Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    Она уште додека бевме во болница така цицаше тогаш ми кажа една од сестрите дека нема континуитет во цицањето и да ја потсетувам. Така и правам си цица и се најадува, ако заспие ја тргам од града и ако не е донајадена и давам пак, ако се најаде си спие по два до три часа без проблем. Ако е гладна тоа се само кратки дремки од по 5 мин и бара да цица пак. Млеко имав многу е од некни приметив дека вечерта е гладна се буди на 10 мин не заспива, бара цицање и кога пробав со пумпа да извадам немаше ништо. Тогаш само и дадов 40 мл ад и ноќта кога стана си имав млеко се нацица и заспа. Наредниот ден нормално имав млеко.
    Не сакам да се префрлам на ад кога имам млеко и денски немаме никаков проблем, проблемот е ноќта околу 22-23 кога бара цицање тогаш мислам дека не се најадува добро затоа што не заспива, плаче и бара уште. Утре ќе се консултирам со педијатар да видиме што ќе каже.
     
  2. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот можно е да е така со млекото навечер јас предходните денови се одмолзував пред да цица и тоа го собирав за навечер затоа што ми се засркнуваше многу ама овие денови дека веќе ја навикнав со тоа дека се засркнува не се одмолзував оти и така и така се засркнуваше. А тоа што предходно го одмолзував го чував за навечер па може и затоа немав приметено дека млекото навечер се намалува.
    За шише користиме Авент 0 од почеток и кога и го давав одмолзеното и после да ја ставам на града си цица без проблем. Ќе одмолзувам пак дента за да и дадам навечер. Кога ќе се разбуди во текот на ноќта имам млеко си цица без проблем.
     
    На MariaBouli му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за советот прочитав за кластер фидинг не знаев за ова, можно е да се случува тоа кај нас. Бебето е две недели уште се учиме и се ни е ново. Прво бебе и паника ме фаќа за се што мислам дека е нормално не знам дали е гладно, колку треба да цица и сл. Минатиот преглед на педијатар ми рекоа слободен ритам на цицање кога и да побара само без да ја будам и сл па така и се водам ама секогаш цица различно некогаш кратко некогаш подолго. Пелените ги следам цело време секогаш се убаво полни. Сакам да биде само на доење затоа и побарав овде совет од поискусните. АД и дадов тогаш ноќта затоа што осетив дека беше гладна плачеше цело време и бараше цицање па го пратив сопругот во аптека во 1 по полноќ од што не знаев што да и правам. Она плачеше јас плачев хаос бевме.
     
  4. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    и да имаш помалце млеко обавезно прво на града (или ако ти е полесно на пумпа) за да и даде сигнал на градата дека треба да произведува млеко и во тој период .

    и јас слично како тебе, на почетокот дека послабо напредуваше ми рекоа преку ноќта наместо да цица зошто и така заспана едвај цицаше да и давам шише молзено да знам колку јаде. и и давав ама јас не стимулирав. и по некое време сакав да ја дојам ама немав млеко. па мм ја хранеше од шише а јас се пумпав, за стимулирање, па за брзо си дојде млеко.

    што се однесува до АДто, мајка ако интуицијата ти кажува да и дадеш еднаш ич не му се секирај. само обавезно прво на града. јас кога почнавме ексклузивно на доење (2 нед бевме комбинирано) во 3 недела и дадов АД зошто се немаше искакано 3 дена а претходно по три пати на ден. сега знам дека врска нема ова :D ама ништо страшно не се деси, еве 3 месеци се доиме.

    важно е само да си упорна, желна и колку што можеш по релаксирана. обавезно на града без разлика дали мислиш дека немаш млеко за стимулирање, масажа на градите дури цица, чај, лактамикс и се ќе си биде океј :)
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    3.058
    Пол:
    Женски
    Исто мојава, ја научиле со цуцли од бејби лов од дм ( џабе купив калма незнае како да шмукне од неа) и кога ќе зашмука еднаш два пати и зема воздух со све млеко во уста и тишина занемува и затворени очи ни дише ни ништо па ќе ја чукнам па се закашлува.. а јаде 40 мин со молење 40 мл душава ми се собира со хранењво, спие мала е нема сила ич... Ми рекоа никако на града измолзувај се.. јас цел ден да собирам млеко 60 мл нема, така да тоа едно јадење и го давам и другото аптамил прематур. Се надевам ќе се среди да не се дави така.
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.149
    Допаѓања:
    12.376
    Пол:
    Женски
    Зошто никако на града? Дека мала? Па на града многу повеќе ќе ја ујача мускулатурата.
     
  7. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    До сега одлично напредува само на доење сме. Тогаш ноќта кога кренав паника мм појде купи ад и дадов и после кога се разбуди пак си цицаше, имав млеко. Пак сме на екскулузивно доење ама мене ме фати страв мислев дека одеднаш снемав млеко и од тогаш со страв сум. Денес сум малку поопуштена, си цица, полни пелени мислам дека треба да се опуштам повеќе. Кај мене некако осетив и вчера дека е послабо некаде од кај 20h, кога ќе се разбуди кај 3 сабајле млеко имам пак нормално си цица и си заспива сита ниту бара пак ниту се буди. Пелени менувам цело време се полни. Цело време ја ставам на гради кога и да сака макар и 5 мин да цица што вика мм среќа што е топло инаку ќе ги настинеше градите до сега.
    Многу ви благодарам за советите, после сиот хаос што го поминав некни, се смирив малку сега
     
    На Izzy_0504 и MariaBouli им се допаѓа ова.
  8. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    3.058
    Пол:
    Женски
    Па да дека мала и плус она уште е 8ми месец по гестациска недела и демек нема уште сила така ми рекоа. Ја ставив на града еднаш повлекува и се задишува и толку неможе ни да надојде тоа млеко што го имам колку толку.И така реков да не ризикувам да падне во килажа. Само се нервирам што се дави.. а спие цело време двајцата со мм ја храниме он ја чепка ја буди, па смена јас ја чепкам он ја држи. Па исправена, па се дави па пауза. Жива вода не прави. Како таму и давале...цуцлата на тетра пелена потпрена и таа ќе шмуцка цело време...
     
  9. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    277
    Пол:
    Женски
    Супер сте си, не се секирај. И да, да знаеш навечер има помалку млеко и тоа баш како што кажуваш од тој период, не само ноќта. Јас едно време молзев од сабајле одма после јадење вадев 80 и втор пат навечер околу 10, саат време после јадење, едвај 40, така да нормално е.

    еве ние сега сме 3 месец, до пред една недела само една града еден подој, сега обавезно две, па некогаш и на првата ја враќам зошто има "криза" овој период, и млекото ми е мн намалено, ама се најадува, не посегнувам по шише:)

    иначе тој е периодот, цицките се се надвор :rofl:
     
    На LeNora му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.607
    Допаѓања:
    17.451
    Спас за почетен маститис (претпоставувам дека е тоа)?
    Бебе влече на градата, се молзам вадам по 40тина мл за 10 минути, ставав ропли облоги, масирам под топол туш и молзам рачно ама сеуште боли.
    Градата не ми е претешка, ама горниот и надворешниот дел се тврди и многу ме болат на допир.
    Што да ставам, дали има некои трикови како да ги 'разбијам' жилите таму?
     
  11. снежана2023

    снежана2023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2023
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Istusiraj se so zeska voda posle stavi bebe da cica i ako moze maz ti neka stiska na tvrdite delovi so dva prsta da masira za da se otpusat kanalcinjata i so prstite neka masira od tvrdite delovi nakaj bradavicata samo toa e spas ili maz ti ako ima poveke sila da gi iscica
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sredstvo

    Sredstvo Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Пробај со листови од зелка, ладни да бидам од фрижидер, ги чуваш некој си 10тина минути, јас ставав два три пати во текот на денот. Исто масажа со млака вода и бебето прво на таа града.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.315
    Допаѓања:
    182.070
    Пол:
    Женски
    Лејди, прво честитки, да сте живи и здрави. Не памтам дали сум честитала. :)

    Убаво вика Тинклбел, со цицање побрзо ќе ујача, ако сакаш да пробаш да доиш, можеш да пробуваш да ја ставаш на града, пред многу да огладне, колку да стимулира малку а да не и е претешко.
    Со давењево е хорор. Прв пат имам искуство со ова, душава ми го напушта телово на секое давење. Вчера истера ден без, ама затоа денеска наплати и тоа попладнево. Плус проблем со грчеви и запек има, душа ме боли, се што прочитав купив и се што ми препишаа и ништо живо не помага. Почетоциве најтешки секое посебен случај, ред не им се пофаќа.

    Исто бев и јас со едната града. Горниот дел ме болеше и имав многу мали грутчиња. Мене ми помагаа топли облоги, ама многу топли, жешки, колку што можев жешко да издржам. Ставав 3 пати по ред, со малку масажа, потоа ќе пробав да измолзам малку и ќе се отпушеа каналчињата и одма трчав ставав бебе на града.
    Ама мораш да видиш што ќе ти одговара. Ако не ти помага само топло, пробај само ладни облоги дали ќе ти направат разлика, или прави компресија топло-ладно неколку пати и одма ставај бебе на града да влече.
     
    На merriel0, pamelche и thinkerbell им се допаѓа ова.
  14. Taa111

    Taa111 Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Бебето е 5 месеци старо, заспива со дојката во уста, поинаку ништо не функционира ни нишање. Ако се разбуди после доење додека ја преместувам во креветчето, почнува да плачи и пак почнуваме во круг да се доиме за да заспие. Многу ме уморува ова, верувам и дека е прејадена од млеко, а тоа што учи лоша навика да спие тоа најмногу ме плаши.
    На 3 месеци знаеше сама со гугање да си заспие, но откако послушав совети дека во ред било да заспива на града еве веќе месец дена поинаку не знае да заспие. Сакам да знам од искусни мајка дали навиката е цврста ако се применува повеќе од 1 месец и како да ја променам те. како да ја научам да спие без дојка. Буквално од толку среќна мајка во моментот сум изморена и немам време да и се расувам од тоа само да ја заспивам презаспивам и да следам будност оти ако се преумори тоа е хорори.
    Ви благодарам на одговорите!
     
  15. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.357
    Допаѓања:
    6.036
    А зошто сменивте ако заспиваше сама претходно?
    Не е невозможно да ја одучиш, само ќе треба една, две недели упорност, да ја враќаш во креветче ама полузаспана, не скроз заспана, фактички да не и даваш да цица за заспивање или друг да ја заспива.
    Да смени асоцијација.
     
    На Taa111 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Taa111

    Taa111 Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Самото дојде спонтано примивме вакцини и се случи промена не сакаше никаде освен во раце кај мене да спие и да цица, па така и кога прашав ми рекоа нормално е да заспива на дојка. На крај проблем…
    Не верувам дека ќе сака да ја заспива татко и ќе пробаме.
     
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.357
    Допаѓања:
    6.036
    Па за нормално - нормално е :).
    Цицачи сме, погледни горили како ги држат малите дур спијат.
    Моево така спиеше деноноќно дури да се одбие од цицање, не најдов начин на почеток, па се откажав.
    Ама дека можеш да го одучиш, можеш сигурно само треба да игнорираш плачки и да се спремиш за неколку ноќи неспиење. Ќе научи дека нема да му даваш цицка за заспивање и тоа е тоа.
     
  18. dummy

    dummy Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Feniks мислам и јас го имам истиов проблем со млазот и кај мене бебка хистерично се нервира дека многу и тече на почетокот и стварно се стресни тие минути дур ми урла на града уште е мала не постига и сака да си мези полека ( скоро месец). По колку време или мл одмолзуваше пред секој подој? Страв ми е да не претерам
     
  19. Butterfly009

    Butterfly009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Мајки кажувајте чаре оти стварно не знам што да правам...
    Бебево на утро кога ќе станеме градиве преполни се со млеко и дури се тврди цица и после кога ќе станат помеки ја мрзи или не знам што и е значи ја фаќа градата 1,2 цицнува и ја пушта и се нервира а знам не е најадена...
    Вака особено пред спиење лудило е млеко има не сака да влечи и туку почнува да вришти...
     
  20. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    5.959
    Допаѓања:
    9.858
    Пол:
    Женски
    По 20-30мл, и после си ги собирав и мрзнев.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.