевме за вакцина, таму ја мереа на старска вага со тегчиња и покажа мн малце дека е качена во двете недели измеѓу, и се изнервирав земав вага, на дигиталната беше океј. А рутинава ни е веќе некое време ваква, па си викам дека е океј, зошто сега ја мерам на дигиталната и си напредува, иако се трудам да не ја мерам секој ден зошто нормално се различно покажува зависи дали мрда она, дали спие, дали е будна ама мирна, кога и колку е јадена... ме полуди веќе мерењето